Archive for August, 2006
10-11 саати пред полуфиналињата….
Во вакви услови, да не се почне со мудрост на Сидор ми делува као бласфемија од прв степен. Пошто, неговиот минуциозен пристап искомбиниран со страшното познавање на светската ономастика може да се спореди само со неговата маалско-чаршиска остроумност…Епа, ај:
”Се чини дека во светот на кошарката тимовите се поделија на големи и мали. Четири доминантни тимови кои со голема разлика ги добија сите свои противници. Можеби дури во полуфиналето можеме да очекуваме неизвесност и тесни мечеви.”
Right on Point, Sidor baby…И крајно време беше…. Дај малце сериозна кошарка.Новиот систем си ја заврши работата – останаа само непоразените. Еден од нив ќе остане непоразен до крај….
Или као шо вика омилениот ми Шејн Батие: “The four best teams are still in race for the title. And that’s the way it should be.”
Аргентина у седум меча изиграваше мачка на разно-разни глувци – Франција ја доби со највише мука, иако 40 минути беше јасно дека Диа и компанија ќе издишат кај да е…..Србите им дадоа извесен run for their money, ама од коа све беше решено…Се на се, со пола сили….А, Нигерија, Либан и Венецуела се….па…Нигерија, Либан и Венецуела….
Нов Зеланд и Турција? Иста приказна…
Стварно ме фасцинираат овие момци, колку и да ми станаа антипатични у задњо време. Пепе Санчез има очи на г’зот. И плус, со главните играчи у екипата игра заедно уште од кадет…У секој момент има минимум три опции….Работите што Неш ги прави поради талентот и визијата, Пепе ги прави рутински.
За Ману и Носиони е стварно глупо да си ги абам прстите. Америте се преплашиле од нив. Ако се исклучат Мело, Двејн и Брон, со Херман ја сочинуваат најубитачната тројка на светската кошарка…И она најбитното: они знаат дека можат да го победат Team USA…
А, ги спомнав Скола и Оберто? Господата “иритирачки шут од дистанца, скокови коа највише треба и, да, ОДБРАНА”…Неверојатно прљави играчи, кој шо сака нека каже….
Ама, као шо вика другар ми Едис: ја не поштуам играчи ако немаат прљав репертоар – тоа значи дека не даваат максимум… Епа, Оберто и Скола даваат максимум
И, као да не е доволно да имаш леворак бековски тандем шо игра заедно 15 години, од клупа влага и Делфино… Две години у Детроит чуда прават, посебно за адаптација у еден ваков, defensive-minded тим…..
Опасни се, у пм….Арно ама, мислам дека е време за колапс…Досадни се, не за друго…И плус, од следниот противник губат редовно….Дури ни Ману не капира зошто: ”I don’t know if it’s the matchups, how they guard us, or how we guard them…”
Или, па, поради тоа што Шпанија конечно направи тим што ќе освои нешто…Еј, откога глеам кошарка цело време се у висок втор ешалон и никако да пробијат – Мартин, Сан Епифанио, Хименез, Жофреса и Виљакампа, Ерерос…
Епа, дојде времето на генерацијата ’80.
Гасол и Наваро се несомнени лидери на тимот, ама она што мене ме фасцинираше е големиот број на квалитетни играчи што шпанскиот состав во моментов ги има….Па, скоро во сите натпревари пола време играа резервите….
Али, да почнам вака – Торонто…Двојката на Репторси ќе биде инструментална.Калдерон е ѕвер, извонредно ја контролира играта, а има и страшен влез, прав контрапункт за Пепе Санчез…
Гарбахоса стандардно, од надвор е сатар, внатре е Andore Jr., а у единствениот колку-толку сериозен меч на Шпанците досега, по редовна постапка го стави Новицки у џеб….
Но, највеќе сум одушевен од Руди Фернандез, Серхио Родригез и Алекс Мумбру, играчи кои и не ги знаев така добро и кои ми оставија ептен силен впечаток, посебно Руди….
