Archive for January 7th, 2007

Барем ги имаат Кид и Картер…за сега

После плеј-офот пред две години, кога у тек на сезона го лапнаа Винс Картер за пола гајба пиво и пакло мастики, сите почнаа да ги дигаат Нетси во облаци и да ги ставаат во игра за камбек на врвот на Истокот. Јас бев пола-пола, сепак го имаа Кид, но и Винс, кој е познат по тоа дека игра кога му се игра и тип со сомнителен drive што би рекле Америте. Ипак, лани Нетси беа солидни, но во плеј-офот налетаа на Вејд и Шек.

После тоа летово пак почнаа да ги ставаат во игра за врвот на Истокот сезонава. Не само ради триото, него и ради Ненад Крстиќ. А и опцијата за раскин на договорот на Винс требаше да игра улога - типот ќе мора да игра ако сака подебел договор. рно, ама, исто како и нивната дивизија, Нетси се тешка бедотија. И тоа беше случај уште пред да им се повреди за цела сезона Крстиќ. Сега почнаа да кружат разни муабети за трејд на било кој од топ триото, а најмногу се зборува, нормално, за Винс.

И на крај, кога помисливте дека целиов пост е ругаље и осврт на мизеријата на Нетси (не дека не е), еве ги Винс и Кид со двата од трите најдобри потези од петочните средби. Барем во нешто да уживаат нивните фанови, покрај победата над Булси иако на старт губеа и со 18-0.

ПС: Не можев да го најдам куцањето на Ариза преку Мека за комплетен Топ 3 од петок вечер.

UPDATE:
Флајт се погрижи куцањето на Ариза преку Мека да не помине незабележано и го аплоудираше на ЈуТјуб. Еве:

9 comments January 7th, 2007


Календар

January 2007
M T W T F S S
« Dec   Feb »
1234567
891011121314
15161718192021
22232425262728
293031  

Архива

Категории