Archive for January 22nd, 2007

Ајде да летаме…

Еве и линк, колку да не се прашувате кои се сите фаци на рекламата…Иначе, од сите нив до сега само Шид носеше Ер Форс, и тоа оригиналните, кои годинава прават цели 25 години, а Најк му ги правеше посебно на него. Леброн и Коби имаат свои посебни модели патики, кои се едни од најдобрите воопшто, а и Винс има шоксици кои се негова посебна патика. Кармело веројатно не ги викнале, затоа што он е под капата на Мајкл и неговиот Џампмен бренд, кој исто така е под капата на Најк, ама со малце поголема независност.

ПС: Рекламава ептен ме потсеќа на една на Рибок од првата половина на 90-те (1993 можда), кога во неа имаше повеќе актуелни НБА ѕвезди, а главни фаци беа Доминик и Кемп. Само што за разлика од хангаров, они играа баскет во една затемнета сала, со публика од страните. И таа реклама беше боља.

3 comments January 22nd, 2007

Arizona Dream

Photobucket - Video and Image Hosting

Линков, а и сликава, чисто колку да не заборавиме кој е актуелен МВП (и тоа двократен!!!) И и покрај вниманието на некои други екипи и фаци, да не заборавиме дека Феникс во моментов има серија од 13 победи по ред и е само осми тим во историјата на лигата со две серии од по најмалку 13 победи во една иста сезона.

3 comments January 22nd, 2007


Календар

January 2007
M T W T F S S
« Dec   Feb »
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
293031  

Архива

Категории