Штета што е повреден Фран Васкез. Со него ќе беа најсериозни кандидати и за злато….
Како и да е, Шпанците играат у демонска форма, као што би рекол Драган Шакота. Сите противници ги сомлеа рутински за дваесетина минути. Мислам дека им дојде ред да влезат у финале.
А таму? САД? Па, не знам баш…
Да се збори за американскиот тим, а притоа да се одбегне Џекил/Хајд метафората ми се чини као право мајсторство. Цело време некако ги следи стравот од тоа второ лице. Го знаете, она што не знае како против зона, што промашува чисти шутеви од 6,25, што игра пацерска периметар одбрана…
Ако им тргне, овој тим може да ги згази сите останати. Ама, ако им тргне. Ако е Вејд у елемент, ако се Хауард и Бренд доминантни под кош, и најбитно од се, ако му тргне на Кармело…
Во досегашниот дел на турнирот е многу јасно кој од капитените е главен, а кој потфрли. Изненадувачки, Мело покажа вистинска доминантност, онаква доминантност за која зборев пред првенството: самодоверба, стабилност, лидерство….А, Леброн нигде го нема….
Според мене, американците изиграа пет меча во кои беа доминантни и два во кои на видело излезе тоа нивно алтер-его: против Порторико и против Италија…
И покрај тоа што на прв поглед се мачеа со Германија, тврдам дека беа и те како надмоќни. Имаа 30 шута повеќе од поле, ама се шинаа од промашување тројки. 10 од 40, ви се верува? Па, што ќе се десеше ако погодеа барем уште пет? Ќе победеа 35 разлика…А, искрено, толку и заслужија да победат. Да не беа толку опседнати со тоа да го затворат Новицки, може ќе победеа и 40 – 20 у прво, 20 у второ…
Ама, тоа беше со Германија…. САД се уште не се сретнале со правите противници за да можеме да споредуваме.
Американците ги имаа вистинските проблеми со тимовите кои имаат добри бекови – добри шутери, ама, пред се, добри ballhandler-и…Аројо, Ајусо, Белинели, Базиле, Ди Бела….
А, од тоа и ми е страв во пресрет на утрешниот дел.
Утре Team USA игра со тимот со најстабилен, нaјконстантен и најдисциплиниран backcourt на турнирот – Грција.
Спанулис, Тео Папалукас, “Војновиќ” Дијамантидис и т.н.Грција прерасна у страшен тим…
Додуша, страшно досаден, ама сепак страшен…
Она што Шеп кај нив го потенцираше: борбеноста, дисциплинираноста и играњето со срце, надополнето од шемите на Јанакис еднаш више им даде резултат: Европски Прваци.
А, најодговорно тврдам дека ако америте не променат нешто, ако Вејд не доминира, ако Брон не се разбуди и ако не им тргне шут на Мело и на Џо, Грците ќе станат и светски шампиони….
Елада за мене е единствениот тим во моментов кој, во основа, игра европска кошарка (т.е. неамеричка). Аргентина и Шпанија се сосема друга приказна и се многу поблиску до САД…
Е сега, она што ме нервира кај нив се тие детални тактички маневри, шеми разработени до максимум, досадни нијансирања и т.н. На секои две минути измена – Царцарис влага, Царцарис излага, Фоцис влегува да шутне од дистанца, Спанулис влегува да направи фаул…Ако има уште 20 секунди од нападот го играат тоа, ако има уште 10 ова…Дај бе луѓе малку слобода….
А, најсимпатичниот дел од тимот, нормално, ми е Скорци…21-годишниот ѕвер со претерано соодветно име – Софокле…Глеав слика од 2001 – на негови 16 години изглеаше ко Бен Волис…..неверојатно…
Се на се, Грците се black horse, а Американците нека се молат да му е ден на Мело….
