Дедо Хори
Некој во Yahoo! не го сака Роберт Хори.
12 comments April 6th, 2007
Во Вашингтон веројатно попрво ќе се согласеа со рушење на Белатa Куќа отколку да го изгубат Аринас баш тогаш кога најмногу им треба. Загубата на Жилберто не е само за Визардси, иако за нив е најголема, туку и за целата лига и посебно за квалитетот на плеј-офот на Истокот.
Вака, со кого и да се паднат сега во прва рунда, ќе му дојдат како мезе пред следната, 2. рунда. Нормално, секогаш има некој за кого вакво нешто е добро, а тоа е конкуренцијата на Истокот која сега нема да мора да му ја мисли дали на Аринас ќе му се запали Хибачито. Тужно.
* * * * *
Конкуренцијата неделава беше јака за тоа која фотка ќе се најде во постов и изборот се мењаше од ден за ден. Сепак, повредата на Жилберто се фрли во вода. Еве ги сликите кои беа во комбинацијат преку линкови.
- Оваа фотка е од сабајлево, а е од дуелот на 2. и 3. на Западот. Спарси си тепаа, ама Тимчо попи лепа блокада од Мерион.
- Пејсерси тонат ли тонат, а нема боља фотка да ја опише нивната мизерија од куцањево на Богомолката во фаца на плачкото Џермејн.
- Можеби Брендон Рој уште од сега е Руки на годината, ама Руди Геј последниве месец дена се искрши од вакви потези во обид да го стигне Рој. А и Мемфис покрена кампања “Rudy 4 ROY”, која звучи многу боље од “Gay 4 ROY”.
- Сосема заслужено, најголемиот тренер во модерната ера на НБА ја предводи Класата 2007 за влез во Хол оф Фејм. А ко вчера да беше кога тој владееше со лигата во тандем со најголемиот играч во модерната ера на НБА.
1 comment April 6th, 2007
| M | T | W | T | F | S | S |
|---|---|---|---|---|---|---|
| « Mar | May » | |||||
| 1 | ||||||
| 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 |
| 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 |
| 16 | 17 | 18 | 19 | 20 | 21 | 22 |
| 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 |
| 30 | ||||||