Archive for November 30th, 2006

Месечарење no.1 - The Magicland

(ONCE AGAIN: Ова како интро…Се молат сите блогери, сајтови и сл., кои не имаат во своите линкови да ја сменат старата адреса со новата ни дома. Благодариме. AGAIN!…Иначе, овие два-три дена немаше нешто посебно постови поради преселбата на сегашниот наш сервер на два нови, посигурни и постабилни во земја бааги далеку од нас.

Со оглед на тоа дека изминува првиот месец од новата сезона, во следните неколку дена малку ќе Месечариме со издвојување на некои од главните, не-толку главните и мрските фаци и тимови од првите 30 дена…

Photobucket - Video and Image Hosting

Почнуваме со Истокот и тимот кој барем за сега суверено си го држи првото место во својата конференција - Орландо. Вака весели во Дизниленд веројатно не биле од летото 2000 кога ги лапнаа во речиси ист ден и Грент Хил и Трејси Мекгрејди (сите знаеме како заврши тоа), а можеби па и од времето кога Шек и Пени беа страв и трепет низ лигата.

Орландо има нова главна фаца во ѕверот Двајт Хауард на кого кога ќе се размавта со бицепсите, трицепсите и рамењата никој не може да му фати скок. Баш заради тоа момакот е прв скокач во лигата и со право иднината на лигата во рекетот. Тие што се со NBA Macedonia од нејзиниот старт знаат дека Двајт го најавував како следна голема фаца уште од неговиот почеток, а тоа полека се остварува. Доказ за тоа беше и СП, а и првиот месец од новата сезона.

Покрај Ѕверот, Орландо има солиден микс на млади играчи и искусни фаци кои барем за сега одлично ги вклопува во целина Брајан Хил. Грент Хил (пу, пу, пу…) конечно е здрав (и жив) и е лидер на младите момци. Задача во која му помагаат и Тони Бети, па и Хидо и Аројо. Баш Порториканецот со Џамир Нелсон прави солиден тандем на плеј, а од помош сезонава е и Кион Дулинг. Од корист е и Дарк-О, но се уште не покажал нешто со што би ги заслужил тие 60 милиони кои ги побара пред две недели за продолжување, а не е лош, посебно во одбраната ни Тревор Ариза. Лош, и за сега неупотреблив (освен за сликања) е Џеј-Џеј Редик, на кого многумина и онака не му предвидуваа некоја посебна НБА кариера по добрата игра на Дјук.

Тоа е за Орландо, најдобиот тим на Истокот по првите месец дена и тим со една од најсветлите иднини во моментов. Дизниленд пак стана интересен.

4 comments November 30th, 2006


Календар

November 2006
M T W T F S S
« Oct   Dec »
 12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
27282930  

Архива

Категории