Archive for September, 2006
„На сета моја елоквентност можам да кажам само.. голема трагедија..“
Трагедија, како за кошарката воопшто, така и за целата забавна индустрија..
Раскин од апокалиптични димензии..
Може да се очекува повторно дрмање на цените на нафтата, нови протести во Франција.. ЛеПен и другарите трљаат раце..
Тони веќе не е Лонгорија.. иако Заза и натаму е Пачулија..
Ева и Тони.. у прешкртано срце.. рана ми се отвори..
Сан Антонио веќе не се Спарси.. ни Данкан не е Робот.. ни Поп не знае што да каже.. сите се забезекнати..
Тешко и горко..
September 30th, 2006
Двајт друже, знам дека само што излезе од пубертетски води и иако стварно си Ѕвер и веројатно ќе бидеш играчиште у следниве 10-15 години, пази какви изјави даваш во иднина. Да не ме сфатиш погрешно, отсекогаш сум сакал оптимисти, ама да изјавуваш дека во новата сезона Орландо може до титулата е ипак малце премногу (пример за оксиморон).
Не знам, можеби оптимизмот на Грент те фатил и тебе или пак тоа е само до годините…Или пак уште ти се врти од ОВА!!!…
September 29th, 2006
Кога више ве згадив со палците на црнците, а посебно тој на Маркиз Дениелс, ова и не би требало до толку да ви биде гадно.
Дехуан (или Дежуан, зависи како сте расположени за читање) после агонијата која ја имаше со повредите и посебно со здравјето конечно ја доби својата втора шанса. Ова и не е некоја вест со оглед на тоа дека Вориорси го потпишаа Вагнер на две години уште минатата недела, но не смеев да оставам да не го спомнеме со оглед на цета мука која ја имаше типот.
Како што можете да читнете и во линкот, Дехуан нема поголем дел од дебелото црево. Немам појма од медицина така да не знам како функционира без тој дел од стомакот, ама сигурен сум дека сега е доста полесен од порано. Уште откога влезе во НБА се збореше дека Вагнер има хронични проблеми со стомакот, но никој не веруваше дека работата е до толку сериозна.
Иначе, тој беше Леброн пред Леброн, нормално не според играта, него според вниманието кое му се посветуваше додека беше средношколец кое дотогаш беше нешто невидено. Веѓе беше најавуван како нов Ајверсон, а на крајот улогата на Месија на Кавси ја презема токму Леброн. Ај да се надеваме дека како и со Хил, така и Вагнер ќе успее да се врати.
* * * * *
Истото се однесува и со 2. пик од 2002 год. Џеј Вилијамс, кој ја очекуваше и ја доби поканата за тренинг кампот на Нетси. И не само тоа, него доби и договор од Њу Џерси. Свака част.
Избран од Чикаго Булс како 2. пик на драфтот 2002 година, веднаш зад Јао Минг, Вилијамс во својата прва НБА сезона оствари просек од 9.5 поени, 4.7 асистенции, 2.6 скокови и 1.15 украдени топки на 75 средби. Бројки кои му обезбедија место во вториот руки тим.
На 19 јуни 2003 година изгледаше дека неговата кариера го доживеала својот крај кога со својот само што купен мотор со голема брзина се удри во улична светилка. Сообраќајка во која ги скина лигаментите на коленото, доживеа оштетување на нервите во левата нога и заработи скршеница на карлицата. Следните три и пол месеци ги мина во болница, а недолго потоа Булси за три милиони долари му го откупија руки договорот. Од тогаш тој напорно работеше прво само да го врати своето тело во нормала, а потоа почна и да размислува за НБА камбек.
September 29th, 2006
Откако сфати дека нема шанси да ги лапне парите кои тој (и само тој) мисли дека ги заслужува, Бонзи конечно си најде клуб у кој наместо за 36 милиони кои Кингси му ги даваа за пет години ќе игра за цели 5 милиони за две години.
Хјустон е новата дома за Бонзи, а мислам дека тоа му е уште еден у низата лоши потези на типот. Или пак сака да биде резерва. Денвер, па и Мајами беа бољи ситуации за него, ама…
Повеќе за Бонзи, Шонзи, тука, во постот од пред некој ден.
* * * * *
Уште нешто. Сега листам весници и око ми фати Bреме со никој друг него Глобтротерси на насловна. Изгледа немаат за што да пишуваат, па за да бидат интересни ги ставаат Харлемовци на кавер.
Што е уште посмешно, веста е дека Глобтротерси МОЖЕБИ? ќе гостуваат во Скопје на отварањето на новата спортска сала. Објект кој најрано би бил готов 2008 година, а како што работат нема да биде готов уште најмалце пет години. Права ексклузива.
Уште па во дополнителен текст се спомнуваат славните фаци кои играле за Харлем како Седрик Себалос и ДИВЕЈН Џорџ. До кога со тоа Дивејн, бе?
September 28th, 2006
Како и лани, и за оваа сезона планираме да правиме привју на секој од 30. тимови. Исто така, како и лани секој од вас кој смета дека може (и знае) да направи добро привју за својот или некој друг тим, слободно нека ни прати мејл па ќе се договориме. Пошто јас ќе правам најави и за во весник, Шеп и остатокот од МакНБА фамилијата ќе имаат поголема слобода во пишувањето на најавите кои би требале да стартуваат со октомври. Кој сака да пише, бујрум.
* * * * *
За прв пат во еден ден во два различни поста го имаме Тони Паркер. (Кога ќе размислам, за прв пат после долго време имаме и два поста во еден ден воопшто). И во двата тоа нема врска со кошарката. После Crepes!!! видеото, еве го Тони Лонгориа во уште една сумњива ситуација. Кога ја видов сликава не знаев што да помислам, а ондак малце читнав и ми стана јасно. Еве го и линкот. Погледнете на крајот само кои други восочни фигури ќе му прават дружба на Тони. Импресивно.
* * * * *
Рас Бенгтсон од SLAM фамилијата, ја избаци својата теорија зошто Коби од 8. во новата сезона на својот дрес ќе ја носи 24-та. Обратете пажња на задњите две причини зошто, а третата, барем кога е Кобстер во прашање ми е најреална, иако и првите две не се далеку од вистината.
* * * * *
За крај, Диркулес во Далас ќе остане најмалку до 2011, што значи дека таму би требал да ја заврши кариерата. Освен ако Кјубан не направи како со Неш и Финли па не го трампа пред тоа. Како и да е, Швабата ќе си лапне цели 60 милиони за плус три години. Време е да ни ги врати оние 100 евра кои ни ги дужи уште кога беше средношколец во Вурцбург.
September 27th, 2006
По вечерата со вториот најбогат човек во САД, Леброн беше гостин и во второто најдобро ноќно ток-шоу во САД. Клипот е малце подолг (9 минути и 46 секунди долг поточно), али вреди да се погледне.
September 26th, 2006
Previous Posts