Диркулес и годините на Оден
Ме нема многу последниве неколку дена поради некои обврски кои во најголем дел се поврзани баш со НБА. Покрај оние редовните на работа, тука се и едни нови на истата тема за кои ќе ви пишам наскоро.
До утрешниот пост за дербито Далас - Феникс, кое вечер на Орбит најавија дека ќе го даваат во 02:00 (поради пораното поместување на времето во САД средбава е еден саат порано во Европа), еве едно клипче за мотивација на Диркулес.
Не дека навивам за Далас, или па за Феникс во овој дуел. Кога ги гледам како играат едни против други едноставно се препуштам на уживањето. Клипов е микс на потези на Дирк со музиче од новиот историски еп базиран на стрип новелата на Френк Милер (Син Сити), “300“.
* * * * * *
Плус, почна колеџ турнирот кога уствари вреди да почне и да се гледа колеџ кошарка, а фокусот е на Грег Оден и Кевин Дурант како две идни НБА ѕвезди. Јас стално кога ќе го видам Оден само една ствар ми се мота низ глава: Колку години има момаков?
Според сликата мислам дека може да се види на што мислам.
11 comments March 14th, 2007
