Заложници
Последниве недела дена цела НБА и сите медиуми поврзани со неа се заложници за Ајверсон сагата и скоро секој барем малку пореномиран сајт или весник има своја теорија за тоа каде ќе заврши Ален. Иако ни самиот Били Кинг не знае каде ќе биде тоа. Јас и порано тука имам кажано дека не сум некој љубител на шпекулации и разни гласини, па и затоа тука пишував многу за секоја информација која ќе се појавеше на нет, а секој ден се појавуваа по неколку нови.
Едно е јасно, а тоа е дека Сиксерси, како што кажав подолу, нема така лесно да го трампаат Ален, посебно не сега кога сите знаат дека тој побара да биде разменет и кога веќе не се враќа во тимот на Филаделфија. Ќе им биде тешко и од финансиски и од апсект на годините, па и од аспект на пронаоѓање клуб од кој би добиле еднаква вредност за возврат. Не верувам дека Вориорси го понудиле Берон како дел од пакет за Ајверсон.
Така, заложници останавме сите, а и другите вести кои заслужија внимание во овие недела дена останаа во сенка. Така, малку се пишуваше за 79 (од вчера и 80-от) трипл-дабл на Кид, како и 1000-та победа на Џери Слоун. Да биде уште почудно, ни камбекот на стариот кожен баскет од 1 јануари 2007 год. не привлече толку внимание ради безбројните шпекулации за Ајверсон.
Тужно. Дај нека го трампаат за да можат сите да и се вратат на кошарката.
5 comments December 14th, 2006
