Archive for January 18th, 2007

Бааги анализа за никаков трејд

Photobucket - Video and Image Hosting

 Монтажа на момците од Yay!

Две екипи, осум играчи, еден кретен и трејд кој уствари не прави ни една страна многу подобра, но ни многу послаба. Пејсерси остануваат медиокритет на Истокот, само со помалку пукање, ирокез фризури, згодни манекенки од Израел за жени и глупости вон теренот. За возврат добиваат играч во кој верува уште само татко му и момак кој пораснал со музиката на Прл Џем, а и и изгледа така. Двајцата.

Реално гледано, и Вориорси и Пејсерси мораа малку да ги размрдаат работите и да пробаат со понекоја нова фаца да тргнат напред. Ниту Ал Херингтон и Стивен Џексон се вклопуваа во системот во Индијана, а Џекес ни во самата околина, ниту пак Данливи и Марфи, заедно со Диогу, му беа по вкус на лудиот Нелсон. Факт е дека после ова Пејсерси не би требало да мрднат погоре на Истокот, ама ни Вориорси нема да стигнат до плеј-офот на Западот.

Пејсерси барем сега имаат тројца нови играчи на кои за разлика од тие од кои се откажаа, не им треба многу старо-новиот баскет за да бидат корисни за тимот. Ги гледав неколку пати Пејсерси сезонава и евидентно беше дека Ал и Џермејн тешко играат заедно, а да не зборувам за Џекес, кој покрај сите глупости вон теренот, пред некои две недели се спука и со Рик Карлајл на тренинг. Јаске требаше да бде некое осигурување на плеј, ама момакот никако не можече од шутер да се претвори во асистент каков и требаше на Индијана. Сега во Голден Стејт би требал да се убие од шутирање, ако добие некоја минута.

Само, тоа што не им треба многу баскетот не значи дека Марфи, татиниот син и Диогу ќе бидат од некоја голема помош за Пејсерси.

Херингтон би требал одма да се вклопи во но-дифенс стилот на Вориорси, а истото се однесува и за Џексон. Малин уште во текот на летото сакаше да го донесе во Оукленд, а желбата му се исполни сега. Голден Стејт ќе биде поинтересен за гледање, ама како што реков погоре - плеј-оф на јакиот Запад со Дон за тренер и со таква постава во која абер нема никој од играње одбрана - јоктур.

На крајот, и двете екипи можеа да поминат подобро за играчите од кои се откажаа. На Индијана очајно и требаа плеј, а и двојка-шутер кои би ги отвориле работите за Џермејн, додека па на Вориорси им треба некој екстра скокач, нешто што не се ниту Ал, ниту Џекес.

Ај, барем Малин и Бирд си направија дил.

ПС: Иначе, оф д топик, глеам дека нешто по коментари се спомнува “плескањето“ на Лејкерси над Мајами. Тие што ја гледаа утакмицата во Ел-Еј, а и онаа во Мајами за крисмас, знаат дека тоа на Флорида беше ПЛЕСКАЊЕ, а она во понеделникот во Стејплс беше крајно тесна утакмица која многу лесно, да не беше една изгубена топка на 40 секунди до крајот, можеше да ја добие и шампионот. Плескањето се деси синоќа, кога Лејкерси па се прошетаа низ Аламо. А и Хоукси низ Минеаполис:)

18 comments January 18th, 2007


Календар

January 2007
M T W T F S S
« Dec   Feb »
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
293031  

Архива

Категории