Archive for March 17th, 2007

65-че

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

Уште сабајлево ја видов 65-та на Коби, ама дури сега седнувам на компјутер. Мислев дека до сега Шеп ќе пишеше нешто за Кобстерот и дека барем ова ќе го натераше да шкртне нешто, ама јок. Нема врска.

Коби сабајлево им покажа на Блејзерси пунејќи ги со 65-че од кое последните девет поени ги убаци во продолжението. Е сеа, свака му част на КБ, а и мизеријата у задње време на неговиот тим по се изгледа го натера да го варти ланскиот Коби, ама баш ваков Коби не им треба на Лејкерси. Сабајлево да убацеше десет поени помалце, па дури и да имаше 60 поени, мислам дека Лејкерси по втор пат во кратко време ќе изгубеа дома од Портланд.

Кога тој игра така, сите други го гледаат и не се движат во нападот, а тоа значи јоктур триаголник, кој им е најјакото оружје.

Но пак, Лејкерси до толку беа мизерни што Коби мораше да земе се во свои раце. Сега на Волтон и Одом е да се опорават (колку можат) па да го вратат триаголникот во шема. Затоа што тој не функционира со ликови како Квами Браун. (Кај уште не ми е јасно како можеше Мајкл да го направи 1.пик, него па и Лејкерси го трампаа Карон Батлер за него?!?!?!?!)

20 comments March 17th, 2007


Календар

March 2007
M T W T F S S
« Feb   Apr »
 1234
567891011
12131415161718
19202122232425
262728293031  

Архива

Категории