Archive for November 2nd, 2006

Бујрум

После неколкудневна макотрпна работа на мкнење коментари, пакување постови, качување на рамо банери и ставање у архивар на архивите (логично), NBA Macedonia конечно си најде ново дома и ги откачи газдите од Блогер каде бевме кираџии скоро година и пол.

Овие година и пол беа ОК, ама јас и Шепард си знеме колку пати ни пушти вода парното од комшијата, колку пати лифтот ни се заглавуваше у три сабајле, колку пати ни наплатија за телефон иако го немаме и уште многу, многу такви “колку пати” ситуации, кои ни дојдоа преку глава. Осилени од влашкото лоби и за инат на Масоните си најдовме ново дома, и тао новоградба и ич не ни е гајле ако ни се јават уште неколку ликови со папири дека тоа е нивно дома за кое уредно си платиле. Ние више си се уселивме и не мислиме да мрдаме некое време. Башка…има убав поглед.

Е сеа, како што може да приметите и на новата адреса има работа. Ние само закречивме и го истругавме паркетот во ходникот и во дневната, а има уште да се средува по другите соби кои планираме со тек на време да бидат отворени за сите кои ќе ни дојдат на гости.

За старт, под овој Велкам ноут ги имате најавите кои ви ги дужиме за две од трите дивизии на Западот. Третата-Пацифик, ќе биде деновиве, стајте ни ја на рабуш.

26 comments November 2nd, 2006

За два дена пост - ретроактивно

Во овие неколку дена додека се вселувавме се одиграа првите два дена од новата и единствени тимови кои се уште не ги видовме во акција се Сан Антонио, Далас и Денвер кои се вечерва на програма. Од она што можеше да се види овие два дена, а и без тоа, јасно е дека не очекува доста интересна сезона, па можеби и уште понеизвесна од ланската и одличниот задњи плеј-оф.

Така, Мајами си ги доби прстените и банерот, па онда доби и плескање од Булси, мада мислам дека тоа беше повеќе лоша вешер на шампионот отколку толку добра на момците на Скајлс. А такви слаби партии на Мајами ќе се дешаваат у овие први месец дена. Булси вече следната вечер беа спуштени на земја во Орландо, каде ѕверо Двајт Хауард му покажа кој е кој на Бен Волас. Овие два дена се десија и Лејкерси кои без Коби, Квами и докторот од LOST тепаа две по ред. А како тоа да не беше доволно па и екипата тренирана од Ајзеа Томас тепаше во гости над избричените Гризлиси, а и Портланд победи во Сиетл и Милвоки во Бен-лес Пистонси за кои Шид се врати у ритам и беше искључен у 3. четвртина со цели О!!! поени за своето име.

Се деси и првиот трипл-дабл сезонава од Мр.Трипл-Дабл 2000 - Џејсон Кид. Грент Хил имаше солиден камбек, како и Амари во втората средба сезонава. Се десија и други ствари, али ова колку да влеземе во ритам, од утре се по старо, само со нова шминка.

Еве неколку линкови…(за да има што да се клика):

Момците од СИ направиле фина компилација од куцањата на Леброн.

Најбизарната ствар на нет по подолго време.На кој му текнуваат вакви работи…и што е уште полошо, кој му дал работа?!?!

Џејлен си го доби откупот од Њујорк, а сега е на мета наМајами, Детроит, Феникс, Далас, Лејкерси… Како тоа на сите им трга кога ќе си отидат од Њујорк?

Блинг, Блинг.

Тајрус Томас…Велкам ту д НБА.

Весниците од Сиетл прават се за да ги задржат Соникси во својот град, но и исто така прават разно-разни прилози за одбележување на убавите времиња. Кои сезонава нема да им се вратат. Така, тие спроведоа гласање за најдобрите Соникси на сите времиња и еве ги резултатите.

Вака се прави тоа, чичко Бен.

Маската на Марфи.

Рони се изнаигра во Оукленд.

Трејси тужен.

Биг Ред трибјут.

3 comments November 2nd, 2006

Southwest најава

Истокот го завршивме и по еден ден славење 501. пост и два дена мучење со хакерски упади на Масоните и пакување и товарење постови во камион, се враќаме на најавите за новата сезона по дивизии. Денес на ред - Southwest, која со Централ конкурира за приматот на најсилна дивизија годинава.

Идеме по ред…

1. Далас

2. Сан Антонио

3. Хјустон

4. Њу Орлеанс / Оклахома сити

5. Мемфис

Еве и зошто…

Photobucket - Video and Image Hosting

1. На Далас му фалеа уште шест и пол минути добра одбрана да стигнат до 3-0 во финалето. Но, Двејн Вејд го потпали менталниот колапс на Мавси по кој тие никако не се опоравија.
Летово Кјубан и Ејвори направија неколку потези кои би требале да го задржат Далас уште некое време во најтесниот круг екипи кои ќе се борат за првак на Западот. Ентони Џонсон ќе им донесе стабилност на плеј кога ќе се успори играта, а губитокот на Маркиз Дениелс мораше да се случи откако овој не успеа да вклопи во шемата на Ејвори. Летово на нови подолги договори Кјубан ги потпиша Дирк, Тери, Хауард и Тери кои по ланската лекција од Мајами би требале да бидат за една година попаметни и поспремни за одмазда.

Photobucket - Video and Image Hosting

2. Многу лесно може да се случи ако не се поколопат сите коцки во Далас, Спарси да си ја вратат дивизијата со која до скоро доминираа. Поп е познат по чувањето на главните ѕвезди за плеј-офот, но тоа можеби нема да биде случај и годинава затоа што трката за 1. место на Западот може да се покаже како клучна за во плеј-офот. Чиповите на Роботот се исчистени, зглобот на Лонгориа е ОК, а Ману конечно е здрав пак да стане Мано. Пазете се од досадниот Сан Антонио!

