Archive for March 15th, 2007

Во Милвоки се опаметија

Да не го прљам постот за утакмицата во која Неш ја освои третата МВП титула, а Дирк ја изгуби првата, само веста дека Милвоки конечно може да тргне напред.

Причина - отпуштањето на Тери Стотс.

Без некоја анализа на овој потег на Бакси, еве линк до текстот кој го пишав кога пред нешто помалце од две години Милвоки ја направи грешката да се прости со Тери Портер и да го ангажира Стотс.

7 comments March 15th, 2007

Другарчиња

Photo Sharing and Video Hosting at Photobucket

Спиев само четири и пол саати, ама ич не ми е криво. Тие кои ја гледаа Далас - Феникс знаат на што мислам. Секој дуел на Мавси и Санси последниве две-три години сигурно еден ден ќе го гледаме како класика на НБА ТВ и ќе им раскажуваме на синовите и внуците какви утакмици биле тоа.Од она што се дешаваше синоќа во Тексас, а се дешаваше многу, можат да се издвојат неколку работи.

- И едните и другите играа ослабени. Девин Херис и Борче Диа почнаа, ама поради повреди не го дочекаа и крајот на средбата. Тоа до некаде ги смени шемите и на Ејвори и на Бркот, но не сум сигурен дека беше и одлучувачко за победата.

- Дефанзивен скок. Лекција која Санси мораат секој ден да ја повторуваат до стартот на плеј-офот. Стварно е ужас кога ќе му се дозволи на Дампие сите негови скокови (11) да бидат офанзивни и Далас да ја добие таа битка со 27-11. Цели 27 офанзивни скока!!! И пак не тепаа.

- Слободни кога се решава победникот. Лекција која Мавси ќе мораат да ја научат до стартот на плеј-офот. Точно дека тие и Санси се најдобри во цела лига во оваа категорија, ама сабајлево на неколку пати Мавси се усраа на слободни кога највише требаше. Да шутираа со тие 80% со кои шутираат цела сезона, во Далас сега ќе имаа 3-0 сезонава со Феникс.

- Амари Стадемаер. Пред две години кога Феникс и Далас се сретнаа во плеј-офот, Амари во комбинација со Неш беше главна причина за елиминацијата на Мавси. Лани кога се сретнаа во плеј-офот, беше јасно дека Борче не може да го надокнади ефектот на Ѕверот. Никој не може. Далас помина даље на дуел со Мајами, но сега Санси го имаат здрав Амари, а и Борче е тука да помогне.

- Муда. Орган кој кај Феникс и посебно Нешти мислам дека е поголем од тој кај Дирк и Мавси. Вчера кога беше најпотребно, Нешти секогаш или имаше асистенција или скок или поени за да ги врати Санси во игра и да им ја донесе победата. Истото не се однесува на Диркулес и покрај одличните бројки на крајот.

- Поврзано со мудава погоре, целиот муабет за МВП борбата меѓу најдобрите другари би требал да биде одлучен баш со тоа кој е подобар кога се крши резултатот. Нешти вчера му одржа лекција на другар му, а и Амари со своите 12 уфрлени шутеви во серија без утка покажа дека е опција на која може да се потпре Бркот во финиш.

Сепак, ако Далас го задржи најдобриот скор до крајот, што е веројатно, Дирк ќе биде МВП. Тоа нема да му значи многу ако другар му и Санси одиграат сабајлево и му го прекинат сонот за реванш над Мајами и прва титула.

11 comments March 15th, 2007


Календар

March 2007
M T W T F S S
« Feb   Apr »
 1234
567891011
12131415161718
19202122232425
262728293031  

Архива

Категории