Archive for February 13th, 2007

Ексклузивно: НБА на Сител!!!

Photobucket - Video and Image HostingPhotobucket - Video and Image Hosting

Ексклузива. Како што лани во јануари најавивме старт на НБА преносите на некоја наша ТВ (тогаш Спорт 4), еве не и сега со најрадосната вест за сите локал НБА фанови: Од (најверојатно Ол-Старот) Сител ќе стане четвртиот ТВ дом на НБА кај нас.

99% сигурно.

Не сакам ни да помислам кој би можел да коментира, ама во моментов тоа е најмалку важно.

ПС: Ајверсон се приклучи на листата на играчи на Западот кои се повлекоа од играњето во Вегас викендов. Тоа значи дека настапот на Дерон Вилијамс е речиси сигурно. Прашање е кој кој ќе биде другата или вкупно четвртата замена која чичко Стерн ќе мора да ја именува деновиве.

АПДЕЈТ: Ни Дерон, ни бутур. Јута си го доби својот претставник, ама тоа си е Мемо Окур, кој го мења Неш и Ален, кој го мења Ајверсон. Како и што реков подоле, ако се укаже шанса чичко Стерн нема да пропушти да го викне Реј Ален, додека за Мехмед се во игра неколку фактори, а веројатно најважен е тој што оваа сезона освен Паркер и Дирк немам др. странци во Вегас. Глобализацијата на НБА е процес кој бара вакви потези.

Сепак, да не биде дека Мемо со игри не заслужил да се најде таму. Момакот е одличен задњиве месец дена, посебно по повредата на Бузер. Кога ќе се погледне реално, па и заслужува да биде меѓу Топ 16 на Западот сезонава. За Ален, и тој игра уште една просечна сезона за него, само што Соникси се бедни, а и беше повреден некое време.

Сега останува уште Кид да се повреди, па Стерн да не го викне Џо Џонсон.

16 comments February 13th, 2007

Дерон - на тебе је ред + Шанса и за Џо?

Photobucket - Video and Image Hosting

Како тргнаа на Западот, на крајот ќе мораат да го викнат и Марк Медсен како замена за некој повреден ол-стар. Добро, не баш Медсен, ама после Јаоза и Бузер, следен кој се откажа од Вегас е МВПх2 кој има проблеми со десното рамо. А лесно може да се случи и Ајверсон да не биде дел од Ол-Старот затоа што и тој се мачи со повреда. Со ваква лавина од откажувања, Јута мора да добие претставник и тоа во Дерон Вилијамс, а ако се откаже и Ајверсон, чичко Стерн сигурно ќе го повика омилениот му играч, Реј Ален. Нема кој друг.

Како сите повлекувања се десија на Западот? Не можеше ли некој да испадне од игра на Истокот? И така ги има неколкумина на кои не им е местото таму.

* * * * *

АПДЕЈТ: Има шанси и за Џо?

6 comments February 13th, 2007


Календар

February 2007
M T W T F S S
« Jan   Mar »
 1234
567891011
12131415161718
19202122232425
262728  

Архива

Категории