*

3. Во Хјустон сега сите веројатно фрлаат парички, стискаат палци и баат Рокетси конечно да немаат проблеми со повреди и Јао и Ти-Мек да бидат здрави цела сезона. Ако тоа биде случај, потпомогнати од Батие и Бонзи тие можат да бидат многу опасни и да земат скалп на било кој фаворит од Западот во плеј-офот. Само уште Подочњакот Ван Ганди да научи и по некоја офанзивна шема и во Хјустон би можеле да се вратата убавите 90-ти (од средината).

*

4. На многу листи Хорнетси се наоѓаат и пред Хјустон, што ми е малку претерано со оглед на тоа дека најзвучни имиња летово им беа Пеџа Стојаковиќ и Тајсон Чендлер. Тачно е дека и двајцата би требале да имаат скок во играта сезонава и дека заедно со Крис Пол и Дејвид Вест ќе прават солиден квартет, а тука се и Расул, Мејсон и пиковите од задњиот драфт. Сепак, ептен ѓе треба да им оди се на нивната воденица и во Хјуѕтон пак да проработи болницата за да стигнат до плеј-офот. Пол е ѕвер и иднината на плеј, ама веројатно му фали уште некоја сезона за да стане вистински лидер на тимот. Можда со камбекот догодина во Њу Орлеанс.

*

5. Додека цела Шпанија славеше во септември, цел Мемфис ја пцуеше и коридата, и кастањенитите, и Реал и Барса. Со повредата на Пау Гасол на СП во Јапонија и паузата до јануари следната година практично заврши сезоната за Гризлиси пред и да започне. Руди Геј (како бе вакво презиме?!?!) би требал да биде ОК за брзо време, ама без Брадата едноставно не иде. Вака први ѕвезди им се Мајк Милер, Еди Џонс и Дејмон Стадемаер, заедно со Леси -Стро Свифт. Ауч.

2 comments November 2nd, 2006

Northwest најава

Атлантик е можеби беден, ама за таа титула сериозно кандидира и Нортвест. Дивизија во која го имаме најслабиот тим од лани, уште три тима кои не го ни помирисаа и еден кој лани само беше гостин во 1. рунда.

Сезонава тимовите од оваа дивизија на големо планираат камбек во плеј-офот, што не е случај само во Портланд каде се реални во врска со својот квалитет и можности.

На крајот табелата би требала да изгледа вака…

1. Денвер

2. Јута

3. Минесота

4. Сиетл

5. Портланд

Еве и зошто…

1. Мело во Јапан покажа дека е решен да докаже дека тоа што Вејд и Мело го престигнаа од драфт генерацијата 2003 е само лоша среќа. Според многумина кои ги пратеа Нагетси во текот на тренинг-кампот за очекување е страшна сезона на Мело и негова прва ол-стар селекција. Покрај него, нешто за докажување имаат и Кенјон Мартин и Нене, а тие заедно со Андре Милер, Маркус Кемби, Бојкинс и 21-годишниот Џеј-Ар Смит се единствените кои во оваа дивизија можат да стигнат до некои 45-50 победи. Плус, ептен се попунети под кош.

Photobucket - Video and Image Hosting

2. Во Јута лани беа задоволни од Дерон Вилијамс, но сезонава се очекува повеќе од наследникот на Стоктон (барем според позицијата). Ако Дерон стварно пркне како што најави во претсезоната, ако џигерот Мемо продолжи со игрите од лани и ако Бузер и Кириленко останат здрави, плеј-офот и максимално 1. рунда би можеле да се врата во Јута. Ако ништо, ради Џери Слоун. Човекот заслужил.

*

3. Кеј-Џи, Кеј-Џи, како не се опамети…Тој и Ајверсон тргнаа по патот на Јуинг, Доминик, Мелоун, Стоктон (пак) и Баркли и веројатно ќе бидат претставниците на оваа генерација кои нема никогаш да станат шампиони. Вулфси можеби летово направија неколку солидни потези, а времето ќе покаже дали трејдот Рој-Фој бил бољи за нив или за Портланд. Сепак, токму времето е нешто што Гарнет го нема и со 30 години полека му се намалуваат шансите за титула. Кои со Минесота се рамни на нула. Мајк Џејмс, па и Фој ќе помогнат, ама зимата пак ќе биде долга во Минеаполис…(кој патем ми ја има најмрската арена за гледање утакмици).

*

4. За задњите две места се мислам межу Сиетл и Портланд, али ради искуство и Реј Ален предност имаат Соникси. Ален и Луис би требале да ги држат во игра во поголемиот број средби, а Вилкокс и Риднур се солидни помошници.И тоа е се од нив, а крајот на сезоната за Роберт Вајти Свифт само уште повеќе ќе го отвори корзото во рекетот. Барем Реј ќе си брка тројкашки рекорди, а ништо чудно сезонава да биде задња во Сиетл.

*

5. Иако се жива мистерија и пак кандидати за најслаб тим, мене Блејзерси ми изгледаат дека ѓе бидат ОК…за неколку години. Паметно им беше драфтувањето на Рој, а и Олдриџ донекаде и тие двајца со другите млади играчи би требале да ја оправат работата во иднина. Сепак, ЏејлБлејзерс имиџот останува се додека не го трампаат Дариус Мајлс во Њујорк и Зеко Рендолф било каде, иако лани им беше прв стрелец и скокач. Таква црна рупа не му треба никому.

1 comment November 2nd, 2006


Календар

November 2006
M T W T F S S
« Oct   Dec »
 12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
27282930  

Архива

Категории