Archive for April 10th, 2007

Вориорси ќе се омрсат после 13 години постење

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

Со оглед на тоа како стојат работите во моментов, Вориорси годинава по се изгледа ќе се омрсат и ќе го завршат најдолгиот плеј-оф пост во НБА. А пред само некое време, Дончо дигна раце од тој пласман.

Со оглед на тоа дека главни конкуренти за осмото место на Западот им се Клиперси за кои не играат првите два плеја, Ливингстон и Кесел, Вориорси се доста блиску до плеј-офот. Тоа на површина исфрла две интересни причи. То ест три.

- Последен пат кога играа по крајот на регуларниот дел од сезоната, тренер им беше исто така Дон Нелсон. Крис Вебер беше руки и во првата рунда беа исплескани од Феникс. После таа серија Баркли изјави дека не му се свиѓа Вебер како играч, а уште истото лето Нелсон во наплив на бубачки и други инсекти во главата се срчка со “Рукито на годината“ и го трампаше Вебер во Вашингтон во размена за Том Гуљота!?!?!

- Со пласман на 8. место Вориорси во првата рунда ќе играат со екс-тимот на Нелсон - Далас и неговиот наследник во Мавси - Ејвори Џонсон. Дончо сезонава покажа дека и тоа како е незгоден за Далас, така да во Тексас сигурно се молат Клиперси некако да го рипнат Голден Стејт до крајот.

- Целава приказна со пласман на Вориорси во плеј-офот по пауза од 13 години ми е како америчкине филмови за екипи од некоја вукојебина кои на крајот успеваат да стигнат да се борат со големите фаци….

…Уствари, повеќе ми е како безбол филмон за Кливленд Индијанс во кој Чарчи Шин беше Вајлд Тинг, а остатокот од ликовите беа кој од кој избркани од други клубови и со репутација на тотално нефункционални типови и лузери. Да се надополни тоа, има и по некој млад играч кој сакал-нејќел заглавил таму.

Кога ќе ги погледнам Вориорси, тие ми се чиста копија на тие Индијанси, а Берон Дејвис ми е Чарли Шин.

ПС: А филмот беше “Мејџор Лиг“.

13 comments April 10th, 2007


Календар

April 2007
M T W T F S S
« Mar   May »
 1
2345678
9101112131415
16171819202122
23242526272829
30  

Архива

Категории