Archive for January, 2007

Чекајте дури не дојдат Бруклин Нетси

Ова ич не ме изненади…

Њујорк - највреден НБА тим

Според реномираниот бизнис магазин “Форбс”, Њујорк Никси и покрај оперативниот минус од дури 40 милиони долари минатата сезона, се највредниот НБА тим во моментов.

Тие се на врвот на оваа листа втора година по ред со проценета вредност од цели 592 милиони долари, што е за 9% пораст во однос на лани. Никси минатата сезона остварија рекорден профит во лигата од 185 милиони, но исто така имаа и рекордни во лигата 39 милиони на име загуба.
Платниот список на Њујорк минатата сезона изнесуваше убедливо највисоки во лигата 120 мил. долари, но и покрај тоа тие остварија скор од само 23 победи и 59 порази. За истата сeзона тие му платија десет милиони на тренерот Лери Браун, а потоа му дадоа уште 18.5 милиони како дел од спогодбата за откуп на следните четири години од договорот.

Втори на листата на “Форбс” се Лејкерси со проценета вредност од 568 милиони, а Далас по порастот од 15% е трет со 463 милиони долари. Првата петорка ја заокружуваат Чикаго (461) и Хјустон (439 мил.)

ПС: Малце покасно и за првите петорки за во Лас Вегас на 18.02. 

1 comment January 26th, 2007

Фотка на неделата 12 - Старвин Марвин

Photobucket - Video and Image Hosting

Втора сезона јас (и цела Атланта) чекаме Марвин Вилијамс да експлодира и да докаже дека беше најголем талент и потенцијал на својот драфт. Иако уште сега можеби е подобар (на моменти) од 1-от тогашен пик, Аустралопитекусот со хрватско потекло, Старвин Марвин има уште леб да јаде за да го стигне Крис Пол, а од годинава и Дерон Вилијамс, па и Рејмонд Фелтон.

Марвин има потенцијал, тоа е сигурно. Само прашајте го 1.пик од драфтот пред неговиот. Е сеа, кога ова би се дешавало почесто.

ПС: Се мислев и за оваа слика за Фотка на неделата. Нешто као “Два баскети“ наслов и сл. ствари…

2 comments January 26th, 2007

20 илјадараки

Photobucket - Video and Image Hosting

Сабајлево Ајверсон стана само 30-от играч во историјата на лигата со најмалку 20 000 поени зад себе. Покрај тоа, тој со 713 средби до сега е шести на кој тоа најбргу му пошло од рака. Еве и линк на кој ги имате другите пет легенди побрзи од Ален, како и сите 30 играчишта со 20 илјадарки во кариерата.

Свака част, мајсторе!

ПС: Да чујам мафијашките имиња два поста подолу, како и вашето мислење за Далас или Феникс?

8 comments January 24th, 2007

Едните или другите? - дет ис д квесчн

Едните вчера си беа во Дизниленд, а другите пак, имаа фина тура покрај Кепитол Хил и Белата Куќа.

Првите се на врвот на лигата со скор 35-8, а другите се веднаш зад нив со скор 33-8.

Едните имаат серија од осум, а другите серија од 13 победи по ред.

Во последните 22 средби, едните имаат скор од 21-1, а другите од 20-2.

И едните и дргите имав прилика неколку пати да ги гледам сезонава и бројот на победи и порази целосно го оправдува нивното место на табелата.

Станува уште пострашно ако се земе во предвид дека тие комбинирано ја започнаа сезоната со скор 1-8.

Прашањето е, кој ќе биде подобар во нивната средба во финалето пред финалето, финалето на Западот?

ПС: Ритрај, без навијачки изливи и убацување на Лејкерси во комбинација:)

5 comments January 24th, 2007

Dikembe Mutombo is an American citizen

Неам глеано NBA тачно од Мајами - Далас.. ама тоа не ми сметаше синоќа да глеам CNN и State of the Union Adress..

Dikembe Mutombo of the Houston Rockets is recognized by President George W. Bush during the State of the Union Address at U.S. Capitol Tuesday , Jan. 23, 2007. “Dikembe became a star in the NBA, and a citizen of the United States,” said President Bush. “But he never forgot the land of his birth, or the duty to share his blessings with others. He built a brand new hospital in his old hometown. A friend has said of this good-hearted man: “Mutombo believes that God has given him this opportunity to do great things.” And we are proud to call this son of the Congo a citizen of the United States of America.

