Вчера во Парк се одржа првиот ден од македонскиот Ол-Стар викенд на кој заедно со 60 години кошарка во Македонија, се одбележаа и 60 години постоење на КК � аботнички.
Се дешаваше од се по нешто, ама јас не бев таму па да ви раскажам. Затоа - еве рикеп на вечерта од официјалниот сајт на КФМ.
Јас можам само да ви ставам фотка од момците кои беа прв и втор забивач во натпреварот за младинци. Прв беше Александар Стефановски од АМАК СП (т.е. Охрид), а втор - Петар Апцев од Пелистер. (Извињење ако има некоја грешка).
No.1 Стефановски
No.2 Апцев
Се гледаме вечер во Парк…
December 24th, 2006
Вчера не стигнав, така да денеска на брзинка ќе направиме рикеп на се што се дешаваше во НБА во петок и сабота. Денес не се игра ништо. Крисмс е.
Во петокот, како веројатно сите кои имаа Орбит ЕСПН, ја гледав Лејкерси-Нетси, средба која како што беше доказ за ненадејната зрелост во играта на Коби и големината на Фил Џексон, така беше и доказ дека во Њу Џерси појма немаат што прават. Скинатите лигаменти на Ненад Крстиќ секако дека нема да им помогнат да мрднат нагоре во Титаник дивизијата. Нено ќе биде во аут до крај на сезона, така да за очекување е Нетси да тгрнат по некој квалитетен висок играч, само што нема многу такви достапни. Можеби Гарнет во трејд за Картер?
Гилберт Аринас уште еднаш стана единствен играш покрај Вилт Чембрлен кој постигнал најмногу поени против еден тим. По 60-та против Лејкерси, Жилберто им бапна 54 на Санси за крај на нивната серија од 15 победи по ред. Само Вилт дал повеќе против Санси - 66 - во сезона.
Сиксерси конечно победија искористувајѓи го неиграњето на Пол Пирс за Селтикси, кои се послаб тим без Пирс, отколку што е Филаделфија без Ајверсон. Игудала со рекорд на кариера од 31 поени…Во исто време во Денвер, Ајверсон го имаше своето деби и и покрај поразот од Кингси имаше одличен настап од 22 поени и десет асистенции. А и добро му стои новиот дрес.
Ако Нетси не знаат што да прават по повредата на Крстиќ, тогап со глава во ѕид, и тоа Кинески, се маваат во Хјустон. Јаоза, кој играше МВП сезона е вистински баксуз за повреди и тоа го потврди и против Клиперси синоќа кога скрши коска во потколеницата поради која нема да игра најмалку до рседината на февруари. Ауч. А и � окетси можат да си го сменат името во дежа-Ву. Ви текиња на лани?
December 24th, 2006