All that Jazz
Обично е тешко било што да се предвиди по само недела дена баскет, посебно во силна и изедначена лига како НБА и посебно по во просек 4 средби на секоја екипа. Сепак, она што се случуваше во овие недела дена од стартот на сезоната упатува на уште една изедначена сезона како ланската, ако не и поинтересна. Еве неколку ствари кои привлекоа внимание по првата НБА недела…
- Јута никад не ми била симпатична, мада увек сум ги ценел основите на кошарката кои ги направија играчишта Стоктон и Мелоун.Од друга страна, Џери Слоун отсекогаш ми бил една од најкул тренерски фаци, тип кој не трпел срања ни од Карл, ни од било кој друг. Плус, Џери (Не ви личи како да му е татко на Хајнрих?) е страшен тренер кој од разни причини не го доби респектот кој го заслужува во НБА. Не се останува на едно место толку време ако не те бива. Посебно не во средина како Јута. Последниве две години сите викаа дека ако Андреј, Мемо и Карлос останат здрави, Јута ќе биде страшна екипа. Е па, до сега сите се здрави…пу-пу-пу…Карлос е играч на неделата на Запад, а Јута со 4-0 е прва во лига. Мормони, уживајте, додека трае….а би можело и да потрае.
- Ајверсон и Гарнет. Сите ги ставаа во разни шпекулации во текот на летото, а некои (меѓу кои и ние) го облекуваа и во два различни дреса, еден црвено-бел, другиот зелено-бел. Нормално, како и при секои чаршиски муабети, Кеј-Џи и Ален си останаа во своите единствени НБА клубови и барем за сега покажуваат дека нема туку-така да се откажат од сонот. Тоа посебно се однесува на Ајверсон чиви Сиксерси имаат старт од 3-0, а Ален е до сега најдобар играч во лигата со просек од преку 30 поени и околу десет асистенции. Не знам колку Сиксерси можат да издржат во овој ритам, ама знам дека можеа да сањаат за вакво нешто доколку летово го трампаа Ален.
- Ланските финалисти Мајами и Далас како уште да се на летен одмор, посебно Мавси кои не можат за жива глава да победат и со Бостон и Денвер (тоа би требало да се смени вечер) се единствени без победа после недела дена. Што се однесува до Мајами, од нив и очекував и поспор старт, што поради годините на играчите, заморот на Вејд и дупката на плеј. Ама пак не ми е јасно што се дешава со Далас. Како да се уште им трае менталниот колапс од Гејм 3 од финалето. Кјубан почна да дига раце од комуникација со Штерн, а Ејвори и играчите се страшно нервозни и си собираат технички, исклучувања и намерни лични. Дали Ејвори и Мавси беа one year wonder што вокаат Америте? Или не?
- Њујорк ко Њујорк. Ајзеа ко Ајзеа. Жива беда за како што популарно ја нарекуваат “кошаркарската Мека” во која како сите да навикнаа Никси да не ги бива за ***. Сигурно и самиот Ајзеа сфаќа каков хаос направи со купувањето на секој играч на кој ќе му текнеше во моментот, а кој не го сакаа во неговата претходна екипа. Џејлен Роуз сега се гази од смеење лежејќи покрај својот базен во Феникс.
- Портланд и Атланта лани беа за смеење, ама тоа не е случај ни сезонава…до сега. За Хоукси нејќам да пишувам многу за да не ги урочам. Само ќе кажам дека Џо Џонсон е играчиште и дека у моментов покажува зошто Атланта го даде Борче Диа за него лани. Борче сезонава ептен личи на Борче од Атланта, а не од ланските Санси. Портланд пак има страшен руки во Брендон Рој кој е главен кандидат за ROY, само што последната повреда би можела малце да го успори. Како и да е, претстои светла иднина во Атланта и Портланд.
Само за Пацифик не пишав најава и сега ми е безвезно и да ја пишувам. Ајде само на брзинка. Феникс ќе го ставев прв, а после спориот старт единствен тим кој би можел да ги претрка се Клиперси, мада останувам на Неш енд компани. Амари имаше спор камбек, ама има време да се врати барем до негде во старата форма. Сем Ај Ем со Магети е главен ѕвер до сега за Клиперси, за кои Бренд е необично слаб. Лејкерси изненадија со три победи по ред, две без Коби, ама доста им е 3, место во оваа дивизија. За 4то ќе се тепаат Вориорси и Кингси, а ни лесно може да се случи ни едни од нив да не го видат плеј-офот.
Еве уште по некој линк…

- Како што трнла Шид е на добар пат да стигне до 82 технички сезонава, а ваквите изјави после поразот во Јута нема многу да му помогнат во следните средби. НБА судиите до збор ги применуваат новите упатства за однос со играчите на кои више не им дозволено да се однесуваат како гето фраери и да кажуваат што ќе им текне кон судиите ако нешто не им е по ќеф. Покрај Шид, тоа на своја кожа го осетија уште неколку познати играчи, ама за разлика од Шид тие беа доволно паметни па си ги признаа гешките. Шид си останува она што бил отсекогаш - Гето.
- Другарите од YAY! имаат нов предлог за ново лого. Кејвмен стајл.
- Рон-Рон го промовираше својот нов спот…на нет. Ако сакате да го ѕирнете и даулодиратеклик тука.
17 comments November 7th, 2006
