Archive for December, 2006

Фотка на неделата 7 - Heart and Soul

Photobucket - Video and Image Hosting

Се мислев околу тоа што да ставам како “Фотка на неделата“. Иако во изминативе недела дена се деси макљањето и глупоста во “Медисон Сквер Гарден“, никогаш не сум подржувал такви работи, така да, се одлучив за втората голема работа која се случи оваа недела, а од која дел пак беше Денвер.

Трејдот на Ајверсон во Колорадо и тоа како е побитен од тепачката во Њујорк и одбележа крај на една ера во еден од најкошаркарските градови во САД, Филаделфија. По Баркли, Сиксерси успеаја да избркаат уште еден свој симбол и да не добијат ништо (со сета должна почит кон Андре Милер и пиковите кои може да се претворат во Грег Оден) за него.

Во десетте години кои ги мина со нив, Ајверсон ги остави срцето и душата во Сиксерси, кои често не знаеа да му возвратат со еднаква мерка.

Штета. За нив. Блазе си им на фановите на Нагетси…Барем до летово кога ќе се спукаат со Џорџ Карл:-)

14 comments December 22nd, 2006

Фрики Флешбек Најт

Како што Муцана (од кого уште чекаме пригоден текст за Никси), линкаше во коментарите еден пост подолу, Њујорк втора средба по ред тепаше со шут во последна секунда и пак на крај на продолжение. По положувањето на Марбери над Мемо во контра за победа над Јута, Дејвид Ли во една фрики флешбек вечер им донесе нова победа на Никси во финишот.

Во MSG синоќа беа Јуинг, Оукли и Мајкл Џордан, а сите тројца беа дел од средбата која пред 16 години го одбележа стапувањето на сцена на едно ново правило, т.н. Trent Tucker Rule. Повеќе за тоа имате на линкот, а у кратки црти од нивниот дуел 1990 год. во кој Трент Такер прими пас од аут, се сврте и погоди тројка и тоа на само 0.1 секунди до крај за победа на Никси. Булси се бунеа, ама џабе. После тоа се покажа дека тие жалби не биле баш џабе и беше донесено правилото според кое на 0.1 секунди до крај играч може да поентира само од одбојка или преусмерување на патеката на баскетот. За да направи некој нешто како Такер и да биде регуларно на семафорот мора да има најмалце 0.4 секунди.

Еве го и клипот од карате кошот на Ли.

7 comments December 21st, 2006

All-Star Macedonia

Претстојниов викенд кошарката конечно малку ќе мрдне напред и кај нас со организацијата на Ол-Стар викендот во “Парк“. Повеќе информации за самиот настан, како и гратис картите кои ќе ги поделиме тука на NBA Macedonia (се надевам) ќе има вечер или пак утре. До тогаш уживајте во логото.

Photobucket - Video and Image Hosting

Ваљда во текот на денов на официјалниот сајт на КФМ ќе не претркаат и ќе ја има целосната програма за Ол-Стар викендот.

ПС: СО ОГЛЕД НА ТОА ДЕКА СРЕДСТВАТА ОД ПРОДАДЕНИ КАРТИ ЌЕ БИДАТ НАМЕНЕТИ ВО ХУМАНИТАРНИ ЦЕЛИ ЗА ДОМОТ ЗА ДЕЦА БЕЗ РОДИТЕЛИ “11 ОКТОМВРИ”, НЕМА ДА ИМА ГАГА КАРТИ, ТУКУ СЕКОЈ КОЈ САКА ДА БИДЕ ДЕЛ ОД ВИКЕНДОТ И ГЛАВНАТА СРЕДБА ВО НЕДЕЛА ВЕЧЕР (ПА И НОВИНАРИТE) ЌЕ МОРА ДА ИЗДВОИ ОД СВОЈ ЏЕБ 50 ДЕНАРИ. СЕ ГЛЕДАМЕ ТАМУ.

5 comments December 21st, 2006

Going down to South Park…

Photobucket - Video and Image Hosting

(courtesy: ESPN)

“I respect everything that AI do, just for the simple fact that he came from the same place — not technically, but he came from the same place I came from. Which is the grimy… the streets, put it like that…” - Кармело Ентони во задњиот број на SLAM.

Бидна. Ајверсон стварно заврши во Саут Парк… овај, Денвер. Како што пишав вчера, после суспензиите на Мело и Смит, Нагетси мораа да запнат во трејдот за Ален, и вчера го направија баш тоа. Јас веста ја начекав околу полноќ вчера, кога направив пауза од привршување на втора сезона на LOST. Онака си префрлив на НБА ТВ, коа го гледам Рекс Чепмен со Марк Варкентин како држат прес во живо. Прво ми падна на памет дека е реакција на суспезиите, ама после само една секунда, кога го видов Рекс како се смее, знаев дека успеале да стигнат до Ајверсон.

Прво што ми падна на памет беше - Што ли дале за него и дали имало трет тим?. Кога Рекс кажа дека му е жал што мораа да се откажат од Андре Милер, сконтав дека Сиксерси не успеале во преговорите да го добијат Џеј-Ар Смит, на кого инсистираа од самиот старт. Изгледа талентот за бокс не им допаднал. Чудно, со оглед на фактот дека Роки е од Филаделфија.

