Во основа, за ова и нема што многу да се пишува. Кармело и Џош Хауард ги добија местата на повредените Карлос Бузер и Јао Минг кои нема да играат во Вегас. Штета е што Мело мораше да чека и на овој начин да стигне до својот Ол-Стар, но како и да е работите си дојдоа на свое место. Со мало закаснување и со среќа, но сепак си дојдоа. Слична беше ситуацијата и со Аринас лани, па еве го оваа сезона игра како ѕвер…
И да, и најдобриот тим во лигата нема да има само еден играч во Вегас. И тоа некако ми звучи праведно.
February 9th, 2007
Знаете дека одамна не им обрнувам многу внимание на киксовите на тема НБА кај нашите дневни весници. Ама Десмонд МАСОН!!! не можев да го оставам туку-така.
Па добро бе, до кога со вакви ликови?
February 9th, 2007
Уште од самиот ден на драфтот 2003 година, сите викаа дека Детроит и Џо Думарс направиле огромна грешка со изборот на Дарко Миличиќ како 2. пик, веднаш зад Леброн. Сепак, критиките беа до некоја мерка резервирани поради евро-експанзијата која се деси претходните неколку години и подемот на фаци како Дирк и Гасол…
Поминаа три и пол сезони во кои цел свет се увери во квалитетите на Кармело (3.пик), Бош (4.) и Вејд (5.), а после и Џош Хауард (29.), Кејмн (6.), Хајнрих (7.), Форд (8.), итн…Одлична драфт генерација која покрај играчиштата, за жал, ќе биде запаметена по Дарко.
February 9th, 2007