Трипл-дабл Офффффффффффф….
Трипл-дабл Офффффффффффф.
Офффффффффф1. Џабе го трампаа Џекес во Вориорси. Мора да има нешто во водата во Индијанаполис. Само што Колтси и Пејсерси по се изгледа не ја пијат истата вода.
Офффффффффф2.Џон Амичи ќе откриел дека е геј. Голема работа. Темава со геј спортисти воопшто не ми е чудна и веројатно има вистина во оној муабет - соблекувална, испотени тела и сл. Како и да е, нека си е геј, што ми е мене, па и на остатокот од светот, гајле. Негова работа. А плус и не беше некој играч.
Офффффффффф3.Тајрус би можел на најлошиoт можен начин да дознае дека искреноста не се исплати. Кај не се исплати, него и го кошташе 10 000 долари. НБА сака да го исфрли од Натпреварот во забивање? Ако сакаат, можат, а ако ептен решиле, замена нека му биде Руди Геј. Кој бај д веј, нема никаква врска со сексуалната ориентација на Џон Амичи. Човекот си е само баксуз да има такво презиме. Сигурно не се шиткаат многу дресови на Руди. А можда е и популарен кај ликови како Амичи.
2 comments February 7th, 2007