Втората мисла беше - Денвер ги има првите двајца стрелци во лигата. И тоа единствените двајца со просек преку 30 поени. Како ќе функционираат заедно на теренот?Ален и Мело не ми се комбинација како Шек и Коби, Меџик и Ворти, Клајд и Хаким, Шек и Вејд итд…Кај нив работата е во тоа што за да бидат ефективни, и на двајцата им е потребна топката во раце. Уште сега мислам дека е исклучена варијантата Ајверсон да биде на двојка со Бојкинс на плеј. Можеби на моменти, ама посебно не сега кога Мело и Смит се во аут. Ален ќе има аудиција од 14 средби за да се афирмира како прв стрелец на тимот, а пратејќи го низ кариерата, каде и да одел и со кого и да играл, Ајверсон бил Алфа-мажјакот и бил главната фаца во тимот.

Мислам дека тоа и нема да биде толку негативно за тимот на Денвер. Ако Карл добро си ја заврши работата, тој ќе има во финишот на секоја утакмица по двајца играчи кои се едни од најопасните кога се решава победникот.

Не сум од оние новинари кои гледам сабајлево одма почнаа со текстови дека ова е лош потег на Нагетси, дека со овој состав максимум им е првата рунда и дека многу брзо ќе пукне тиквата меѓу Мело и Ален. Еден од нив, најверојатно и двајцата помалце, ќе мора да се откаже од понекој шут за доброто на тимот, а мислам дека и двајцата се доволно паметни да бидат свесни дека тоа е најдоброто за тимот. Мело е свесен и паметен (освен кога е во Њујорк) дека може многу да научи од Ајверсон, а Ален пак е свесен дека Нагетси му се последната шанса за нешто големо. Не мислам дека овие Нагетси се послаби од Сиксерси од пред пет години. Напротив.

Плус, доволно е да се погледне просекот на асистенции на Ајверсон последниве години да се увиди дека делењето на топката во нападот со Мело и нема да биде толкав проблем како што сигурно голем број аналитичари ќе истакнат следниве неколку дена.

Факт е дека Денвер мораше да направи нешто, а не се добива шанса секој ден да се стигне до бивш МВП на сезона и прв стрелец во лигата. Плус, мислам дека за разлика од Андре Милер, Ајверсон многу подобро се вклопува во брзиот систем на игра на Карл. Во комбинација со скоковите и блокадите на Маркус Кемби, шутчето за три на Смит, скокот на Реџи Еванс, борбеноста на Нахера, па и здравиот Кенјон Мартин догодина, Нагетси се опасна екипа. Уште еден плус, иако можеби не ги прави одма кандидати за титула, додека не се врати Мело, Ајверсон им дава шанса да преживеат на јакиот Запад.

“One thing I hear on a consistent basis, his teammates love him. I think we need better chemistry on my basketball team. I think we need more leadership. I think we need more emotional maturity, I think we need some mental toughness, some intensity, an every game, every possession mentality. I think everything I said there, Allen Iverson has” - Џорџ Карл.Што мислите вие?…Освен дека со овој трејд Нагетси автоматски станаа 100% по генгста.

* * * * *

Уште малце за тепачката во Медисон.

- Малиот човек Нејт одлучи да биде голем и се извини преку својот блог.

-Во Денвер пак, Карл си отвори душа и си кажа се што мисли за фраерот Ајзеа. Во Њујорк се спрема место за споменик на Карл. И тоа на Тајмс Сквер.

10 comments December 20th, 2006

Јаоза - The Dogg

Од неделата вечерта Јаоза и официјално е американизиран. Прашање на време беше кога ова ќе се деси. Ја гледав Клиперс-Хјустон, ама ова не го приметив. Пазете што Јао им порачува на Клиперси. Подгответе се за светска доминација.

19 comments December 19th, 2006

Млакоња

Млако, чичко Стерн, доста млако. Искрено, очекував, а и посакував, малку построги казни за играчите кои беа дел од макљањето во “Медисон“. Плус, некои ликови кои имаа свој удел во целата работа не попија никаква казна. Сега стварно очекувам Нагетси да запнат во трката по Ајверсон.

Џорџ Карл со изјава за Ајзеа. Priceless.Што мислите вие за казните?

4 comments December 19th, 2006

Blame Game …(знаев дека е Ајзеа:)

Photobucket - Video and Image Hosting

Мајк Лупика и Њујорк Дејли Њуз го издвоија кривецот за хаосот во Медисон.

Со тоа се согласуваат и во Колорадо.

Кармело издаде соопштение во кое јавно им се извинува буквално на сите. Чудно не го спомиња и Спајк Ли.

Не знам за вас, ама мене најмногу во целиот хаос ме изнервира прцулот Нејт, кој за тоа и си доби од њујоршкиот печат. Него би сакал најмногу да го казнат. Не само поради тоа што го правеше на теренот, туку и поради изјавите дадени после средбата. Кликнете на линкот.

На крајот, сите си ја чекаат казната и се надеваат таа да биде што е можно помала.

Казните би требале да бидат изречени вечерва. Очекувам строга реакција од Дејвид Стерн, затоа што се друго ќе значи дека такво нешто може да се повтори. После она во Детроит вакво нешто разгалените милионери кои, како што спомнав подоле во најават за клипот, се платени ненормални милионски суми за да играат кошарка и бидат пример за другите, не смеат да си дозволат такво нешто. Добар наслов имаше Ленг Витакер од SLAM во својот пост за инцидентот наречен - Million Dollar Babies

Плус еве уште еден и уште еден линк од СЛЕМ.

16 comments December 18th, 2006

Next Posts Previous Posts


Календар

December 2006
M T W T F S S
« Nov   Jan »
 123
45678910
11121314151617
18192021222324
25262728293031

Архива

Категории