Flying over Oregon
Последниве неколку години ретко кога ја имав таа чест да си ги гледам Хоуски на ТВ, така да кога не мора да објаснувам како ми светнаа очи кога пред некој ден видов дека на НБА ТВ синоќа ќе ја има Портланд-Атланта. Расположението не го расипа ни неиграњето на Марвин Вилијамс и афрото на Џош Чилдрес. Еве онака рендом, што ми фати око за Хоуски и помалце за Блејзерси…
Џо Џонсон е страва од играч. Тоа за мене не е ништо ново и го потенцирав последниве година дена тука, посебно по муабетите дека Феникс е во ќар по трејдот за Борче Диа, но веројатно и остатокот од лигата полека отвара очи за тоа каков играч е Џо. Веројатно една од најпотценетите НБА ѕвезди, Џо сзонава мора да биде ол-стар, а вчера против Блејзерси, како и против многу други екипи сезонава покажа дека е комплетен играч. Од чисто шутче, кое е едно од најдобрите во лигата, до одличниот влез (посебно десен), завршница на истиот влез, чусвтво за асистенција и скок и се тоа заокружено со многу добра одбрана. Не случајно е 4-ти стрелец на лигата во моментов.
Џош Смит можеби никогаш нема да стане суперстарот каков што го најавуваа, но за Атланта да стане плеј-оф тим, тој веројатно не ни треба да се развие во таков профил на играч. Со одбраната која ја презентираше синоќа (како само го залепи Вебстер во контра), одличниот скок и талент да игра на позиции од 2-4, Џош ја попуни секоја дупка која се отвори и ако продолжи да се развива со овој ритам би можел да стане “Скоти“ на “Џорданот“ на Џо. Нормално, у некоја poor варијанта на легендарниот тандем.
Тајрон Лу ми беше мрсок кога беше дел од Лејкерси, по кои и не го гледав многу. Пријатно ме изненади со играта и стабилноста која ја внесува на плеј од клупата, а често ротира и на двојка во тандем со Салим Стадемаер. Секогаш кога Џо се одмараше, Лу забиваше во игра еден на еден…Шелден Вилијамс е работник. Можеби не е некој талент кој има неограничен потенцијал и иднина пред себе, ама е стабилен играч кој игра солидна одбрана, добар е во скокот и не се откажува и оди на секоја топка. Со таков пристап нема зима, без разлика на ограничениот талент…Заза е типичен примерок од евро-школата на Дивац, со истите финти на кои Меглор, Пржибила и компанија уште паѓаат.
Портланд пак, не е толку лоша екипа како што играат во задње време. Зеко им е лидер, ама касно му текна да биде тоа синоќа. Младите фаци како Вебстер, Родригез и Џек се солидни, а со камбекот на Брендон Рој веројатно ќе мрднат малце….Не ме чуди шпекулацијата дека сакаат да се откачат од Меглор, кој само им смета на младите фаци.
Толку. Нова средба со Хоукси на ТВ имам на 13-ти месецов…
9 comments December 4th, 2006
