Archive for December, 2006
Оваа фотка воедно е последен МакНБА пост неделава, а и новогодишна честитка за сите вас…Знам дека веројатно синоќа се десија некои работи кои се вредни за пишување, ама Лазар не беше во Шарлот да гледа 63 минути кошарка и 58 поени од 24-та во поразот на Лејкерси или па 23-те поени и 25-те скокови на Мека или па уште една ѕверска партија на Аринас итд…Среќно.
December 29th, 2006
By Mucana
Се што би сакал да видам од овoј тим на Никс е повеќе одбрана. Тоа не е лесно бидејки добар одбранбен тим не се добива само со замавнување со рака. Ви требаат пет добри момци кои ќе играат како еден. Но тоа троши доста време со квалитетни тренинзи и квалитетен водич. Ајзеа е мошне јасен во своите инструкции. Се обидува да ги симплифицира работите на теренот. Не бара од играчите да направат повеќе од тоа што го можат, бара секој да знае што се бара од него, кое е неговото место, неговата улога, да даде секоја вечер придонес. Канализација (не буквално, а и не ти - Владо - К.) на дешавањата. Ајзеа се обидува да ги формира Никс според својата замисла. И е на добар пат.
Без да наметнува голем притисок на нив, ланската година Ајзеа се фокусираше на развивање на руки играчите (само што Лери Браун беше тренер лани - К.). Годинава продолжува по истиот пат. Секако дека Ченинг Фрај има можност да биде ѕвезда во лигата базирајки се на својот талент и одличниот скок-шут, со што многу ме потсеќа на Алан Хустон. Има извонреден поглед на кошарката, интелегентен е, и секако, доаѓа од победничка средина - Аризона.
И покрај лимитираната минутажа која ја добиваше ланската сезона, Дејвид Ли успеја, а посебно оваа година, да ги воодушеви фановите. Тој е силен, упорен, сака да ги помеша скоковите со поени, а неговата интелегенција го прави одличен асистент во споредба со неговата позиција во тимот. Изгледа како најдобро да ја разбира кошарката од сите на паркетот. Нејт Робинсон им покажа на њујорчани дека со себе носи огромна возбуда и голем атлетицизам. Со некоја година за добро созревање може да стане важен дел од овај френчајз. (Тешко му на френчајзот тогаш:) - К.) Крафорд ланската година, сигурно беше играч со најголем напредок во Никс. Неколку негови потези беа доволни за да покажат дека се развивал во за него не прилагодена средина во Чикаго, каде беше приморан да ја скрати имагинацијата. Во Никс веднаш ја пушти славината, почна да ја игра кошарката по негов терк. Сепак не знам дали Њу Јорк е вистинското место за него.

Сепак најважен дел од Никс на кој треба да се работи се плејмејкерите Марбери и Френсис. Мислам дека искуството од ланската година им покажа на двата колку е важно да се заборави тоа што си бил, скорер и лидер (каде само тоа биле овие двајца лидери?), и да се игра како еден, за доброто на тимот. И двајцата се ветерани и мислам дека ја сфатија пораката. Несебичноста е најважна. На Ајзеа не му треба некој што ќе постигнува огромен број на поени, скокови или асистенции. Се бара секој да учествува, да даде допринос. Барем додека се тука.
Еди Кари е од најголема важност за Никс. Преку неговата мала количина на пот што ја дава секоја вечер не може веќе да се преминува, а мислам дека веќе и го сфатил тоа. Развојот на овај тим на Никс е правопропорционален со развојот на Еди. Со додавањето на Q(Ричардсон), со неговата цврстина, Њујорк доби баш тоа што им требаше-одбранбена инекција. Со целоното враќање на Џефрис тоа во МСГ уште повеке ќе се почуствува. Q и Џерад се коњските сили кои треба да ја влечат одбраната на Никс. Знам, секој тренер,како и Ајзеа Томас, знае дека одбраната е клучната област.