Од сигурни извори дознаваме дека следната година ваква чест ќе има Тони Симиќ, во знак на братските инцестоидни односи меѓу Ју Ес енд Еј и Маусдоуниа, ди Рипаблик оф.

4 comments January 24th, 2007

Денвер има тандем, мафијашки имиња, 106-то место, Брадатиот сака плеј-оф и Бостон не го сака Тимчо

Деновиве немав баш време за некој поопширен пост, а истиот случај е и денеска, така да ќе линкаме неколку интересни ствари, колку да има што да се чита.

Photobucket - Video and Image Hosting

Сабајлево Мело и Ајверсон конечно заиграа еден покрај друг и сите медиуми веднаш почнаа да го величаат новиот голем НБА тандем. Не викам дека Денвер нема да го има топ дуото во лигата, тоа е доста веројатно, но сепак играа против бедниот Мемфис. Бројчаникот се врти на крајот, а не после првото кругче. Нагетси имаат потенцијал за големи работи, само да не полетуваат во облаци после газење на тим како Гризлиси.

Кога сме кај мечките, на клупата, барем привремено, кај нив е Тони Барон, кој го замени Мајк Фратело. Кој е нивниот следен тренер? Френки “Tу Фингерс“ Палучи?

Кога сме пак кај мафијашки имиња, ѕирнете на линков како би бил вашето Моб прекар. Па пишете во коментари.

* * * * * *

LowPost е сервисот на Нет кој ги обединува сите НБА блогови и ги генерира нивните постови. Во исто време тие и ги рангираат блоговите според нивниот инфлуенс. Можеби за некого 106-то место не е нешто посебно, но за МакНБА, како единствен нон-инглиш блог таму, тоа е сепак нешто. Малце да се испувам.

* * * * * *

Photobucket - Video and Image Hosting

И пак за Мемфис. Пау-Пау Гасол никако не се вклопува во мафијашкиот филм, па момакот фино лепо си побара да биде трампан во плеј-оф екипа, која со него би имала шанса да стане шампион. Колку убаво.
Пау вика дека има 27 години и не сака да биде дел од тим кој се обновува од темел, и тоа со пилиштарци. Изгледа не сака да стане како Кеј-џи во Миннесота. Не дека го споредувам со Кеј-Џи.

Како задња вест е можниот трејд во Чикаго. Идеја која и тоа како му се свиѓа на Бен Волас. Само што Мемфис ги бара Гордон и Денг во пакет. Двајцата најдобри играчи на Булси сезонава. Плус, и двајцата се млади. Мислам дека Пексон нема да му ја исполни желбата на Бедниот Бен, кој откако си ги лапна милионите летово, сезонава е никаков фактор во играта на Чикаго. Џо Думарс ипак знаел нешто.

* * * * * *

Неверојатно, ама Тим Данкан во својата кариера никогаш не изгубил од Бостон!!! Кај немаа среќа да го драфтуваат, него Тимчо се претвори и во прав кошмар за Селтикси.

* * * * * *

Погоре ги спомнав и Нагетси и Гарнет, а еве линк кој ги обединува и двете страни. За ова јас целосно сум на страната на Џорџ Карл, а кој имаше прилика да ја види глупоста и “мушкоста“ на Гарнет верувам дека го мисли истото.

ПС: Ко што реков - кратко, а?:)

9 comments January 23rd, 2007

Ајде да летаме…

Еве и линк, колку да не се прашувате кои се сите фаци на рекламата…Иначе, од сите нив до сега само Шид носеше Ер Форс, и тоа оригиналните, кои годинава прават цели 25 години, а Најк му ги правеше посебно на него. Леброн и Коби имаат свои посебни модели патики, кои се едни од најдобрите воопшто, а и Винс има шоксици кои се негова посебна патика. Кармело веројатно не ги викнале, затоа што он е под капата на Мајкл и неговиот Џампмен бренд, кој исто така е под капата на Најк, ама со малце поголема независност.

ПС: Рекламава ептен ме потсеќа на една на Рибок од првата половина на 90-те (1993 можда), кога во неа имаше повеќе актуелни НБА ѕвезди, а главни фаци беа Доминик и Кемп. Само што за разлика од хангаров, они играа баскет во една затемнета сала, со публика од страните. И таа реклама беше боља.

3 comments January 22nd, 2007

Next Posts Previous Posts


Календар

January 2007
M T W T F S S
« Dec   Feb »
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
293031  

Архива

Категории