Archive for November 12th, 2006

Ред го симна Џабар, ама не и Џезот!

Мајкл Ред синоќа го сруши тимскиот рекорд на Бакси, поставен од страна на Џабар, постигнувајќи јебени 57 поена против Јута.

Ама со Јута нема заебанција - особено не со мојот омилен лик од таму - Дерон Вилијамс кој забележа 27 поена и 15 асистенции и кој конечно се наоѓа себе си.. Бузер игра Олстар сезона, тоа се потврди со уште еден дабл-дабл (32-10; оваа прилика ја користам да плукнам врз сите мои плуканици врз Бузер), а клупата на Јута успеа да искомпензира мизерниот учинок на Мемо (3 поена) и повредата на АК47 (да се надеваме дека ќе се врати, ГРЕОТА стварно, секоја сезона ова да им се дешава на Јута, онака ќе пропаднат).
Него, еве што за Дерон Вилијамс пиша Шеп у најавата лани:

Најважно засилување: е баш засилување за овој тим е Дерон Вилијамс. Бекот на Илионис доаѓа на голема врата во Лигата, после феноменалната сезона во НЦАА. Споредбата со Џејсон Кид и не е случајна (иако е претеризам). Сепак, Дерон е енергичен плеј, неверојатно талентиран со топката. Како додавач е скоро перфектен, прототип на асистент, а и шутот не му е лош (плус знае да погоди кога е тенко). Физички е јак, психички е стабилен, а како мана единствено може да му се земе непостојаноста во одбрана. Сепак, тоа го компензира со присуство под кош, каде знае да зграби некој скок. Се` на се`, перфект фит за Јута, каде конкуренција едино ќе му биде Кит Меклеод и Милт Паласио.

Малце со закаснување му доаѓа ова, пошто лани и не брилјираше баш ко што очекував, ама последниве неколку партии покажуваат дека полека ќе си дое све на свое место..

* * *

За другите работи, ни мање ни више, имате резултати горе десно, ускликајте :) За човек кој шо нема кај да глеа НБА, и ова е надминување на сам себе.. Амари постигнал 25 поена у победата на Санс над Мемфис.. Леброн го закопа и Бостон.. Соникси ги прекинаа забревтаните Млади Јастреби од АтАланта..

Него, еве го потегот од вчера на Коби кој беше у сенка на Грент-Хил-партијата на Тејшон во Стејплс. За сите Кобиљупци, и особено за Кобимразачите:

Јачина!

4 comments November 12th, 2006


Календар

November 2006
M T W T F S S
« Oct   Dec »
 12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
27282930  

Архива

Категории