Џо Џонсон е Ол-Стар!

Да не биде само на Западот да се повлекуваат играчи, Џејсон Кид се откажа од настап во Лас Вегас, а неговото место чичко Стерн му го додели на Џо Џонсон. Добро е.
14 comments February 14th, 2007

Да не биде само на Западот да се повлекуваат играчи, Џејсон Кид се откажа од настап во Лас Вегас, а неговото место чичко Стерн му го додели на Џо Џонсон. Добро е.
14 comments February 14th, 2007
Ни тргна со ексклузивниве вести.
Продолжуваме во ист стил со НБА во Македонија, ама овој пат буквално - во Македонија. И тоа најверојатно ќе го видиме ол-старот Мемо Окур или пак Хидо Туркоглу во Скопје.
За ова станува збор…Една од земјите во кои годинава ќе се одржи второто издание на NBA Europe Live ќе биде и драгата ни без-визна Турска. Свој камп таму најверојатно ќе има некоја екипа со турски играч во своите редови, а во моментов тоа се само Јута и Орландо. Е сеа, од кај Мемо или Хидо во Скопје?
Па, КФМ планира, во соработка со Амер. амбасада во Скопје да го искористи кампот на НБА тим во Турција и да го покани тренерот на таа екипа заедно со уште двајца играчи на еднодневна екскурзија до Македонија. Како што во моментов стојат работите, ова доста лесно може да се оствари, а играчите кои ќе дојдат покрај средбата со новинарите, ќе имаат и средба со дел од децата по баскет школите.
Звучи одлично. Конечно се појави нормална идеја во некоја наша спортска федерација.
ПС: Знам дека лесно може да се случи наместо Мемо или Хидо во Скопје да дојдат некои други фаци од нивните клубови, ама ќе гледам да им испратиме десетка со кромид од кај Дестан во чаршија за да ги убедиме да дојдат тука. Ако не, добри би биле и Бузер и Кириленко или па Двајт Хауард и Џамир Нелсон. Мада некако ми мириса на комбинација со еден од Гиричек или Дарк-О Миличиќ. Онака, како локал-фраери.
7 comments February 14th, 2007
| M | T | W | T | F | S | S |
|---|---|---|---|---|---|---|
| « Jan | Mar » | |||||
| 1 | 2 | 3 | 4 | |||
| 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 |
| 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 |
| 19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 |
| 26 | 27 | 28 | ||||