Мислев денес да ставам некое од страшните куцања што ги видов неделава или некоја фотка од Санси по нивната серија од 17 победи по ред. Но, после бедната ол-стар селекција на клупите на Истокот и Западот, немав избор. Морав да ги ставам “лепотаниве” од Солт Лејк Сити. За инат.
February 2nd, 2007
Синоќа беа објавени Ол-Стар резервите. Откако ги видов се слушна само еден збор -”СРАЊЕ!” а онда - штама.
Па добро бе тренери на Истокот и Западот, муфљузи едни.
Двајца од Њу Џерси, Кид и Картер, екипа која не помирисува 50% сезонава?!?!?!
Двајца од Детроит - Билапс и РИП?!?!?
А Џо Џонсон, па и Мајкл Ред, кој е повреден некое време, ама и многу бољи од тандемот на Пистонси? Нема никој од Булси, ама ај, тие и си го фураат тимскиот концепт, иако Бен Гордон и Луол Денг би можеле да бидат пред некој од избраните, ама ај, не е толку за нив.
Онда, дебелиот Еди Кари. Џермејн е труба сезонава, а и се мучи со повреди. Еди често тука ни служеше за фаќање сеир, ама момакот добро се испоти сезонава за Никси. Од друга страна, сигурно не му треба многу да се запоти. Но, сепак…
Тони Факинг Паркер?!?!?!?
И најбитното: Ајверсон пред Мело?!?!?!?!
Од кога тоа више не е битно дали некој е прв стрелец во лигата и единствен со просек преку 30 поени? Знам дека поради повредите на Јаоза и Карлос, Мело исто како Аринас лани би требал да влезе на мала врата, ама бе да не биде у изборот на тренерите? Не ми кажујте дека така треба да биде ради суспензијата од 15 утакмици.
Во екипиве има играчи кои скоро исто толку утакмици не одиграа ради повреди, а не му се ни до колена на Мело сезонава. Да не зборам за тоа дека требаше и лани да се најде во Хјустон. Од денес Мело не е више Мело, Мело е КалиМело.
Повредите на Карлос и Јаоза значат и дека веројатно и Џош Хауард, кој исто така си заслужи, ќе се најде во Вегас, иако нема да ме изненади и тој да извиси па чичко Стерн да си избере како замена некој од типот на Елтон Бренд, кој е чист просек сезонава.
Да не зборам дека Дерон Вилијамс заслужи да се најде таму пред еден Тони Паркер, па и Берон Дејвис. A зашто да не и Зеко Рендолф, па и Маркус Кемби.
ПС: Да не биде само критики, жалби, пљукање и поплаки, свака част на првата ол-стар селекција за Батлер, Хауард и Карлос. Момците си заслужија. После кој знае колку време, нема да навивам за Исток.
February 2nd, 2007