Сезонава момците кои ги носат дресовите на Мајами ни малку не личат на оние кои од мртви 0-2 се вратија во јуни и им одржаа лекција на Мавси стигајќи до првата титула во клупската историја.
Но, пред нецели недела дена во Њу Џерси се изгледаше како да е јуни (или мај) годинава. Вејд и Хит им одржаа лекција на Нетси. Шек се врати на теренот и на неколку пати заличе на стариот Дизел. Во тоа најдобро се увери рукито Маркус Вилијамс, кој малку подрани со удирањето во “Руки Ѕидот”.
November 17th, 2006
Типчето кое со фрлањето на пивото во искулираниот Рон Артест на дуелот Детроит - Индијана пред некои две години (поточно -14.11.) си го доби она и што го заслужи. Извесното муле со име Џон Грин, кој мора да му е нешто на Том Грин, доби доживотна забрана!!! за присуство на средбите на Детроит дома. Сега нека иде нека фрла пиво по жена му дома. (Ова не значи дека сум за насилство над жените. Разбира се. А ништо чудно таков кретен и да нема жена.)
Кога сме више тука, ај да се потсетиме на тој “светол” момент од НБА историјата.
АПДЕЈТ: Сасвим случајно пред некоја минута нелтав на овој линк на кој јасно може да се прочита што му кажал Рон Рон на Бен Волас пред моронот Џон Грин да го фрли пивото. Сочно!
November 17th, 2006