Archive for November, 2006

Шампионско мучење, Далас и Денвер мрднаа, Булси - не

Photobucket - Video and Image Hosting

Три недели поминаа од новата сезона и некои работи конечно почнаа да си доаѓаат на место. Нормално, тоа не значи дека Мајами почна да личи на тимот кој у јуни годинава им наби комплекс на Мавси, а без Шек работите уште повеќе би требале да се закомплицираат у пензионерскиот дом на Залижаниот. Џинот ќе го нема месец и пол и во тоа време веројатно ќе видиме дали Мајами го има истиот ментален квалитет да се издигне како во ланскиот плеј-оф. Рака на срце, на Шек и онака задњиве 7-8 години првиот дел од сезоната не му бил многу важен, па би требал да биде уште посвеж за втората половина. Само Вејд и дружбата да не си ископаат предлабока дупка до тогаш. Една добра ствар е камбекот на Џејсон Вилијамс, кој се поклопи со падот на Шек. Не дека Џеј е некое играчиште, ама сега барем Рајли нема да мора да го игра Пејтон повеќе минути од што Гери има години. Тоа во секој случај е некаков плус…И Зо, дај смири доживљај. Што ти требаше да се фаќаш со кретиното Марк Џексон сабајлево, па да добиеш исклучување. Сфати - у јуни конечно стана шампион.

- Секој муабет сезонава поврзан со Мајами ќе ме тера да фрлам едно око накај Далас, кој по бедните 0-4 се среди и сега е на убави 7-4. И тоа без Џош Хауард, кој би требал да се врати викендов. Ипак, противниците на Мавси во овие десетина дена и не беа нешто посебно (два пати по ред Мемфис), така да вистинските тестови допрва ќе дојдат. Првиот - во петок во Аламо, утакмица која ќе ја има на Орбит ЕСПН. Дирк игра како МВП, а и Тери, Херис, Стек, Дампие и Диоп покажаа знаци на будење. Мора да ги изрибал добро Ејвори.

Photobucket - Video and Image Hosting

- Исто како и Мавси, така и Нагетси се оправија по бедата од старт (0-3) и сега се на позитивни 5-4. Мело можеби против Булси сабајлево не го скина рекордот на легендата Алекс Инглиш од повеќе од шест утакмици по ред со најмалку 30 поени, но баш на Чикаго тие му го украдоа својот втор најдобар играч до сега - Џеј-Ар Смит кој им покажа на Булси колку се заебаа летово кога по трејдот со Хорнетси одма го испратија за Колорадо, а за него добија само некој пик од 2. рунда во иднина. Во Смит, Нагетси после 100 години конечно добија асална “двојка“ и играч кој офанзивно би го надополнувал Мело. Ако не им се повреди Кемби и Милер продолжи да дели асистенции, Денвер може да биде доста опасен. Кенјон Мартин го немаат до крај на сезона, ама па и типот не ни беше некој фактор во нивната игра уште од првиот ден кога буквално во бунар фрлија преку 90 милиони долари за неговиот седумгодишен договор. Род Торн сега во некоја мрачна соба во Њу Џерси се гази од смеење.

- Муабетот за Нагетси нормално не носи до Булси, кои од еден од фаворити на Истокот (не според мене) стигнаа до само 3-8 сезонава со серија убави плескања на Западот. Колку ли е сега битно тоа што фрлија 60 милиони на Бен Волас наместо да пробаат да направат некој трејд пакет за играч кој би им ги решил муките во нападот. Фил Џексон убаво си кажа дека овие Булси имаат форма, но не и содржина, а тоа не ни треба да чуди со оглед на фактот дека тренер им е Скот-от Скајлс. Кој го гледал како игра знае за што зборувам. Колку ли ќе им беше убаво сега да го имаа Џеј-Ар Смит. Ако за ништо друго, онда да го спакуваа во некој трејд пакет заедно со Бен Гордон.

- Пеџа почна да погодува, прво рекорди во кариерата, па тројки за победа за Хорнетси кои добро се држат на јакиот Запад…Коби полека фаќа ритам, а у тоа се уверија Клиперси. Победа по која Лејкерси после дооолго време се на врвот на Пацифик. Зенот крчка нешто во Ел-Еј….Јута и даље гази и е најдобар старт во клупската историја од 10-1. Рукито Пол Милсап изненади секого, па и Џери Слоун. Не пишувам повеќе за нив зашто задњите два неделни прегледи беа нивни, а и страв ми е да не ми остават некој радиоактивен отпад пред врата…Исток - Мифсток, за кој тим да се фатиш, мизерија. Можда малце Кливленд и Орландо играат нешто, ама и тоа - јок.

- Идеме со по некој линк:

- Пирс или Џо?

Пет тренери на кои и тоа како им се нишаат клупите. Мајк Фратело не си е крив што го нема Брадата во екипа, па мора да игра женски. За другите, не знам. Мислам дека Берни си е сигурен, Мичел би требал да лета, за Стотс не ни мора да кажам, а Кејси ми е сумњив. Би го додал и Док Риверс, кој ич не се снаоѓа во Бостон.

