Archive for November 25th, 2006

Било некогаш, Ружни дресови, Компирите на Бен, And the beat goes on…

(Ова како интро…Се молат сите блогери, сајтови и сл., кои не имаат во своите линкови да ја сменат старата адреса со новата ни дома. Благодариме.)

Во последниве 16-17 часа гледав три утакмици, една во живо и две снимки. Можеби фактот дека најдобрата од сите три беше најстарата, одиграна во Бостон Гарден пред цели 18 години кажува доволно за тоа каква кошарка во моментов се игра во лигата, затоа што Далас и Сан Антонио, односно Кливленд и Индијана, дефинитивно не ми понудија доволно аргументи за денешните НБА ѕвезди.

Photobucket - Video and Image Hosting

За тоа што гледав прво нема да пишувам многу, затоа што овде веќе имам пишувано за дуелите на Бостон и Атланта во втората половина на 80-те, посебно на полуфиналето на Истокот 1988 год. и легендарниот Гејм 7 од таа серија. За вонвременската големина на таа серија и дуелите на Бирд и Доминик нема потреба да се прави муабет, но нешто друго беше, покрај тоа што више никад нема да видиме некои како тие двајца, тоа што ми фати око на таа седма утакмица, а потоа само како потврда ми дојдоа Кавси во Инди (во живо) и Мавси во Аламо (сабајлево преку снимка).

Тоа е фактот дека тогаш, во доцните 80-ти, па и на почетокот на 90-те, судиите многу потешко се одлучуваа да дувнат фаул. Нешто што денеска се чини дека го прават на секој можен контакт. Тоа ме натера на размислување дека во денешно време, со денешниве судиски критериуми, играчите како Мајкл, Доминик, Лери, Кинг, Инглиш, Карл Мелоун итн…ко ништо ќе имаа просеци од преку 35, а ништо чудно и преку 40 поени.

Зошто? Затоа што гледајќи како судиите му го дуваат секој контакт на Лербон и Џермејн, односно Данкан, посебно трите слободни на крај, убеден сум дека тоа друштво кое го спомнав погоре, на секоја утакмица ќе поминуваше по една цела четвртина на линијата за слободни. (Можеби немало да биде интересно за гледање, ама…)
За разлика од некогаш, денес се свири секој контакт со испружена рака, било да е вон или во рекетот. Се свири скоро секој судир во рекетот. Ја имаме онаа “No Charge Zone”, која нашиот прославен НБА коментатор во 2-3 сезона од кога беше воведена немаше појма што значи, па кажуваше работи како дека е таму чисто ставена естетски?!?!?, па сега имаме и граница меѓу фаул во напад и одбрана. Нешто што порано се свиреше редовно контра офанзивниот играч. Порано можеше да се влече по дрес кога некој е без топка, да се плеска по раце, штипе и сл. подли работи кои беа специјалитет на некои од најпознатите имиња.

Денешните суперстарови (примадони) се заштитени од сето тоа. Да не зборувам па колку повеќе заработуваат од ѕвездите од 80-те, кои за тогаш астрономски 2,5 милиони по сезона секоја вечер гинеа на теренот. Или не било до парите?

Како и да, јасно ви е колку ме импресионирале за пишување четирите сегашни екипи, што скоро целиов пост им го посветив на некои други ѕвезди, ама ај да кажам по нешто и за нив.

Photobucket - Video and Image Hosting

Кавси треба сериозно да размислат за тоа дали Мајк Браун е тренер за нив. Откако имаа плус 15 во 1. полувреме, Кавси дозволија Инди да го сврти резултатот и да победи, и тоа со никаква игра. За нивна среќа, Кавси беа уште победни од нив, посебно во напад каде се се чекаше од Леброн, па Пејсерси паметно го удвојуваа и утројуваа и овој не можеше глава да дигне. А и кога ќе дигнеше, ќе направеше некоја грешка. Да не ни почнувам за тоа каква грешка беа дресовите со кои играа двете екипи, посебно тие на Кавси.Или па можеби ради нив играа и така ружна кошарка? Двете екипи беа во ретро моуд. Дресовите на Кавси беа од пред повеќе од 20 години и беа ужасно, бледо портокалови. Нешто што можеби некогаш било кул, ама сега е тотален кич. Тие на Инди не беа многу бољи и многу беа слични со тие на МЗТ. Ги извади што беа едноставни и бели.

Што се однесува на најголемото ривалство во лигата во моментов, Спарси и Мавси пак одиграа повуци-потегни утакмица која се решаваше на крајот. Или судиите ја решаваа на крајот? Ману се повреди, а без него Спарси немаа втора опција или играч кој би пробил на удвојувањата од Тимчо. Лонгориа се пробуди на крај, ама беше прекасно. Дирк ко Дирк, секогаш добар против Спарси, кои - било да е Оберто или Хори, немаат лек за него. Осум победи по ред по бедните 0-4 на стартот за Мавси. Свака част.

* * * * *

Од другото што се дешаваше синоќа, Ајверсон и тоа како се врати кај Сиксерси со 46 поени и 10 асистенции. Но, тоа не е статистика на вечерта него 0 поени, 0 скокови, 0 украдени топки и 0 блокади на Бен Волас за 19 минути во игра. Јас не сум изненаден, но сигурен сум дека Џон Пексон сега кубе коса за парите кои ги фрли во бунар летово.

Атланта се врати на победите против Торонто, каде треба да размислат и за останувањето на Мичел на клупата…Никси им вратија на бедните Селтикси за поразот во МСГ…Орландо само ја продужи мизеријата на Мајами, каде Рајли очајно пробува со ротации и џокери да ги разбуди играчите. Вејд феноменален, ама џабе…Мини тепаше кај Хорнетси…Пистонси имаат пет по ред…Визардси абер немаат да тепаат на гости, а со само мизерни 3 поени!!! на Аринас не ни треба многу да се надеваат…Денвер и Г.Стејт потсетија на периодот кој го спомнав погоре во кој секоја нивна средба одела на скоро 300 поени вкупно. Мело доби партнер во Џеј-Ар Смит…Амари потсети на себе со Нетси, а Неш потсети на МВП партиите против гостите кај кои најефикасен беше рукито Маркус Вилијамс…Кевин Мартин со 35 ги изненади Соникси и Кингси тепаа и без Рон-Рон и Милер.

Photobucket - Video and Image Hosting

За крај Јута, која стана специјалист за камбек победи последнава недела. За тимот на Џери Слоун никогаш и немало загубена утакмица, а во Бузер и Вилијамс полека добива играчи кои би можеле колку-толку да ги наследат Мелоун и Стоктон. Скор 12-1 и тоа најчесто без повредениот Кириленко, кој рака на срце и кога играше не беше од некоја посебна корист за тимот. Одлични се Мемо и дебитаните, како и ветеранот Фишер. Ама светло-плавиве дресови на Јута им се ептен гадни. И покрај тоа што таа боја ми е омилена….Eнд д бит гоус он…

8 comments November 25th, 2006


Календар

November 2006
M T W T F S S
« Oct   Dec »
 12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
27282930  

Архива

Категории