Кога Ајзеја се спушти од удобната канцеларија на жешката клупа крај аут линијата, фановите на Никс беја поздравени со насмевката од Бед Бојс. Тие од Ајзеа го бараа то што го бараа и од Лери Браун, и од Лени Вилкинс, од Дон Чејни, Херб Вилиамс, Пет или Џеф… и од секој друг што ја почуствувал жештината на тоа столче. Дали фановите на Никс сакаат копија на Феникс на Истокот, уште еден ран енд ган тим?
Епа луге ова е Медисон Сквер Гарден, најславната сала во светот, која секогаш се тресела од извиците Диии-Феенс. Сала која ја слави работата на Чарлс Оукли и Ентони Мејсон, на Чарли Ворд кој талентот го надополнуваше со жртвување за тимот, на големиот Јуинг. Сала која жигоса стравопочитување во мене уште од моите најмали години. Ако ми кажете дека сте фан на Никс, а не мечтаете по дифенс - ќе знам дека лажете.
Никси немаат добар блокер кој би го заклучил рекетот. За да се надополни тоа мора секој да игра одбрана. Еден за сите … Како да се чекаше да се случи нешто, па боксовите на Мело да го размрдат тимот. Се случија трите најдобри дефензивни изданија оваа година, баш во најдраматичните средби, се случи враќањето на толку очекуваниот Фрај од руки сезоната. Јута, Шарлот и Чикаго комбинирано беа задржани на под 44% ФГ што одамна не им се случило на Никси.
Се на се не би рекол дека желбата изостанува, но Никс се доста млад тим, тим кој се уште е во изградба. Има само малку тимови во НБА кои се познати по својата одбрана. Го имате Детроит, го имате Сан Антонио, и никој позади нив. Во НБА победничките тимови играат одбрана, како и во сите останати спортови, и тоа е најважното за успех. Тоа им е како должност, како обврска. Дечките од кои лепите или сте лепеле постери по дома вашето внимание и на сите останати го заслужиле затоа што се “скорери”. Но одбранбената страна ги прави нив двојно поголеми, а тимот шампион.
December 28th, 2006
Божиќ како по обичај пројде во знак на дресот на Лејкерси со број 8….
Невидена елеганција, грациозност, еротско мрдање на колкови у рекет, баш онаа доза на спектакл што ја прави НБА тоа што е.
Да, да….знам дека Коби веќе не е KB8, а после синоќа ми стана прилично јасно дека лигата има нов шериф….Ама, на тие што го гледаа Christmas Special-от им е прилично јасен мојот вовед…
Ако некој се уште има дилеми, еве мала помош:
Што се однесува до кошарката, после вакви мечеви имам поприличен проблем да го артикулирам воодушевувањето. И нормално - го консултирам Webster:
to wade = to Walk (through relatively shallow water); to play in water
У обид за буквален превод: нешто како - “се пробива низ вода; си игра во плиткото“
А, плитко колку сакаш. Лејкерси синоќа изгледаа како да го добиле името по Дојранско езеро, а не по гордите води во кои некогаш цапал George Mikan….
Ама да почнам од кај што е редот. Од шерифот, којшто на голема среќа (?) на лигата не е толкав егзибиционист, па шерифувањето да го одбележува со носење шешир, како поранешниот шериф, инаку негов соиграч.
Flash синоќа го покажа целиот репертоар: премини, ролинзи, fade-away-и асистенции на слепо, украдени топки….И она најбитното, го направи тоа во директен дуел со Коби…
Вејд демонстрираше дека во моментов е единствениот играч во светот што поседува таква комбинација на експлозивност и координација. И, она што највеќе го одделува од конкурентите - неумоливата агресивност во напаѓањето на одбраната и незадоволувањето со шут од дистанца. А, ако на тоа се додаде и онаа streetball жовијалност која е главен белег на неговата игра - мислам дека е јасно зошто Мајами е актуелен шампион на НБА, а Вејд актуелен МВП на Финалето…
После она синоќа, и јас се замислив околу изборот на МекКалум…
That being said, морам да се вратам у плиткото….
