Archive for November 9th, 2006

Сајт на денот, повторно

Македонскиот блог посветен на НБА повторно го заслужи местото како веб-сајт на денот поради повлекувањето уште еден потег со кој се заокружува нивното етаблирање како самостоен бренд. Од неодамна, тие се префрлени на посебен сервер и не користат бесплатен блогерски сервис. Како круна на таа операција имаат регистрирано и свој самостоен домен, со кој имаат преземено тотална контрола врз сопствениот идентитет на Интернет.

Иако ова доведува до привремен низок ранг на Гугл, ситуацијата на тоа поле ќе се поправи откако оние што поставиле линкови до старата адреса ќе ги освежат, односно со поставување нови линкови од идните блогери/љубители на американската кошарка.

Секако, исклучително е пофално тоа што се зачувани и префрлени старите архиви на постови, со што се обезбедуваат и континуитет на содржините и можност за понапредно пребарување и категоризирање. Авторите Шепард и Каракаш најавуваат постојано дополнување во нивниот карактеристичен репортерско-коментаторски стил, а менувањето платформа не влијае драстично на опаѓањето на просечната посетеност на дневно ниво.

Денеска, во Време.

2 comments November 9th, 2006

Гушкањееее

Photobucket - Video and Image HostingPhotobucket - Video and Image HostingPhotobucket - Video and Image HostingPhotobucket - Video and Image Hosting

Сезонава испаѓа дека среда е најинтересен ден за гледање НБА. Барем до сега. Така сабајлево имавме една од најинтересните и најнеизвесни НБА вечери со две утакмици кои отидоа во продолжение и уште четири кои беа решени во последните секунди. Што е уште поинтересно, тие кои се решаваа во финишот беа оние средби кои беа оценети како најслаби и кои ретко која ТВ ги даваше (освен локалните низ САД), а оние кои требаше да бидат понеизвесни завршија со лесни победи на домаќините. Идеме со ред, онака…кратко…

Џамал Крафорд исто како и лани, кога со шутеви во задњи секунди решаваше средби, му пресуди на Денвер со тројка пред крај, откако Нагетси успеаа да упропастат и фрлат во вода плус 12 на девет мин. до крај и 37. поени на Мело. Денвер се уШте нема победа, а друштво во бедотијата им прави и Далас, кој беше преслушан и од Клиперси.

Феникс го врати Амари во пвите пет и знаеше дела Тони Лонгориа и Тимчо Роботчо се најопасни кај Спарси. Арно ама, изненадување за Санси, па и за Спарси беше косматиот Оберто со совршени 11-11 од игра и првиот дабл-дабл во кариерата. Кога не е Ману, тогаш е Фабрисио. Нема спас од Аргентинциве.

Бостон избега од дружбата на Далас и Денвер со едвај победа над Бобкетси. Воли и Пирс убација по 35 поени, ама јунакот беше Делонте со шут со сирена за победа од 110-108. Пол ја имаше клучната асистенција, ама и загуби дури 12 топки.

Хидо им послужи шиш-ќебап на Соникси со шутот за два на секунда до крајот и му го нанесе вториот пораз во финишот на Сиетл во двете вечери кои ги минаа на посета на Флорида. Во отприлика исто време Крис Бош погоди тројка со сирена за победа на единствениот Евролига тим во лига над Сиксерси за кои Ајверсон пак беше Ајверсон со 35 и 10.

Рокетси конечно се здрави и тоа се одразува на победите. Следни на списокот им беа Бакси….Во Њу Џерси, Картер преферира да слуша хип-хоп, а поретко џез, така да Јута мораше да се помири со својот прв пораз сезонава…Коби беше најбољи за Лејкерси, помина 30 поени за прв пат сезонава и Лејкерси изгубија во Портланд. Познато…Аринас пак заби најмалце 40, а Инди без Џермејн немаше шанси во Вашингтон.

4 comments November 9th, 2006


Календар

November 2006
M T W T F S S
« Oct   Dec »
 12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
27282930  

Архива

Категории