Archive for April, 2007
Далас едноствано не знае како со Вориорси. Берон (никако БАЈРОН), конечно е здрав и тоа се одразува на Голден Стејт, кој е права ноќна мора на тактички план за Мавси. Кога Ејвори ќе проба со својата стандардна постава со Диоп на центар, Дончо Нелсон и неговата пониска постава ја користат брзината. Кога Ејвори ќе проба со иста таква ниска постава, им паѓа во рацете на Вориорси, кои се мајстори во таквата игра.
Нема кој да го чува Берон, а и Џеј-Рич и Џекес Џексон се одлични во оваа серија. Само уште да научат да ги контролираат емоциите и ќе имаме страшно изненадување.
Далас од друга страна, ќе мора да ни докаже на сите дека рег. сезона не беше само случајност и дека менталниот колапс од ланското финале беше лекција која ја научија, а не која се спремаат да ја повторат.
Пред се мислам на Дирк, кој мора да покаже дека може да биде лидер. Од тоа што го видов до сега, не ми делува способен за тоа и може слободно да зима часови кај Берон.
Тука негде би го убацил и муабетот за МВП, ама ај да не матиме вода, наградата си е за регуларната сезона, а и гласовите веќе недела дена како се собрани.
* * * * *
Нешти = 17 поени и 23 асиста!!! Амари = 27 поени и 21 скок!!! Иди после играј против нив. И многу подобри екипи од Лејкерси не би можеле да се носат со овие Санси, кои кога ќе влезат во ритам, како што рече Флајт, се како вирус од кој нема спас.
Лејкерси, реално, се бедни како екипа, и летово Купчак ќе мора да се испоти и да им донесе на Коби и Фил играчи кои ќе си ја знаат работата. Со Смушевци, Фармари, Туриафи, Шемонди и компанија, толку.
* * * * *
За Мајами, се што напишав по третиот пораз, важи и сега. Ќе биде интересно на Флорида летово, а од она што денеска слушнав, иако е малку веројатно, Мајами би можел да се обиде да го намами Билапс, кој е слободен играч, како и Рашард Луис од Сиетл, кој мислам дека одлично би се вклопил. И тоа не само кај нив, него кај доста екипи на кои им треба еден играч за најважниот исчекор напред. Но, тоа е друга тема за која ќе има време летово.
* * * * *
Кид се обидува да стане првиот играч по 2002 год. кој во една серија во плеј-офот имал трипл-дабл во просек. Последен на кој тоа му пошло од рака - Џејсон Кид во серијата со Бостон. Ѕверотина.
April 30th, 2007
Мислам дека сликата доволно кажува самата по себе. Го, Вориорс.
April 29th, 2007
16-16-19 -Маестро. И тоа на 34 години. Само уште Вилт, Фет Ливер и мислам Биг О имале слични партии во плеј-оф. Капа доле, царе.
ПС: Капа доле и на Вориорси, кои имаат потенцијал за едно од најголемите плеј-оф изненадувања на сите времиња. Посебно ми е мило за Берон. Сега во Дизни сигурно спремаат сценарио за класично америчко спортско филмче. Вориорси нека се глумат самите себеси, имаат комплетен текст бук скуп на ликови.
Замислете и двата лански финалисти да испаднат во втора рунда? Како што стојат сега работите, и тоа нема да ме изненади. Мајами е пред крајот, а Далас ќе мора да покаже дека може да се носи со Голден Стејт.
April 28th, 2007
Како може некој да се надева да победи кога не може да искористи едно чудо изгубени топки на противникот, не може за жива глава да погоди за слободни, не знае да сочува плус 12 во второто полувреме, не знае тие 12, иако има едно чудо шанси да ги направи плус 15-20 и на крајот, не знае да одигра ама баш ништо освен обична изолација во нападот за играчот кој кај не е 100%, него и е далеку од било каква ланска форма.
Ни еден тим не се вратил од 0-3, па нема ни Мајами. После ужасот од сезона со разни повреди и операции, кај на Шек и Вејд, и на Рајли, повеќе од Мајами би било чудо. Многу поголемо од ланското кога со геритријата од состав ја освоија првата титула.
Булси се помлади, побрзи, подлабоки и на крајот, едноставно подобри. Шек на моменти вчера беше стариот и конечните 23 и 13 се доказ на тоа, ама нема снага, а и Мајами тактика и други играчи за тој да биде ефектен цела утакмица. Вејд често силуваше, и колку што неговите 28 поени ги одржаа шампионите во игра, толку и неговите грешки ги враќаа чекор по чекор назад.
За остатокот од тимот нема што да се каже. Вокер со тоа фолирањето и фрлањето, па ако влезе - влезе, посебно на влез, Џејсон Вилијамс, кој нит знаел, нити ќе знае што е тоа плеј, Хаслем кој не знае да се движи во напад кога Шек ќе прими топка, Капоно, Еди, Морнинг итд…Само Поузи се бореше сите 48 минути, ама од него - толку.
