Фотка на неделата 17 - MVP?

Фотка на неделата не може да биде ништо друго после новиот дуел за историја на Феникс и Далас во средата вечер. Скоро секој текст после средбата се сконцентрираше на една тема - дуелот на Дирк и Неш и како тоа влијае на МВП трката.
Лично, уште пред средбата, а уште повеќе после неа, мислам дека Нешти е најсериозен МВП кандидат. Тоа се покажа и во Далас, каде иако Диркулес и поентираше и скокаше и додаваше, како многу пати до сега го немаше тој килер инстинкт кој мора секој лидер да го има.
Да не бидам сфатен погрешно, сезоната уште не е готова и оваа средба не одлучи за тоа кој би требал да биде МВП, посебно не со оглед на фактот дека Кавси и Леброн играат се подобро и ако тоа продолжи веројатно и тој ќе биде дел од тие МВП муабети.
Исто така, Далас не случајно го има најдобриот скор во лигата скоро цела сезона. Главен виновник за тоа е нивниот лидер Дирк. Сепак, кога најмногу им требаше на Мавси во средата, Новицки се вклопи во летаргијата на својот тим место да ги разбуди и поведе напред.
Шансата за поправен ја има на први април, кога на задоволство на сите нас, Феникс и Далас го играат својот задњи дуел сезонава, овој пат во Аризона.
11 comments March 16th, 2007