Фотка на неделата 18 - 175
Без навлегување во тоа кој Коби е подобар за Лејкерси, овој Коби од задњиве три средби е дефинитивно најдобар за лигата…
Кога ќе му се вклучи килер чипот во главата и ќе го добие оној поглед кој го имале само најголемите, Коби е најопасното офанзивно оружје на денешницата. Со арсенал потези како ретко кој ол-тајм, од влез, пул-ап шутче, флоутер, фејдавеј, шут преку двајца, посебно покрај аут-линијата под кошот, тројче од невозможна позиција, КБ е кошмар за секоја одбрана и практично незапирлив.
Точно е дека еден играч не може да добие утакмица, но гледајќи на последниве три средби, Кобстерот како да сака да го докаже спротивното. Не дека може, ама ептен е блиску.
Мајкл, Елџин и Вилт добија друштво.
32 comments March 23rd, 2007