Значи, прогноза – сакам финале САД-Шпанија, нешто слично на она од пред 22 години….а, се плашам од финале у кое па би ја гледале Грција, слично на она фудбалското од 2004 – пошто, Јанакис некако ептен ми личи на Рехагел…
И, апсолутно најважно, очекувам финале кое нема да го коментираат Сидор или Ников…..
August 31st, 2006
По хе-Дојран-изирањето на Шеп и мене ми дојде редот поштено да му ја искулирам. Така, од утре Шеп и остатокот од МакНБА фемили ќе гледаат Свецко и ќе ја одржуваат странава што ја читате, а јас ќе се брчкам у море и превртувам у песок на некоја пуста плажа у јужниот ни сосед…И така едно десетина дена.
Да не биде без ич, еве ви нешто за што сигурно ќе развиете добар муабет.
Може и ова. Вориорси задњи пут у плеј-оф играа пред 12 години кога тренер им беше баш Нели сениор…Мислам дека ќе поминат уште 12 години ако чекаат тој да ги врати таму.
Мислев да ставам нешто и за денешниве утакмици у Јапан, ама од се уште непознати причини наместо да се игра 1/4 финалето, Шпанија и Аргентина си најдоа некои пацери и си одржаа тренинг пред пуна сала и укључени ТВ камери. Дешава се.
Се читаме…
ПМС: Ако се најде некој да ми ја снима Шпанија-Арг., а ондак и Грчка-САД, па и финалето (се надевам САД-Арг.), му носам шише морска вида. И гиро. И суфлаки. И калабоки. И така…Озбилно, нека снима некој, плаќам пиво.
August 29th, 2006
Добар ден, добро-ве-најдов. Гледам, сте се забавувале, а застапени биле и теми кои мене ми будат особено голем интерес како да речеме двократниот МВП Стив Неш.. нејсе, ја за среќа фаќав МТВ, а богами и грчки телевизии, на кои ги даваа сите натпревари на Грците, и ваљда потклекнав на пропагандата, и сега сум нивен страствен навивач..
Исто така, додека Енко го интервјуираше Стак, ја се дружев со Кемп, но за тоа во друга прилика. Ајде сега за она што се дешаваше на „спортските борилишта ширум земјата на изгрејсонцето“… (иако сите натпревари се играа у иста сала)
Германија – Нигерија
Дуелот во кој Швабите требаше да демонстрираат самодоверба, јачина и пред се`, психолошка надмоќ, се претвори во нивно распнување на клада, при што за малку ќе изгореа.
Нигерискиот состав покажа дека со нив нема лабаво; играта која ја прикажаа беше типична НБА игра од 1990-тите со примеси на колеџ моменти, особено у одбраната. Тоа и не чуди што добар дел од Нигеријците, своето искуство го носат од преко барата.
Што се тиче Швабите, Новицки почиња да не личи на херојот од Београд и плејофот 2006, туку на Новицки од гејм 3 па натака во финалето со Мајами. Но, и таков, дисторзиран, е стожер на све у германската тајфа (зашто тоа и не е екипа). Сепак, синоќа немаше ништо да биде ако не стегнеше зуби, некогаш најавуваниот како „европски Пипен“ – Адемола Окулаџа (чистокрвен Баварец, со нигериско потекло кој пие пиво и јаде вурстови), кој баш синоќа се разбуди, и постигна 19 поени, а со Новицки комбинираа за све што Германија постигна у 3 и 4 четвртина. Фаците ко Фемерлинг, Демирел, Грин, Шприцер и сл., уште еднаш покажаа дека не се за кошарка. У последни 3 минути Германија застана на 78 поени, Новицки се соочи со Нигер-Баба цврстина и тврдина (види фотос) арно ама Нигеријците не ја искористија шансата против препаднатите Германци и стасаа само до 77. Епилог: Германија ќе го јаде батакот од САД, Нигерија ќе биде хит на следно големо натпреварување.
