Нејт на гозба кај Двајт, Џералд и Тајрус
По комплетните состави за главната, како и руките и софморите за првата вечер, освен ол-стар квартетот од Коби, Неш, Леброн и шампионот од лани Вејд, познати се и четворицата момци кои ќе бидат дел од главниот саботен настан.
Така, освен Нејт Робинсон, кој се надевам дека нема пак да биде “под макази” и дека нема да куца над некој свој идол (можеби Магзи Богз овојпат?), во Вегас ќе куцаат уштре тројца момци сосема спротивни од џуџето од Медисон.
Прв, како целосна спротивност е ѕверот Двајт Хауард, кој со своите 211 см. и градба на суперхерој, кој нема да ме чуди ако ја измести конструкцијата од место. После следи Џералд Грин од Бостон, кој лани и оваа сезона имаше неколку куцања во игра со кои многу лесно може да го добие Нејт, а за крај, рукито на Чикаго, Тајрус Томас, кој на Луизијана Стејт лани имаше едно чудо болни куцања.
Ќе биде интересно. Едвај чекам да ги видам Двајт и Џералд, само да не се повтори се во истата фарса која беше лани.
8 comments February 5th, 2007



