Зналац ги виде Оберто, Вон, Бено и Бонер
Како и што вети, Зналав ни прати слики од Сан Ан. - Торонто. Ние малце касниме со објавување, ама што да праиш, што ќе праиш, што да пра… Така, по ланските слики од Чикаго и Мајами, можеме да се пофалиме со фотки и од домот на Репторси…Само уште да фатеше некоја фотка во текот на мечот:)
Новата сезона ја почнав со мечот против ЅАЅ. Како што знаете, ЅАЅ победи, Berry беше 5-5 за три, просечен меч и рутинска победа на Поп и компанија. Инаку, овде сезоната полека фаќа ритам, се вртат утакмици и се прават прогнози.
Читам за тоа дека скратиле НБА на Спорт 4, па размислувам како можам да помогнам. Нормално, прво што ми паѓа на памет е streaming, но тоа можете да го уловите и со TVU Player и некои други алатки. Друга опција е да снимам некои од поинересените мечеви и да upload-ирам. За двете опции сум ОК.
Streaming би одел max на 800 KB up / 6 MB down конекција, што би било задоволително ако има DSL на другата страна (јас така гледав СП во фудбал на работа - беше во работно време) и квалитетот е сосема добар.
Не знам колку луѓе би биле заинтересирани за ова со оглед дека цената на DSL таму е 20 пати повисока од овде. За снимање и качување на сервер исто така не е некој проблем, под услов да имате желба и простор да правите база на снимки. Како и да е, ако мислите дека нешто од ова би било од корист, кажете па ќе се обидам да го реализирам.
8 comments November 10th, 2006