Ипак, најголем кривец за се е Залижаниот. Не знам како толкави години како тренер, и тоа трофеен, го оправдуваат Рајли и неговите нула од напади, не само сабајлево, него и во цела серија. Да не се знаело да се изротира баскетот и да се отвори Капоно или Еди на тројка, кога Шек е удвоен. Да морало Вејд да ја пимпла 15 секунди од нападот. Да нема една единствена пик енд рол акција. Никој да не утрча кога ќе се спушти баскетот на Шек. Итд…И тоа многу итд…
Се надевам дека за доброто на клубот, Рајли летово ќе си се врати во канцеларија и ќе најде тренер кој ќе знае да ги искористи своите играчи. А и тие треба да се сменат, откако Зо, Пејтон и се надевам Вокер ќе идат по пензии. Ќе треба да се тутне некому во трејд Вилијамс и уште многу други работи.
Ќе им треба време да се средат.
Што се однесува до Булси, свака им част. Победија и покрај толкуте загубени топки и и покрај тоа што беа како муви без глави во еден добар дел од средбата. Делумно за тоа е крив и Мајами, ама и Булси, кои не се предадоа до крајот, а со Гордон, Денг, Хајнрих и Носиони, плус момците од клупата веќе не се тим на иднината. Нивното време дојде.
April 28th, 2007
И покрај тоа што се најавуваше пред, а и по првата четвртина, решив да станам сабајлево во 04:50 за да ги фатам Санси и Лејкерси по прв пут во Ел-Еј во нивната серија. Ми се гледаше поради фактот дека третите средби по некое непишано правило се клучни за секоја серија, посебно ако губите 0-2. А и често се интересни за гледање, освен ако играат Јута и Хјустон, ама за тоа малце покасно.
Како тргна, си реков дека следи уште едно очекувано мачкање на Лејкерси, ама типот што е по мачкање, Квами Браун, не беше свој и беше главен фактор во камбек-победата на Лејкерси. Да, Квами. Коби имаше 45 поени, ама тоа што не се дига галама околу тоа само е доказ за неговата големина. Ламар Одом пак беше страшен во скокот. Ама Квами бе, Квами беше човекот. Да не поверуваш. Што е следно? По 100 поени од Јута или Хјустон една утакмица?
Сепак, и покрај оваа победа тешко дека Лејкерси можат да направат чудо, не со такви папаци во екипа. Феникс не игра две слаби средби по ред, а последните три четвртини им беа исти како првите две во првата во Феникс. Лејкерси и Зенот имаат нешто што го вади најлошото од Санси, само што немаат оружја за тоа да го спроведат во дело на седум утакмици во серија.
Како и да е, Лејкерси се во живот до недела, најмалку. Дуелот бр. четири веројатно нема да биде добар како ланскиот бр.4, ама никад не се знае. Сигурно е дека ќе се гледа.
ПС: Не ставам слика од Квами.
* * * * *
Каква серија е таа меѓу Јута и Хјустон? Ај што се знаеше дека нема да биде за гледање, ама е и цела антипропаганда за тоа што треба да биде НБА плеј-офот. САМО ЧЕТИРИ ИГРАЧИ НА ХЈУСТОН ПОСТИГНАА ПОЕНИ СИНОЌА!!! САМО ЧЕТИРИ!!! Ако се знае дека двајца од нив се Јао и Трејси (50 заедно), само уште двајца (Батие и Алстон) ги додадоа уште тие 17 поени од конечните 67 на Рокетси. Иначе, нивни нов негативен плеј-оф рекорд.
Не дека Јута играла нешто добро во напад, ама одбраната завршила работа. Оваа серија како и што се предвидува ќе ја добие тимот со предност на домашен терен, мада не мора тоа да биде 100% сигурно. Сега и во Солт Лејк Сити и Хјустон веројатно ќе даваат гратис пици и Биг Мекови кога ќе поминат 80 поени. Бедотија од кошарка.
* * * * *
Детроит - Орландо 3-0. Никој не е изненаден. Сигурно.
April 27th, 2007
НБА ЛИГА
Шампионот замрзна во Торонто
Мајами и во вториот натпревар против Репторси загуби и сега во наредните два меча, дома, ќе мора да се вади ако сака да игра и во вториот круг.
Линак тука.
April 26th, 2007
Сечата на тренери, нетипично за овој период, зема залет уште од самиот финиш на сезоната, а задња жртва е Рик Карлајл, кој сосема очекувано мораше да испадне жртва за двете мизерни сезони на Пејсерси кога сите во Индијанаполис очекуваа многу повеќе.
Ерик Маселман во Сакто покажа дека не го бива за главен тренер и заслужено доби клоца од Малуфите.
Тони Бароне од Мемфис ќе се врати во Њу Џерси и ќе си продолжи да работи за Тони Сопрано.
(БOБ) Хил - најдобрата фризура во лигата, од сега ќе мора да ја шета фризурата по дома, зашто по отказот од Соникси тешко дека некој ќе го викне.
Берни Бикерстаф више одамна е познато дека од следната сезона нема да биде тренер на Бобкетси.
Многу слободни места во кои секако често ќе се спомнува Лери Браун.
ПС: Важно Мајк Вудсон е сигурен во Атланта.
April 26th, 2007
Previous Posts