Titanic division, очобол во Кливленд, Рашард, Кеј-Џи, Боби и Гнарлс и Чарлс

Вчера го гледав Кавси и Рапторси кои искрено не заслужуваат посебен пост во моментов. Кавси некако се спасија на крај, а тројката на Маршал ги докрајчи Репторси, ама утакмицата беше прав очобол за гледање. Тргнувајќи од играта, преку пак оние ружните дресови на Кавси инспсирирани од 80-те. Толку за нив, доста е сликата од Леброн што ја ставив.
Дури го гледав двете бедотии од Истокот, сфатив колку уствари е беден Истокот, каде само три екипи се со позитивен скор, а посебно беден е како, како што најавивме - Атлантик, каде екипите немаат абер од тоа да стигнат до повеќе победи од порази. Синоќа екипите од таа дивизија имаа вкупни 0-4, а да играа Нетси сигурно тие ќе беа и 0-5. Бедно до коска. Толку бедно што овој дел за Атлантик претставува и неделен преглед за минатата недела.
* * * * *
Ај да додадам понекој линк да не биде толку тужно, иако тој за Боби Симонс и не е нешто позитивен…
- Во долниот линк ги имаше имињата кои би можеле во скоро време да бидат трампани или па копи барем ќе се вртат во секој можен трејд муабет во следниве три месеци. Едно од имињата кое можеби не се спомнува толку, но кое секако би можело да биде големо засилување за секој тим е Рашард Луис, чива иднина во Сиетл не е толку извесна. (Истото може да се каже и за самите Соникси). Ако е стварно достапен преку трејд, мислам дека доста екипи ќе пробаат да направат се за да стигнат до Рашард.

- Во истиот долен линк, а потоа и низ коментарите главен муабет е Кевин Гарнет, иако човекот како и секогаш до сега изјавува дека му е убаво во Минеаполис и дека не би сакал да биде трампан или барем тој нема да инсистира на тоа. Доказ за тоа се и најавите за наследниците на триото кое ги однесе Вулфси до финалето на Западот, а единствен ист член на тоа трио е баш Гарнет. Иако мислам дека уште не ги нашле наследниците на Кесел и Спривел.
- Жал ми е Милвоки, ама Боби нема да ви заигра до крај на сезона.. Знам. Тужно. Посебно фактот дека момакот покрај операцијата пред стартот на сезоната ќе мора да оди на уште две во следниве месец дена.

- Гнарлс Баркли или Чарлс Баркли? Споредбава не му се допаднала баш на Чак. Јасно ми е и зошто.
6 comments December 7th, 2006