Vegas, baby!
Ги имаме стартерите за Ол-Старот во Вегас. Како што имам кажано и порано, изборот на фановите ретко кога се поклопоува со вистинската слика и со оние кои навистина заслужуваат да бидат дел од првите пет на својата конференција. Баш затоа на сликата го гледате Дирк, а можеби наместо Леброн требаше да биде и Неш на неа.
Причина за тоа што фаци како Данкан и Гарнет, па и Трејси се изгласани за стартери лежи како во тоа што секој може да си гласа безброј пати, само да е еднаш дневно, како и во тоа се почнува со гласање по само нецел месец во сезоната. Кога уште се нема јасна слика, барем не целосна кој навистина заслужува да биде стартер.
Како што е сега системот, секој си гласа за својот омилен играч безброј пати, па макар тој да имал и труба сезона.
Идеме по ред:
ИСТОК
Леброн - Cобра најмногу гласови годинава, повеќе од 2,5 милиони гласови, повеќе дури и од Јаоза. Тоа што Кавси имаат каков-таков позитивен скор е затоа што играат на Истокот, а не некој нивен квалитет. Леброн нормално, пак им е најбољи и еден од најдобрите во лигата, но на моменти се прашувам дали Леброн е уште во лигата. Типот игра стандардна ол-араунд кошарка, ама изгледа и медиумите се заситија од него. Барем до плеј-офот.
Бош - Ќе беше брука Џермејн да останеше на второ место меѓу крилата на Истокот. Бош е најдобриот не само Рептор сезонава, него и убедливо најдобра четворка на Истокот.
Вејд - Сосема заслужено, иако пропушти некоја средба поради повреди. Секој кој го гледал сезонава знае за што зборувам. баш поради него Мајами и покрај негатруивниот скор до сега е фаворит на Истокот.
Аринас - Исто како и со Бош, не смееше да се случи Картер да биде пред Аринас. Хибачито не да заслужи, него со своите игри влезе во комбинација и за МВП. Голем скок за некој кој лани играше на Ол-Стар како резерва на резервите.
Шек - Овде мораше да се најде Двајт Хауард, ама Шек е толку голем што лужето го гласаат и кога не игра. Тоа не може секој.
ЗАПАД
Коби - Ради него и мозокот на Фил, Лејкерси се во Топ 5 на Западот. Коби сезонава покажува ментална зрелост како никогаш до сега. Тоа го прави поопасен од кога било. Заслужено во први пет.
Мекгрејди - Не дека не треба да биде на Ол-Стар, ама никако не смее да биде во први пет пред еден Стив Неш, кој игра боље него задњиве две сезони во кои беше МВП.
Гарнет - Исто како и Трејси, Кеј-Џи треба да биде таму, ама никако пред Диркулес. Никако. Па и еден Бузер заслужи повеќе први пет од Гарнет. Кармело исто така.
Данкан - И па, ок за Вегас, ама не за први пет. Бузер пред него, барем сезонава. Негова среќа што Амари не беше во конуренција на крила сезонава.
Јаоза - Заслужи со игрите пред да се повреди. Ама нема да игра, така да ДАнтони веројатно ќе го стави Амари на негово место во први пет.
8 comments January 26th, 2007