САД – Австралија
Типично „отварање два прста“ како што некогаш тоа го правеа Дрим Тимовите, реминисценција на генерациите на двујцата ЕмЏејовци и генерацијата Шек – Кемп.. единствена битна работа, која што се потврди на оваа утакмица е дека Кармело е фактор.
Ангола – Франција
Не ја гледав првата четвртина кога Анголезите биле задржани на 6 поена, ама глеав второ полувреме кога Желабел и Жено и такви глупи фаци дозволија да им се деси le преврат, за малце.. ако на Нигерија им фали хемија и малце искуство, ондак на Ангола им фали искуство и малце хемија. Ќе ги биде.
Грција – Кина
На оваа утакмица ќе се задржам малце повеќе. Особено на Грција, мојот фаворит на првенствово.
Грција е учебнички пример за уиграност и тимска одговорност. Играат со иста стартна петорка подолго од било која друга репрезентација. Нивните први пет се постандардни дури и од казнената експедиција на Булси од 1996-1998. На клупата го имаат античкиот мудрец, кој околу себе обединува и техне и арете, Теодорос Калокагатија Папалукас, кој за потсетување е актуелен МВП на европскиот фајнал фор и човекот кој беше клучен фактор у детронизирањето на Макаби, а покрај него е и античкиот полубог , Егеецот Софоклис Схордијанидис, кој мене ми личи на Шек бутнат у конзерва од туна, компресиран и после тоа изваден и бапнат на терен. Јанакис, пак е пример за европски тренер кој што на 10 разлика вика „пресинг после даден кош“, и без исклучок, сите викаат „ендакси“ пошто ако не слушаат ќе ги каже на дебелите им мајки, кои дома има маста да им ја извадат - „малака парадисиму кефа пезуме григора сан оф а бич“.
Само на ова првенство, Јанакис успеа да ги врати Грците од 21-7 против напалените Катар до победа од 30 разлика; ги победи Литванците во продолжение; само он ги натера момците да гризат против Кенгурите за дефицитот од 5 на 30 секунди до крај да стане победа од три разлика; ги утепаа Турците во неверојатно напнат меч; за да успее од 12-2 и 23-11 против Кина да ги доведе до буквално кажано ДЕБАКЛ.
Она што го имаат Грците (а што го немаат Америте и затоа ќе испаднат), што беше премногу денеска за Јаоза и другарите е единствено желбата и жарот во играта, на раб на фанатизам. Јас до сега немам видено екипа која во осмина-финале, на плус 20 во последна четвртина, игра толку борбено. Така дојдоа до европскиот трон (и во кошарка и во фудбал), а јас се надевам дека ќе дојдат и до светскиот (дури и без Зисис, најперспективниот кошаркар од Европа), затоа што гинењето на теренот е правата суштина на спортот.
Ај да се приберам
Значи, Грците, го изедоа стапот во првата четвртина, за после тоа да им се спојат жичките, и да ги распорат Кинезите. Риспект заслужува и железната одбрана врз најдобриот срелец на Првенството, Јао, кој беше задржан на бедни 10 поена.
За Кинезите немам зборови. Политизиран спорт е тапа спорт.
И така..
August 27th, 2006
Помина доста време откако не ставив ништо за Нешти. МВП летово прво се зашиша, па на моментот ја врати НБА у Ванкувер, тренираше со МЛС тимот на Ред Бул, а и даваше изјави за Зидан и за тоа кои НБА ѕвезди според него би биле страшни фудбалери. Иако се игра СП у Јапан у моментов, Нешти си е Нешти и си е двократен МВП, нешто што никој кој игра у Јапан не е. Нити е некој од поширокиот список на САД. Нити па е блиску до такво нешто.
Токму поради тоа, еве го задњето интервју на МВП х2 за НБА ТВ.
