Archive for April 12th, 2007

Дуовден

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

Кога ќе прочитам вакви работи јасно ми е дека не сум единствениот кој смета дека последниве две недели од НБА сезоната како ич да не се играат. Исто се осеќаат и во СЛЕМ, а претпостављам и многу други кои едвај чекаат да почне плеј-офот и да не спаси од беднава кошарка која се игра во моментов.

Во моментов стварно нема ама баш ништо интересно за што би се пишувало. Лузерите веќе некое време се трудат за изгубат на секоја утакмица, освен во оние се среќаваат, кога сакале-нејќеле, некој мора да победи. Бостон ги седна до крај на сезона Пирс, Џеферсон и скоро сите постари од 24 години.

Атланта по повредата на Џо Џонсон неделава го суспендираше единствениот играч кој играше нешто во отсуство на Џо. Гризлиси се осигураа дека ќе го имаат најслабиот скор во лигата со 60-от пораз. А и кај нив не играат Разија Милер, Геј итн…Можеби најбедни од сите се Бакси за кои не играат Ред, Богут и Вилануева.

Од екипите кои се молат на плеј-оф останаа само Орландо и Индијана на Истокот, кои се борат за плескање во 1. рунда од Пистонси и Клиперси, Хорнетси и Вориорси кои се тепаат за тоа кој ќе му иде на Далас во 1. коло.

Јута е во мизерна форма. Ништо многу бољи не се Лејкерси. Хјустон како-така стигна до 50 победи. Денвер нема изгубено во април. Далас, Феникс и Сан Антонио се уште делуваат како да нема кој да ги избаци. Посебно Мавси и Санси.

И толку.

Се друго е боза и чекање на 21-ви кога се враќа кошарката.

18 comments April 12th, 2007


Календар

April 2007
M T W T F S S
« Mar   May »
 1
2345678
9101112131415
16171819202122
23242526272829
30  

Архива

Категории