По 3246866546329 пат сведочам на тврдоглавоста која им е иманентна на големите играчи, ама и на големите тренери. А, најстрашно е кога екипата ги има и двете….
Неверојатно ми делуваше неспособноста на Лејкерси да се снајдат со Вејд, кој иако брилијантен, не беше соочен со никаков посебен дефанзивен притисок.
Суетата на Коби олицетворена во упорноста на директното чување не само што не даваше никаков резултат и беше поништувана со најобичен screen & roll, туку непотребно ја трошеше и онаа малку енергија што Коби ја имаше, а која им беше потребна во офанзива.
А, Фил Џексон е посебна приказна. Дури и да го оставиме на страна фактот дека му дозволуваше на Коби да трча по Вејд како мува без глава и ниту еднаш не се обиде да го удвои единствениот играч што беше реална опасност, не може а да не исплива на површина несфатливото распаѓање на одбраната при една иста акција. Хроничното каснење на Квами Браун во покривањето, тоталната изгубеност на Владо Радмановиќ, инсистирањето на бековска линија со Еванс и Вујачиќ (!?!), а и неговиот тренерски специјалитет - небарањето Тајм Аут….
То ти је Зен….Важно дознав од дечките од ОБН дека на Хорас Грент му давал да ја чита Dune за да го подобри офанзивниот скок….Чист СФ…..
Се на се, Лејкерси без Одом ми се крајно сумљиви, Коби ми е зрел, ама издишан…
О.К. коралот чека нови двобои, ама шериф Лери О’Браен резидира на Флорида, и тоа е она што е најбитно…..
December 26th, 2006
Имаме некои проблеми со преселба на сервери на нашиот хостинг, така да ако синоќа сте виделе три нови поста, а денеска ги нема, не е до вас. Наспани сте. Не ви се причинуваат работи. До нас е. Т.е. не е ни до нас, него до фирмата која не хостира. Примете извињење и се надеваме дека убрзо, уште денеска ќе се вратиме во нормала - МакНБА тим.
December 26th, 2006
Денеска и синоќа малку бевме во фрка со преселба на нови сервери, така да ни се изгубија двата последни поста, заедно со коментарите на нив. Со малку напорна работа, денеска ја стаблоизиравме работата така да би требало се да си продолжи без проблеми, како што беше до вчера. Се извинуваме ради проблемите, кои не затекоа и нас - Каракаш
Така, не стигнавме да постираме ништо за последната вечер од македонскиот ни Ол-Стар, ама па со оглед на тоа што се дешаваше во “Парк“, не пропуштивме многу. Главната средба ни од далеку не беше она што публиката го очекуваше и се претвори во натпревар кој ќе шутне повеќе тројки. Како играчите на двата тима (со исклучок на некои момци) да се плашеа да отидат на влез, можда се плашеа од повреда или нешто слично.
Додатен минус, и тоа голем беше неиграњето на фаци заради кои и ќе дојдеше публика како нашите Амери, � ајан Стак и Мајкл Вилкинсон, како и нашиот најдобар играч во моментов, Тошка Гечевски. Се одржа и натпревар во забивања, во кој верувам дека на никој во салата не му беше јасно што се дешава. А и победи ликот кој не требаше да победи. Еве клип од момакот кој требаше да тепа, а ако не тој, тогаш требаше вториот младинец кој учествуваше во натпреварот.
Еве и линк до видео колекцијата која ја усними Чоте вчера на ол-старот.
* * * * * *
Пред малку заврши единствениот Крисмс дуел во НБА, Мајами-Лејкерси и после она што го видов од Вејд, стварно немам зборови. Ете зошто Мајами и покрај послабиот скор, на Истокот каков што е сега, е легитимен кандидат за враќање во финалето. Играчиште.
Џек Меккалум од Ес-Ај има свое видување за тоа кого би избрал, Коби или Вејд? Јас само ќе кажа дека не сум на иста страна со Џек.