(Ова чисто колку да се одбележи враќањето на Шеп од Дојран. Со кој друг ако не со неговиот омилен играч. Требаше да ископам и нешто за Детроит:))
* * * * *
Минвајл ин Јапан, Италијаните после добрата игра у група се посраа и кикснаа кога и против кого најмалце требаше…
…Турците ми направија ќеф победувајќи со тим на кој никој (па ни јас) не му даваше шанси за осмина, а камоли за четврт-финале. Словенците и нивниот Алеш Папак на клупа се посебна прича и доказ дека без разлика колаква талент имате ако немате тренер и уште повеќе играч кој ќе биде лидер на и вон теренот и кого сите ќе го слушаат - нема ништо…
…Хаката не им упали на Перо и компанија, а најбољи дел од преносот у НБА термин беше коментаторот. Од сега за секој кретен кој нема појма од спортот кого ќе го стават да коментира нешто така важно како Свецко ќе се користи терминот “Сидор”…
…Како задње беше плескањето на Србите кое веројатно повеќе ќе одговараше за терминот од 3 сабајле. Не ни очекував дека можат да ги изненадат Шпанците, тие ипак не се Либан, а ни Венецуела. Со такви, можат да се носат. Супер што им дадоа вајлд-кард за уште еднаш да се обрукаат пред цел свет. Мада реално, со овој состав и ова е многу.
ПМС: Утре Шеп ќе го има првиот пост после две години за другите четири осминки.
August 26th, 2006
Германија и Ангола одиграа права класика сабајлево и првата утакмица у која победникот се добил по дури три продолженија.
Диркулес у НБА стил застана на 47 поени (и 16 скокови), со кои го помина Дражен на 6. место на вечната листа стрелци на една утакмица. Петро е сега седми со 45. поени против Холандија пред 20 години на СП во Шпанија.
Се уште прв и недопирлив е знаете сите кој….Јае Хур од Кореа кој 1990 у Аргентина убацил цели 62 поени против Египет. Играчиште.
August 24th, 2006
Италијаните у екипа немаат ниеден НБА играч, ама тоа не значеше дека не можат да бидат најтежок противник за Америте у Јапан до сега. Белинели и компанија одлично се држеа со Кармело, Вејд и остали и да не беше баш Мело и неговата памук рука Америте сега ќе си ги чешаа главите.
Сепак, и покрај победата тие тоа веројатно го прават тоа, затоа што утакмицата со Италија беше голем чекор назад за нив. Само шест играчи убација поени, а најевидентна до сега беше огромната дупка која ја имаат у рекетот. Единствен кој нешто игра под кош у Јапан е ѕверот Двајт Хауард, кој откако тресна на грб Италијаните направија серија од 26-11 и го свртеа резултатот.
Бош и Милер не ни влегоа во игра, затоа што според Кшижевски тешко можат да се носат со противниците и да се снајдат во играта која тој ја бара. Посебно диносаурусот. Сега се гледа колку еден здрав Амари им фали на Америте.
Елтон Бренд мушки се бореше цела утакмица и беше најбољи Амер у прво полувреме, а у второ Мело и Вејд се попалија. Посебно Мело кој погодуваше од секоја позиција. Разочарување беше Леброн, кој по одличната партија со Словенија се мучеше со Италија. Знам дека нејќе да форсира и да игра тимски, ама Брон кај беше мизерен у напад со многу грешки и лоши додавања беше беден и у одбрана каде чуварите му се шетаа кај сакаа.
Свака част на Италијанците за мушката игра, како и за Крис Пол и страшната асистенција до Бренд у 2. четвртина кога баскетот помина меѓу двајца противнички играчи.
Гледав и непто други утакмици на СП денес, али повеќето беа тапа. Либанците ги изненадија сите со победата над Франција и покажаа дека у таа група А само Аргентина има шанси за висок пласман. Можда и највисок. Шпанија се мучеше со Ангола, која продолжува да изненадува, а Грците овој пут лако си славеа со Бразилците.
Сликава и клипов само за Бето. И играчот кој е следен Италијан у НБА. Нормално, у Торонто.
