Archive for February 4th, 2007

…У врат ти дишам ја…

Photobucket - Video and Image Hosting

Хибачито не се запали синоќа, барем не без да потроши едно чудо дрва и Лејкерси, како и што претпостављав (и стаив сингл во кладилница) лагано си победија. Освен во првата четвртина и на моменти до крајот на средбата, дуелот Коби-Аринас не беше и до толку интересен. Веројатно затоа што не му фати рачето на Жилберто, а и ради истиот симптом кај неговите соиграчи, а и кај Лејкерси се до средината на третата четвртина.

После средбата Аринас изјави дека бил преозбилен цели саат и пол пред почетокот, седејќи сам и слушајќи си музика. Нетипично за него, со оглед на тоа дека тој е главниот кловн и задолжен за расположението на соиграчите во соблекувалната пред секоја средба. Сличен пристап имаше и лани во Гејм 1 од плеј-офот против Кавси и дуелот со Леброн. Тогаш имаше слична шутерска партија како оваа синоќа против Коби.

Како што самиот си рече: “Нема да се повтори”. Од сега ќе си биде истиот, тип кој прави глупости, пред секоја средба. Нема веќе озбилни епизоди. Си ја научи лекцијата.

4 comments February 4th, 2007


Календар

February 2007
M T W T F S S
« Jan   Mar »
 1234
567891011
12131415161718
19202122232425
262728  

Архива

Категории