Ѕверот Двајт Хауард сака вечерва да стане првиот после бааги време со три партии по ред со 20-20 во поени и скокови. Дека може - може. Дали ќе биде - ќе видиме сабајле. Бај д веј, Орландо се ставиле у на Мај Спејс. Тужно. Ќе направам и еден пост со посебни Мај Спејс страни на разни играчи. Ги има доста. Кичасто до коска.

15 comments November 22nd, 2006

“Бразилско плескање”, “Најдоброто џуџе блокер” и “Смуш се качи на Биг Бен”

Три различни потези од тројца различни играли кои имаат една слична работа. Сите тројца имаат споредна улога во играта на своите екипи. Двајца од нив се резерви, но како што играат тие пред нив (Марбери) или се повредуваат (Берон), ништо чудно да добијат некоја минута повеќе. Лејдис енд џетлмен…

“Бразилско плескање”…
…”Најдоброто џуџе блокер”…
…”Смуш се качи на Биг Бен”

7 comments November 21st, 2006

“Џезерите” светат во темница

Photobucket - Video and Image Hosting

“Енерџи Солушнс”, компанија која се занимава со складирање на нуклеарен отпад ги откупи правата врз името на домот на Јута кој последниве 15 години беше познат како “Делта” центар. Тоа име беше под спонзорство на “Делта Ерлајнс”, авиокомпанијата која ги одолговлекувала преговорите (и скоро беше пред банкрот) за продолжување на соработката. Инаку, “Енерџи Солушнс” е компанија која на само 120 километри западно од Солт Лејк Сити има склад за радиокативен отпад.

И сеа зашто Јута има најдобар во клупската историја 10-1 старт, каков што немаа ни со Стоктон и Мелоун…и зашто сите во Солт Лејк Сити светат во темница.

5 comments November 21st, 2006

Зен до даска

Photobucket - Video and Image Hosting

Кога за неколку децении тогапните НБА генерации ќе се сеќаваат, ќе прашуваат за ова време и кога ќе ве питаат “Кој бил најголемиот Треш-Токер”?, веројатно први имиња кои ќе ви паднат на ум ќе бидат Пејтон, Реџи, Баркли до пред некое време или скоро сите од Пистонси кога беа ептен Бед Бојси. Веројатно нема да ви текне на човекот кој мене ми е одамна на врвот на таа листа - Фил Џексон. Кога добро ќе се разгледа неговата историја ќе се сретнат класични спуштања наменети за буквално секој, од играчи и други тренети, па до цели екипи и нивните газди. Зенот кога си идеше од Лејкерси дури и без многу мислење се сврте и на своите довчерашни играчи.

“Низ лигата можат да чујат многу изјави дека нема друг тим во лигата што игра со таков интензитет како што играа Булси. Тие се тим кој знае што сака и секогаш игра 100% во одбраната. Но, кај нив има повеќе форма отколку содржина. Слично како млекото. Однадвор се цврсти, но кога ќе погледнете подобро, нема ништо внатре. Имаат сериозни проблеми со нападот, но секогаш ќе ве притиснат максималмо и ќе извадат се од вас. Но, сите тимови кои ги победиле ќе увидите дека тоа го направиле со тоа што ги стиснале во рекетот. Ова со млекото не мислев да звучи како навреда” - Нееее, никако….д уак енд онли Фил Џексон.

23 comments November 20th, 2006

Бостон и Њујорк се NBA тимови

Ова ме фати од Јеј :)
Иначе после тешките критики од страна на Енко, и по начелното нивно побивање, синоќа Бостон ги тепаше забревтаните Блејзерси, додека Никси ги срамнија со земја Шампионите. Шек ќе паузира долго.
Од другото: Коби во победата над Репторси дојде до 17.000 поени у кариеру.

18 comments November 18th, 2006

Фотка на неделата 2 - Rookie Wall

Photobucket - Video and Image Hosting

Сезонава момците кои ги носат дресовите на Мајами ни малку не личат на оние кои од мртви 0-2 се вратија во јуни и им одржаа лекција на Мавси стигајќи до првата титула во клупската историја.

Но, пред нецели недела дена во Њу Џерси се изгледаше како да е јуни (или мај) годинава. Вејд и Хит им одржаа лекција на Нетси. Шек се врати на теренот и на неколку пати заличе на стариот Дизел. Во тоа најдобро се увери рукито Маркус Вилијамс, кој малку подрани со удирањето во “Руки Ѕидот”.

6 comments November 17th, 2006

Така и ти треба!

Типчето кое со фрлањето на пивото во искулираниот Рон Артест на дуелот Детроит - Индијана пред некои две години (поточно -14.11.) си го доби она и што го заслужи. Извесното муле со име Џон Грин, кој мора да му е нешто на Том Грин, доби доживотна забрана!!! за присуство на средбите на Детроит дома. Сега нека иде нека фрла пиво по жена му дома. (Ова не значи дека сум за насилство над жените. Разбира се. А ништо чудно таков кретен и да нема жена.)

Кога сме више тука, ај да се потсетиме на тој “светол” момент од НБА историјата.

АПДЕЈТ: Сасвим случајно пред некоја минута нелтав на овој линк на кој јасно може да се прочита што му кажал Рон Рон на Бен Волас пред моронот Џон Грин да го фрли пивото. Сочно!

5 comments November 17th, 2006

Next Posts Previous Posts


Календар

November 2006
M T W T F S S
« Oct   Dec »
 12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
27282930  

Архива

Категории