Archive for February 17th, 2007

Вегас, бејби, Стерн - партибрејкерот и камбек на Дождовниот?

Photobucket - Video and Image Hosting

Ол-Стар викендов, барем за МакНБА ќе помине многу посмирено и поискулирано од лани. Без разлика што се игра во Лас Вегас.

Јас никогаш не сум бил во Вегас, ама од она што ми го кажувале тоа е еден од ретките градови во САД каде речиси се ти е дозволено, еден од ретките градови каде не може на секој чекор да се види полициски автомобил и еден од ретките т.е. единствениот каде можете да ги видите сите светски градби и чуда на едно место. Град кој во целост ја олицетворува американската мегаломанија, а и нивниот недостиг од национална историја. Нејсе.

Што се однесува на она што викендов ќе се случува во Томас енд Мек центарот, како што тргнаа да се откажуваат ѕвездите сигурно дома си седи Марк Медсен и чека Дејвид Стерн да го покани да замени некоја замена на друга замена. Нормално, како замена. Настрана од тоа што нема да ги има Нешти, Ајверсон, Бузер, Јаоза и Кид, остануваат доста спешл фаци кои сигурно ќе го направат овој Ол-Стар, прв во град без свој НБА клуб (но и град кој верувам дека во следните 5 години ќе си добие еден) нешто посебно. Кој не сака да биде главна фаца во Вегас?

Идеме по ред со она што ќе се дешава на 56-от Ол-Стар. Одма ја прерипувам најдосадната содржина (Шутинг Старс не ни ги рачунам) и прогнозирам победа на Софморсите. Ако има подосадна ревијална НБА утакмица од оваа, јас ја немам гледано. У пакет со ова го рипаме и Скилз… кој знам дека е направен под притисок на Плејстејшн, ама и стварно не му е местото на ваков голем настан.

Така, ги имаме двете класики, куцањата и тројки, кои одамна не се тоа.

Во моментов, шутирањето тројки е единствена дисциплина која има некој смисол и која не се сменила ич откога постои. Плус, редовно се пријавуваат имиња кои нешто значат во лигата. Што не е случај и со куцачите.

Стварно не ми е јасно како една дисциплина, која за доста фанови беше и синоним за НБА стигна до тој степен лани да се претвори во права фарса и смешка пред очите на целиот свет. Знам, тоа е процес кој се одвиваше со години, но знам и дека тоа можеше многу лесно да се спречи.

Едноставно, требаше фановите да можат да гласаат кого сакаат да видат како дел од натпреварот во куцање и тој да мора да се најде таму. Ако рече не, тоа ќе биде шамар за неговите фанови, а не верувам дека некој би сакал тоа да го направи. Наместо тоа, Стерн уште во жирито стави две фаци кои одбиваа и да ги одбранат титулите.

Ај, изборот на Винс за судија и не ме чуди, ама Коби? Типот не ни направи ништо посебно кога тепаше во куцање, а камоли да ми оценува вакво нешто. Се надевам дека нема го копира Кени Смит од лани, попаметен е од тоа.

Што се однесува до куцачите, ваљда Нејт Робинсон нема да биде под макази, па ќе видиме како победува некој кој стварно знае да закуца двапати, и тоа атрактивно од максимум три обиди. Гледам по многу блогови фаворит им е Џералд Грин, а и јас сум тука некаде. Тајрус би можел да направи нешто интересно, но после оние изјави мислам дека се му е џабе.

Photobucket - Video and Image Hosting

Тоа ни го остава Двајт Хауард, кој имал спремено нешто посебно….пази сеа….пируета на кош подигнат на 365 см.!!!! Арно ама, како по обичај, Стерн и компанија нема да дозволат да му се врати сјајот на куцањето и нема да дозволи такво нешто. Браво. Уште да го врати ново-стариот-нов баскет со кој не се игра од нова година.

Orlando sources report that Howard has been practicing a couple wicked maneuvers that might inject this dying competition with the ingenuity/originality it desperately needs. One is a 360 throwdown with the rim hiked to 12 feet, two feet higher than regulation. The other sets the rim at 11 1/2 feet and has Howard purportedly going between his legs with the ball in mid-air before flushing.

Проклет да си Дејвид Стерн. Овој викенд, па и овој натпревар во куцање треба да бидат забава за сите нас, во тоа е поентата. Тоа треба да биде претстава на креативноста, а не трагикомедија во која метро и пол нискиот аутсајдер станува херој прерипувајќи го својот идол од детството. Откако пред тоа закуца еднаш од 51651515547893 обиди.

Проклет да си. Двајт едноставно не требаше на никого да му кажува што планира и да проба да го направи тоа подигање на кошот на луди 365 см. пред самото куцање. Па нека го дисквалификуваат после тоа.

Ваљда ваквите ствари нема да го одбележат цел викенд.

Еве ги шансите на секој поединечно од ЅI.

ПС: Од Сител рекоа дека ќе почнат да даваат од вечер, значи комплетен викенд од Вегас. Прво инфо ми е дека ќе коментира стручњакот за баскет (и луѓе кои немаат фаца за тренери), но нема да ме изненади ако од нигде, и тоа сред Вегас, се појави Дождовниот. Можеби, то ест сигурно не знаете дека тој беше и лани во Хјустон, па и требаше да коментира од главната вечер. Арно ама, тоа не се деси.

Нека се деси годинава во Вегас.

27 comments February 17th, 2007


Календар

February 2007
M T W T F S S
« Jan   Mar »
 1234
567891011
12131415161718
19202122232425
262728  

Архива

Категории