Archive for February 12th, 2007

Аринас пократок за “само” 41 поен, Саша Павловиќ!!!, МВП, Вејд, Џонс, Капоно и Шек и ненормалните 42-5 на Далас

Photobucket - Video and Image Hosting

Аринас остана краток за само 41 поени од своето ветување за одмазда над Нејт Мекмилан. Ситница. Визардси почнаа да танкаат надоле, како што и мислев дека ќе им се деси, процесот е само убрзан со повредата на Џејмисон. Што се однесува до Жилберто, типот си е таков и секој обид за негово сфаќање веројатно би завршил неуспешно.

* * * * * 

Од другите ствари од синоќа, Кавси одеднаш пак станаа елита на Истокот и тоа некако концидира со изјавите на Леброн дека не играат брза кошарка во нападот, но и драстичното зголемување на минутажата на Саша Павловиќ?!?!? Прашајте ги само Мајами, а и Лејкерси од синоќа.

Прошлата недела се спремав да пишам пост за Кавси и Леброн, ама еве ги, конечно почнаа да играат како што треба. Сепак, останувам на тоа дека на тимот му треба подобар тренер од Мајк Браун. А и асален плеј. Ерик Сноу тоа не е, а и никад не бил.

* * * * *

Муабетот за тоа колку Нети им значи на Санси и зашто е МВП веројатно добија одговор на задњиве две домашни утакмици на Феникс кои тие ги изгубија и тоа од Атланта и Чикаго. Кога сме тука, Хоукси тепаа синоќа и во Оукленд и сега имаат пет победи по ред во гости за прв пат во овој милениум.

* * * * * 

За крај Мајами и феноменот Двејн Вејд кој после три потпросечни четвртини синоќа се укључи на време и со 18 поени во последните 12 минути го решши тимот од кој Хит ја преземаа титулата. Плус, Еди Џонс покажува дека ќе биде големо засилување за шампионот, исто како и поголемата минутажа на Капоно сезонава. А и Шек вчера, иако изигра малце беше страшен.

* * * * *

Далас после стартот од 0-4 има скор од фантастични 42-5!!!

18 comments February 12th, 2007


Календар

February 2007
M T W T F S S
« Jan   Mar »
 1234
567891011
12131415161718
19202122232425
262728  

Архива

Категории