Мифка, Муда, Хоукси и Блејзерси газат, Мело се омрсе
Вчера ги гледав Нетси и Мајами и одличниот камбек и победа на шампионот, кој покажа заби и покажа зашто Нетси им се редовни пациенти последно време. Она што го покажа Мајами е токму она што Нетси сонуваат да го имаат, а веројатно никад, или во блиската иднина нема да го имаат. Народски тоа се вика МУДА.
Стално кога ги гледам Нетси имам еден проблем, а тоа е што не знам кој Винс Картер ќе се појави на теренот. Не кријам дека на времето кога почна во лигата ми беше еден од најомилените играчи, ама па и не кријам дека помина долго време откако Винс ми бил, во најмала рака - интересен. Знам дека меѓу вас има големи фанови на типот, ама уште од ОИ во Сиднеј кога се понашаше како гето-фраер и беше лут на секој кој се осмелеше да му врати збор или не дај Боже да поентира преку него, Винс ми е, пак народски кажано - МИФКА.
Во целава прича го ставам талентот на страна, зошто тој никако не е спорен. Но, имало многу фаци низ НБА за кои талентот не бил спорен, но го немале она другото што е потребно да се стане играчиште. Сега доаѓаме до факторот МУДА и до синоќешниот дуел со Нетси во кој очигледно беше на чија страна се мудата и очигледно беше зошто некој редовно испаѓа во 1. или 2. рунда од плеј-офот. Како и зошто некој е актуелен МВП на Финалето по само три години во лигата.
Ако ОИ 2000 беа моментот кога Винс почна да го губи сјајот, повредите (за кои тој не си е крив) и фолирањето во Торонто го направија еден од најомразените ликови во Торонто и Канада. Тоа кулминираше со неговите изјави дека намерно играл слабо последните година и пол за Репторси за да ги убеди да го трампаат. Тоа се зборови од играч на кого му се плаќаат огромни пари за да дава секој вечер 100% од себе и својот талент на теренот?!?!?! Винс е веројатно првиот играч кој не бил стварно слаб, ама играл слабо само за да го трампаат. После трејдот Картер се препороди, но само како играч. Истиот гето лик остана присутен во неговите изјави, а во интервјуата после трејдот даваше изјави од типот дека во Канада и Торонто со него се однесувале расистички и дека не го сакале зошто е црнец??!?!
Во англискиот јазик има еден поим DRIVE со кој се опишува она што те тера напред, што те тера да бидеш најуспешен, најдобар. И покрај сиот талент, Винс за разлика од Вејд, Коби, Леброн, Ајверсон и останатите од НБА елитата тоа го нема кај себе и токму затоа во сите анализи е таму негде околу 20-то место на ТОП НБА листата. Винс веројатно и сезонава ќе реши понекоја утакмица и ќе биде херој на Нетси, ама тоа нема да го мрдне погоре на листата. Посебно не со надоаѓањето на гладните млади ѕвезди.
Кога гледате било кое од имињата кои ги спомнав погоре, кај секој од тие играчи во очите се гледа желбата за победа. Кога ќе ја направат онаа фаца кога знаете дека што и да направи одбраната, нема да може никој да ги спречи во таа намера. Кај Винс таа фаца и тој поглед ги нема. Ги немало никад. Ни на NC, ни во Торонто, а ни во Нетси. Да ги имаше, немаше ни да го пишувам овој пост.
И целиов муабет без она негово одбивање, па дури по пола саат убедување, прифаќање да му отстапи место на Мајкл на Ол-Старот во Атланта, лошата селекција на шутот, расипаните односи со голем број бивши соиграчи, честото фолирање повреди, како и изјавите летово дека му е убаво во Нетси, ама следното лето би сакал да игра поблиску со дома. Мифка.
* * * * *
После Мифката еве уште по нешто за синоќешните утакмици, како и по некој линк….
- Индијана ја гледав неделава во победата над Сиксерси и иако таа средба ја добија доста лесно, не ми оставија впечаток на екипа која би можела нешто да значи кога ќе дојде време за плеј-офот. Со неколку слични играчи кои играат на исти позиции и без некоја посебна организација на играта. Доброто беше што доста ја движеа топката, а и што погодуваа. Плус, колку-толку им функционираше одбраната, што очигледно беше случај и сабајлево во победата дома над Орландо. Ал Херингтон полека си фаќа ритам, така да и само 9-те поени на Џермејн не му помогнаа многу на Орландо. По добриот старт стварите не се баш така убави во Дизниленд, а последен муабет е дека Аројо е блиску до истискување на Нелсон од првите пет. Како да го спомнав тоа во најавата за Саутист.
- Кога лани упорно тврдев дека Борче Диа и Џо Џонсон не можат да се споредуваат, голем дел од вас, а и некои други мои пријатели се сложија со тоа. Само што тие предност му даваа на Френчито. Во некој следен пост ќе ги извадам и линковите до тие постови, а сега остајте ме да уживам во 4-1 скорот на Хоукси, 29-те поени по утакмица на Џо и првото место на Атланта на Истокот!!! Задња жртва беше сабајлево Торонто. Еве и линк од аспект на канадски медиум.
- Слично како и Хоукси, и Блејзерси сезонава не личат на себе и изгледа младите момци конечно почнаа да ги впиваат лекциите на Мекмилан. Зеко Рендолф барем за сега расчистил со сите глупости вон теренот и е лидер на тимот, а и еден од најдобите стрелци до сега. Хорнетси по оние 4-0 имаат 0-2.
- Денвер се омрсе. И тоа убаво се омрсе, во Филаделфија каде ги има најдобрите чиз стекови и слични пржени и нискокалорични ствари во САД. Мело конечно доби каква-таква помош и више нема екипа без победа сезонава. Тужна вест за Нагетси е потребата од нова операција на коленото за Кенјон Мартин, ама за тоа ќе пишеме посебен пост. Не дека Мартин како играч го заслужува тоа.
- Јаоза дефинитивно се промовираше во лидер на Хјустон сезонава, барем додека грбот и целата конструкција на Мекгрејди не биде во склад со неговите години. Минг си играше со Никси. Ама и тоа па и не е некое достигнување последниве неколку години.
- Детроит без РИП, Детроит тепа во Ел-Еј. Лејкерси бедни, Принс и Билапс страшни. Најсмешен дел ми беше најавата на ЕСПН во која самоуверено изјавуваа Ентони и другарите дека Лејкерси вечер ќе го имаат во состав Квами (кој не ни играше) и кој во комбинација со Енрдју Бајнам им дава, со нивни зборови two-headed monster во рекетот!?!?!? И после зашто не ги поштуем.
- Во Шарлот, Мека игра добро, али Бобкетси губат…Во Вашингтон, Аринас, Џејмисон и Батлер и сезонава се ѕверови како трио, а и тешко се победува во Ди-Си.Тоа го дознаа и Бакси сабајлево…Пирс си игра, ама освен против Бобкетси, Бостон нема абер да победи друга некоја екипа. Јута со зверовите Бузер, Мемо и Дерон им отсвири вчера сред Бостон.
*
- Баркли за Феникс Санс: “Until they adress their defensive rebounding, they’re gonna be like that pretty girl you go out with, then you take her home and she takes her weave out and you’re like, Wow, you’re not as pretty as I thought you were.”
- А еве и изјави на Мајк Бркот Д’Антони за своите Санси по бедниот старт на сезоната.
6 comments November 11th, 2006

