Archive for January 23rd, 2007

Денвер има тандем, мафијашки имиња, 106-то место, Брадатиот сака плеј-оф и Бостон не го сака Тимчо

Деновиве немав баш време за некој поопширен пост, а истиот случај е и денеска, така да ќе линкаме неколку интересни ствари, колку да има што да се чита.

Photobucket - Video and Image Hosting

Сабајлево Мело и Ајверсон конечно заиграа еден покрај друг и сите медиуми веднаш почнаа да го величаат новиот голем НБА тандем. Не викам дека Денвер нема да го има топ дуото во лигата, тоа е доста веројатно, но сепак играа против бедниот Мемфис. Бројчаникот се врти на крајот, а не после првото кругче. Нагетси имаат потенцијал за големи работи, само да не полетуваат во облаци после газење на тим како Гризлиси.

Кога сме кај мечките, на клупата, барем привремено, кај нив е Тони Барон, кој го замени Мајк Фратело. Кој е нивниот следен тренер? Френки “Tу Фингерс“ Палучи?

Кога сме пак кај мафијашки имиња, ѕирнете на линков како би бил вашето Моб прекар. Па пишете во коментари.

* * * * * *

LowPost е сервисот на Нет кој ги обединува сите НБА блогови и ги генерира нивните постови. Во исто време тие и ги рангираат блоговите според нивниот инфлуенс. Можеби за некого 106-то место не е нешто посебно, но за МакНБА, како единствен нон-инглиш блог таму, тоа е сепак нешто. Малце да се испувам.

* * * * * *

Photobucket - Video and Image Hosting

И пак за Мемфис. Пау-Пау Гасол никако не се вклопува во мафијашкиот филм, па момакот фино лепо си побара да биде трампан во плеј-оф екипа, која со него би имала шанса да стане шампион. Колку убаво.
Пау вика дека има 27 години и не сака да биде дел од тим кој се обновува од темел, и тоа со пилиштарци. Изгледа не сака да стане како Кеј-џи во Миннесота. Не дека го споредувам со Кеј-Џи.

Како задња вест е можниот трејд во Чикаго. Идеја која и тоа како му се свиѓа на Бен Волас. Само што Мемфис ги бара Гордон и Денг во пакет. Двајцата најдобри играчи на Булси сезонава. Плус, и двајцата се млади. Мислам дека Пексон нема да му ја исполни желбата на Бедниот Бен, кој откако си ги лапна милионите летово, сезонава е никаков фактор во играта на Чикаго. Џо Думарс ипак знаел нешто.

* * * * * *

Неверојатно, ама Тим Данкан во својата кариера никогаш не изгубил од Бостон!!! Кај немаа среќа да го драфтуваат, него Тимчо се претвори и во прав кошмар за Селтикси.

* * * * * *

Погоре ги спомнав и Нагетси и Гарнет, а еве линк кој ги обединува и двете страни. За ова јас целосно сум на страната на Џорџ Карл, а кој имаше прилика да ја види глупоста и “мушкоста“ на Гарнет верувам дека го мисли истото.

ПС: Ко што реков - кратко, а?:)

9 comments January 23rd, 2007


Календар

January 2007
M T W T F S S
« Dec   Feb »
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
293031  

Архива

Категории