All that Jazz - агејн

Јута нема абер да застане, а кога таму се сите здрави (т.е. скоро сите) тие можат комотно да победат секого. Со плескањето на Клиперси вчера момците на Џери Слоун се на најдобри во лигата во моментов 7-1, свој најдобар старт по онаа локаут сезона од 1999 година. Значи, и вториот неделен преглед сезонава го почнуваме со Јута, на која сабајлево не и фалеше ни Кириленко (кој и онака играше слабо сезонава), покрај страшните Мемо, Дерон и Бузер, на кои во последно време дружба им прават и рукито Пол Милсап и Мет Харпринг. Отсекогаш сум го почитувал Џери Слоун и типот заслужува сезонава да игра плеј-оф. Ако ради ништо друго, онда ради џигерот на Мемо.
- Еднаш кажав, ама ај пак - Тоа што Мајами изгуби од Чикаго дома на отварањето ама ич не ме изненади и реков дека очекувам уште неколку нивни домашни порази во првиве месец - месец и пол од сезоната. Така беше и на последниве две во Мајами каде најпрво Јаоза и Рокетси се прошетаа до победа, а онда и Мело и Нагетси по 0-3 стигнаа до 3-3 користејќи ја новата пауза на Шек. Вејд е преморен, ама пак мора да игра преку 40 мин. на секој меч, Вокер, Зо и Пејтон се луѓе во години кои не е здраво секоја вечер толку да ги трчаш како што тоа го прави Рајли. Ќе рикнат. Ама, во немање алтернативи, за што сам си е крив, Залижаниот мора да ги поти старците. Баш затоа ќе пукнат и на уште неколку средби во ноември.
- Јаоза го спомнав, а тој полека си докажува кој е прва фаца на Хјустон и кој е прв центар во лигата. И самиот Шек се увери во тоа, а пошто други центри и онака нема, одлуката за тоа кој е најдобар и не е нешто тешка. Само поради Јаоза, Рокетси до синоќа беа при врвот на Западот, а по лекцијата од резервите на Спарси сфатија дека имаат уште по некоја лекција да научат за да ги стигнат роботите на Поп.
- Баш Спарси се покрај Јута најдобри до сега сезонава, и тоа без некои посебни партии на Ману, а и Тимчо од време на време си има слободен ден. Тончи Лонгориа си е стандарден, а најфаца до сега им е Франциско Елсон, Холанџанецот кој одлично се уклопи на петка, каде комбинира минути со Оберто. Како што сега стојат работите, ништо чудно следниот јуни Тимчо па да си биде МВП на финалето. Нешто што и онака му е инсталирано уште на Девст. острови.

- Хорнетси почнаа да пукаат по оние 4-0 и да се враќаат во нормала. Пеџа сабајлево се разбуди и потсети на оној Пеџа каков го немаме видено доооооооооолго време. Со рекорд на кариера од 42 поени ги степа Бобкетси кои се бедни на 1-6, иако Мека е ѕвер сезонава. Кога сме кај Пеџа, типот конечно почна да покажува знаци на живот и барем малце да ги оправдува оние 64 милиони кои Хорнетси му ги уплатија на сметка летово (не сите одеднаш). Истото не може да се каже и за Бен Волас, но па и кој очекуваше од него да оправда што некој фрлил буџет на некоја мала банана-република на тип кој нема појма од игра во напад и е пренизок за центар. Настрана неговите дефанзивни достигнувања во кариерата, но на Булси им требаше некој што ќе дава поени летово. Дефанзивци и онака имаат доста. Ипак, не си е Бен крив што некој решил да му даде 60 милиони долари. Думарс беше паметен.
- Дон Нелсон полека си се враќа на корените во Оукленд и прави интересна екипа за гледање од Вориорси. Исто како и пред 13-14-15 години, клуч за таквата брза игра е плејот, а како некогаш Тими Хардевеј, тоа сега е Берон, кој ако не се повреди е сигурен Ол-Стар…На спротивната страна на САД, Селтикси се бедни до коска, а Ред Оербах сигурно сега се превртува во гроб откако пред да почне сезоната Бостин најави дека оваа сезона му ја посветува нему. Одличен начин да се одбележи човекот кој во разни улоги учествуваше во сите 16 титули. Бостон има една победа, и тоа едвај тепаше со Бобкетси. Беда.
- Три од петте екипи во Централ се со негативен скор, Нетси и Сиксерси се на 3-3 во Атлантик, а во Саутист позитивни се Орландо, Атланта и Вашингтон, Мајами - не. Тоа е мизеријата на Истокот на стартот на сезоната. Сликата на Западот е многу по различна, само што уште малку сумњив е Пацификот каде Феникс е задњи. Далас полека се оправа, и тоа откако им се повреди Џош Хауард…Колку е беден Истокот во моментов најдобро покажува серијата од три победи на Сиетл на турнејата таму, а најголем отпор им пружија Хоукси кои изгубија после плус пет минути. Мајами, како и Орландо едвај спаси глава.
* * * * *
Еве уште по некој линк…
“Every time I score on him I was happy like a kid, like a kid getting candy on Halloween because it’s really too hard to score on him, too hard. He’s just great.” - Јао за играњето против Шек.
- Добрите игри на Мека пак ја отворија дебата: Мека или Двајт? Кого би одбрале вие?
- Пак некој го тужи Коби. Хмммм…Мада целава работа ми делува малку без врска. Посебно што дури после толку време му текнало на типчето да стегне тужба.
- Знам дека на Мемфис му е тешко без Пау-Пау, ама дека ќе паднат толку ниско па прва опција во напад ќе им стане женско!?!?!? И тоа со големи сиски.
9 comments November 15th, 2006