* * * * * *
� икепите од сите НБА утакмици по правило одат преку Асошејтед Прес, кој ги собира сите извештаји и ги препратува по сите медиуми кои се препратени на нивните услуги. Како такви, АП од време на време знаат да направат по некоја голема грешка. Порано имав ставано за целосно утнати легенди на слики, а и за последниот меч меѓу Орландо и Кавси Ариза го потпишаа како Двајт Хауард. Од истата утакмица имаа неколку грешки и во самиот текст. Прво, еве го линкот до сторијата на АП. Ондак, еве и извадок од текстот.
Zydrunas Ilgauskas added a season-high 22 points and Drew Gooden had 14 points and 12 rebounds for Cleveland, which has been inconsistent most of the season. In their previous four games, the Caves had scored 106 points, 74, 111 and 71.
“I never thought about us losing three games in a row,” James said. “I thought about us possibly losing and not playing again until Wednesday and spending Christmas with a loss. You want to spend the holiday on a good note.
” Dwight Howard led the Magic with 17 points and 13 rebounds, and Grant Hill finished with 15 points.
Goodness, who spent 1 1/2 seasons with Orlando before being traded to Cleveland, scored just two points in the first half. But he scored 12 in the third period, including 10 in a 14-4 spurt that put the Caves up 60-54.
December 25th, 2006
Вчера во Парк се одржа првиот ден од македонскиот Ол-Стар викенд на кој заедно со 60 години кошарка во Македонија, се одбележаа и 60 години постоење на КК � аботнички.
Се дешаваше од се по нешто, ама јас не бев таму па да ви раскажам. Затоа - еве рикеп на вечерта од официјалниот сајт на КФМ.
Јас можам само да ви ставам фотка од момците кои беа прв и втор забивач во натпреварот за младинци. Прв беше Александар Стефановски од АМАК СП (т.е. Охрид), а втор - Петар Апцев од Пелистер. (Извињење ако има некоја грешка).
No.1 Стефановски
No.2 Апцев
Се гледаме вечер во Парк…
December 24th, 2006
Вчера не стигнав, така да денеска на брзинка ќе направиме рикеп на се што се дешаваше во НБА во петок и сабота. Денес не се игра ништо. Крисмс е.
Во петокот, како веројатно сите кои имаа Орбит ЕСПН, ја гледав Лејкерси-Нетси, средба која како што беше доказ за ненадејната зрелост во играта на Коби и големината на Фил Џексон, така беше и доказ дека во Њу Џерси појма немаат што прават. Скинатите лигаменти на Ненад Крстиќ секако дека нема да им помогнат да мрднат нагоре во Титаник дивизијата. Нено ќе биде во аут до крај на сезона, така да за очекување е Нетси да тгрнат по некој квалитетен висок играч, само што нема многу такви достапни. Можеби Гарнет во трејд за Картер?
Гилберт Аринас уште еднаш стана единствен играш покрај Вилт Чембрлен кој постигнал најмногу поени против еден тим. По 60-та против Лејкерси, Жилберто им бапна 54 на Санси за крај на нивната серија од 15 победи по ред. Само Вилт дал повеќе против Санси - 66 - во сезона.
Сиксерси конечно победија искористувајѓи го неиграњето на Пол Пирс за Селтикси, кои се послаб тим без Пирс, отколку што е Филаделфија без Ајверсон. Игудала со рекорд на кариера од 31 поени…Во исто време во Денвер, Ајверсон го имаше своето деби и и покрај поразот од Кингси имаше одличен настап од 22 поени и десет асистенции. А и добро му стои новиот дрес.
Ако Нетси не знаат што да прават по повредата на Крстиќ, тогап со глава во ѕид, и тоа Кинески, се маваат во Хјустон. Јаоза, кој играше МВП сезона е вистински баксуз за повреди и тоа го потврди и против Клиперси синоќа кога скрши коска во потколеницата поради која нема да игра најмалку до рседината на февруари. Ауч. А и � окетси можат да си го сменат името во дежа-Ву. Ви текиња на лани?
December 24th, 2006
Previous Posts