Archive for January 12th, 2007

Фотка на неделата 10 - Каде сега?

Photobucket - Video and Image Hosting

Пошто немаше ништо за клоцата за неупотребливиот Вебер од Сиксерси, ај да утепам две муви со еден удар. На сликата го имаме Вебер во времето кога значеше нешто во лигата и кога барем делумно ги оправдуваше милионите кои си буташе во перница. Делумно, затоа што никогаш не беше материјал на играч кој ќе биде лидер и кој ќе ги однесе Кингси таму каде браќата Малуф мислеа дека може да ги однесе.

Филаделфија нормално дека не сакаше да фрла во бунар уште некои десетина милиони оваа и ненормални 22 милиони следната сезона. Повеќе пари од буџети на некои банана-републики. Вака, двете страни се договорија на откуп и Крис е слободен играч, а Сиксерси можат да си го продолжат процесот на реконструкција кој започна со трампата на Ајверсон.

Што се однесува до Вебер, Детроит, Далас, Мајами и Орландо, а можда и Лејкерси се тимовите во кои тој би сакал да заигра, а и кои го бараат. Најверојатен е потписот со Детроит, поради корените кои ги има во Мичиген, но ништо чудно ако се одлучи за Мајами, со кој ќе биде поблиску до титулата него со Пистонси.

Далас мислам дека е само желба на Крис и ништо повеќе, а Орландо би можел, ама мислам дека нема да поптпише ветеран кој би ја скратил мината на, можеби не на Двајт, ама на Дарко - да. Плус, имаат многу “добро“ искуство со играчи склони на повреди. Лејкерси после повредите на Квами, Одом и Мим веројатно би сакале да го видат Крис во жуто, а и типот не би имал проблеми да се вклопи во триаголникот на Фил. Сепак, со оглед на неподвижноста тешко дека ќе се вклопи и во дефанзивните шеми на Фил.

Така, ни остануваат Детроит и Мајами. Одлуката е на Вебер, кој не дека е целосно истрошен и сигурно има што да понуди за квалитетна екипа, ама па и не е играч на кој било клуб би одлучил да фрла пари. Посебно не 20 милиони.

6 comments January 12th, 2007


Календар

January 2007
M T W T F S S
« Dec   Feb »
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
293031  

Архива

Категории