Archive for January 14th, 2007

To Wade

Photobucket - Video and Image Hosting
Вчера го гледав Двејн против Јута. Останав спичлес…
Еве и зашто. Задњиве три сезони гледам утакмица скоро секоја вечер и имам доволно можности да ги видам сите главни фаци низ лигата по неколку пати. Така, секоја им чест на Гилберт, Дирк и Нешти сезонава (три нај-кандидати за МВП до сега, мејби и Коби и Трејси со задњите партии), ама тоа што Вејд го носи со себе на теренот и начинот на кој доминира со конкуренцијата е нешто феноменално.
Ни еден тим сезонава не се прошета низ Јута како Мајами во саботата вечер, а Двејн беше прав кошмар за Џери Слоун и сите негови дефанзивни шеми. Од тројката со сирена за крај на 1. полувреме од девет метри преку двајца играчи…положување од табла ала Мајкл свртен со грб и под фаул…но-лук асистенции ала Меџик до Хаслем и Капоно…ролинзи со кои во еден чекор го исфрла својот чувар од патики…изнудување фаул кога ќе посака…и се тоа со неверојатна леснотија и смиреност. Чисто да се знае кој е шампион и кој е МВП на задњето финале.
Кога го имаат Вејд во екипа (не прави разлика дали е 100% здрав или не), Мајами е најбољи тим на Истокот и прв кандидат за финале. Покрај него сите други играчи на шампионот играат шампионски. Може да има вечери кога нема да му тргне, ама тие се ретки. Сезонава Мајами доби уште две нови фаци кои имаат голем удел во играта и кои сигурно ќе бидат фактор во плеј-офот, посебно со камбекот на Шек и удвојувањата на него. Тоа се Капоно и Дорел Рајт, а и ветераните се уште имаат што да кажат, посебно Зо, а верувам и Вокер, кој е сасвим друг играч кога Шек е на теренот, а и Рајли на клупата.
Но, на крајот, а и на почетокот, се трга од Двејн.

4 comments January 14th, 2007


Календар

January 2007
M T W T F S S
« Dec   Feb »
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
293031  

Архива

Категории