* * * * *
Не е никаква тајна дека со Шек се прават најинтересните и најзабавните интервјуа. Така беше и минатот вокенд кога Дизелот го посети Њујорк. Еве и докази.
Доказ 1. и Доказ 2. Посебно интересен (ко нешто да не е интересно) у вториов доказ е муабетот за Марбери и неговата ланска изјава за тоа дека е најбољи плеј у лига.
* * * * *
Даг (и Џеки) Кристи се спремал за камбек, откако лани за доброто за сите нас се пензионираше. Тужен ден за кошарката, кој може да биде потужен само ако “Прстот у небо после секој потег” стварно се врати у лига. Кој ли би го сакал?
* * * * *
Атланта и Индијана конечно ја комплетираа трампата која ние на МакНБА ја најавивме уште пред некој месец и пол, а според која Пејсерси за Ал на Атланта им дадоа еден иден пик од 1. рунда, две кутии пуканки и тостер. Каков менаџер и газди имаат Хоукси добро е што и ги извадија пуканките и тостерот.
Во Херингтон Индијана го доби 11!!! ново име ова лето во обидот на Карлајл и Бирд да направат многу поцврст и поатлетски офанзивен тим од Пејсерси. Ал влетува на местото на Пеџа, од кој е послаб шутер, но е бољи стрелец и може да игра и на 4-ка што од време на време ќе го преместува Џермејн на 5-ка, Гренџер на тројка, а Џекес Џексон на 2-ка. Уште да си најдеа плеј кој ќе може да издржи да не се повреди 15 пути у една сезона и се ќе биде ОК.
* * * * *
Денес, 23.08. му е роденден на Коби. Честито. (Ова зашто Шеп не е тука).
* * * * *
На големо изненадување на сите…Не. Пет Рајли одлучи и догодина да биде тренер на Мајами, исто како што и Зо одлучи да одигра уште една сезона. Cе дешава кога сте многу блиску до “Лери О’Браен”.
* * * * *
Хака all the way. Можеби не им иде на свецково, ама нема ништо боље и посмешно од Хаката која Нов Зеланд ја игра пред секоја утакмица. Најбоља слика од Јапан до сега.
August 23rd, 2006
Поточно мандарински. Покрај тоа што иако Словенците требаа да им бидат најсериозен тест до сега, а треба да бидат среќни што Кшижевски у игра у последни десет минути ги убаци Милер и Бош па извадија само минус 19, и не кои други ствари се дешаваат кај Америте додека играат на СП у Јапан.
Една од нив е и учењето на кинески на Леброн, кој би сакал до 2008 година така добро да го научи јазикот со цел сам да може да иде на интервјуа со кинеските медиуми, без преведувач. Нормално, овој потег на Леброн и неговиот тим е последица на желбата по Америка тој маркетиншки да го освои и светот. У Кина тој (Најк) има голема конкуренција од Рибок и Јао Минг и Ти-Мек и Гарнет кои се манекени на Адидас. Сепак, со оглед на годината и потенцијалот на Леброн, како играчки, така и маркетиншки, како и големината на Најк во промоција на своите главни фаци, нема сомнеж дека Леброн наскоро ќе стане најголема светска спортска ѕвезда…А има само 21 година.
Еве го и линкот за оваа прича и курсот на Леброн.
* * * * *
Грците ко Грци. Две тројки на крај за победа над кенгурине кои слободно може да се викаат и “џигераши”. Од мал, до дискретно бланширан, преку долг, па увиткан и среден и шпицаст џигер. Се тоа го има кај Австралијанцине. Уште да знаеа да направат фаул кога имаат плус три на десет секунди до крај.
* * * * *
На Јао и дружбата никако да им тргне. Ваљда нешто удел во тоа има и фактот дека освен Јаоза никој друг кај Кинезите нема појма од баскет. Јаоза е толку исфрустриран што почна и да си мава глава со монструмот Питер Џон Рамос.
August 22nd, 2006
Previous Posts