Archive for December 28th, 2006

DEE-FENSE

By Mucana

Photobucket - Video and Image Hosting

Се што би сакал да видам од овoј тим на Никс е повеќе одбрана. Тоа не е лесно бидејки добар одбранбен тим не се добива само со замавнување со рака. Ви требаат пет добри момци кои ќе играат како еден. Но тоа троши доста време со квалитетни тренинзи и квалитетен водич. Ајзеа е мошне јасен во своите инструкции. Се обидува да ги симплифицира работите на теренот. Не бара од играчите да направат повеќе од тоа што го можат, бара секој да знае што се бара од него, кое е неговото место, неговата улога, да даде секоја вечер придонес. Канализација (не буквално, а и не ти - Владо - К.) на дешавањата. Ајзеа се обидува да ги формира Никс според својата замисла. И е на добар пат.

Без да наметнува голем притисок на нив, ланската година Ајзеа се фокусираше на развивање на руки играчите (само што Лери Браун беше тренер лани - К.). Годинава продолжува по истиот пат. Секако дека Ченинг Фрај има можност да биде ѕвезда во лигата базирајки се на својот талент и одличниот скок-шут, со што многу ме потсеќа на Алан Хустон. Има извонреден поглед на кошарката, интелегентен е, и секако, доаѓа од победничка средина - Аризона.

И покрај лимитираната минутажа која ја добиваше ланската сезона, Дејвид Ли успеја, а посебно оваа година, да ги воодушеви фановите. Тој е силен, упорен, сака да ги помеша скоковите со поени, а неговата интелегенција го прави одличен асистент во споредба со неговата позиција во тимот. Изгледа како најдобро да ја разбира кошарката од сите на паркетот. Нејт Робинсон им покажа на њујорчани дека со себе носи огромна возбуда и голем атлетицизам. Со некоја година за добро созревање може да стане важен дел од овај френчајз. (Тешко му на френчајзот тогаш:) - К.) Крафорд ланската година, сигурно беше играч со најголем напредок во Никс. Неколку негови потези беа доволни за да покажат дека се развивал во за него не прилагодена средина во Чикаго, каде беше приморан да ја скрати имагинацијата. Во Никс веднаш ја пушти славината, почна да ја игра кошарката по негов терк. Сепак не знам дали Њу Јорк е вистинското место за него.

Photobucket - Video and Image Hosting

Сепак најважен дел од Никс на кој треба да се работи се плејмејкерите Марбери и Френсис. Мислам дека искуството од ланската година им покажа на двата колку е важно да се заборави тоа што си бил, скорер и лидер (каде само тоа биле овие двајца лидери?), и да се игра како еден, за доброто на тимот. И двајцата се ветерани и мислам дека ја сфатија пораката. Несебичноста е најважна. На Ајзеа не му треба некој што ќе постигнува огромен број на поени, скокови или асистенции. Се бара секој да учествува, да даде допринос. Барем додека се тука.

Еди Кари е од најголема важност за Никс. Преку неговата мала количина на пот што ја дава секоја вечер не може веќе да се преминува, а мислам дека веќе и го сфатил тоа. Развојот на овај тим на Никс е правопропорционален со развојот на Еди. Со додавањето на Q(Ричардсон), со неговата цврстина, Њујорк доби баш тоа што им требаше-одбранбена инекција. Со целоното враќање на Џефрис тоа во МСГ уште повеке ќе се почуствува. Q и Џерад се коњските сили кои треба да ја влечат одбраната на Никс. Знам, секој тренер,како и Ајзеа Томас, знае дека одбраната е клучната област.

Photobucket - Video and Image Hosting

Кога Ајзеја се спушти од удобната канцеларија на жешката клупа крај аут линијата, фановите на Никс беја поздравени со насмевката од Бед Бојс. Тие од Ајзеа го бараа то што го бараа и од Лери Браун, и од Лени Вилкинс, од Дон Чејни, Херб Вилиамс, Пет или Џеф… и од секој друг што ја почуствувал жештината на тоа столче. Дали фановите на Никс сакаат копија на Феникс на Истокот, уште еден ран енд ган тим?

Епа луге ова е Медисон Сквер Гарден, најславната сала во светот, која секогаш се тресела од извиците Диии-Феенс. Сала која ја слави работата на Чарлс Оукли и Ентони Мејсон, на Чарли Ворд кој талентот го надополнуваше со жртвување за тимот, на големиот Јуинг. Сала која жигоса стравопочитување во мене уште од моите најмали години. Ако ми кажете дека сте фан на Никс, а не мечтаете по дифенс - ќе знам дека лажете.

Никси немаат добар блокер кој би го заклучил рекетот. За да се надополни тоа мора секој да игра одбрана. Еден за сите … Како да се чекаше да се случи нешто, па боксовите на Мело да го размрдат тимот. Се случија трите најдобри дефензивни изданија оваа година, баш во најдраматичните средби, се случи враќањето на толку очекуваниот Фрај од руки сезоната. Јута, Шарлот и Чикаго комбинирано беа задржани на под 44% ФГ што одамна не им се случило на Никси.

Се на се не би рекол дека желбата изостанува, но Никс се доста млад тим, тим кој се уште е во изградба. Има само малку тимови во НБА кои се познати по својата одбрана. Го имате Детроит, го имате Сан Антонио, и никој позади нив. Во НБА победничките тимови играат одбрана, како и во сите останати спортови, и тоа е најважното за успех. Тоа им е како должност, како обврска. Дечките од кои лепите или сте лепеле постери по дома вашето внимание и на сите останати го заслужиле затоа што се “скорери”. Но одбранбената страна ги прави нив двојно поголеми, а тимот шампион.

7 comments December 28th, 2006


Календар

December 2006
M T W T F S S
« Nov   Jan »
 123
45678910
11121314151617
18192021222324
25262728293031

Архива

Категории