Archive for July, 2006

Retro бај Retry

По Двр, Бето, Чоте и Флајт, петорката на биг френдови на МакНБА се комплетираше со Ритрај, кој после 166584158-те коментари, конечно реши дел од своите погледи на работите да ги смести у текст…Ритрај е нашето најново дете. Ит шит, Есма!…..Тејк ит авеј, Ритрај, caмo немој да ни праќаш текстови како што ни оставаш коментари:) - К.

Поради фактот што по завршување на play-off-от и драфтот, освен потпишување договори, размени и стрижења, не ни остана речиси ништо друго, почувствував дека е момент да дадам мал осврт на (речиси) целокупниот развој и случувања во лигата од хронолошко-еволутивен (и можда уште некаков) аспект.

Би тргнал од примерот кој многумина од нас го даваат на блогов, а тоа е лупањето у гради за играчите што оставиле трага низ историјата на NBA, некои тврдат дека Jordan бил најдобриот на сите времиња, други викаат Chamberlain бил најдоминантниот центар, трети велат дека Russell е најдобриот одбранбен играч воопшто, дека Дражен е најдобриот европјанин (или уште повеќе неамериканец) што некогаш заиграл во NBA…

Сето тоа е во ред, зошто секој има право според своите информации што ги примил за овие играчи да си извлече свои заклучоци. Но, проблемот е - Зошто токму тие напумпани информации да бидат причината за тоа? Можеби и тоа е дел од маркетингшката стратегија на лигата, а да не зборам за медиумите што ја опкружуваат, кога го исфрлаат оној атрибут “best ever” или “најдобар на сите времиња”. Јас би дал малку порационално објаснување на работите.

Тргнувајќи од своите почетоци, кошарката (или дури и ако се ограничиме само на NBA) претрпела многу измени во правилата, што севкупно земено, до денес претставува своевидна еволуција, имајќи ги во предвид тежината и новите компликации кои истите ги носат. Дури и воведувањето на шутот за три поени во сезоната 1979/80 (Ајде брзо кој ја пукна првата тројка у лига?-К.) не може да се смета како предност за кошаркарите и олеснување во нападот (со цел постигнување повеќе поени, нели), бидејќи од првиот момент ја растегнал противничката одбрана и тренерите веднаш почнале со градење стратегии како да го оневозможат убиствениот шут од дистанца.

Покомплицираните правила иницирале нови посложени тактики и стратегии на тренерите, кои само физички поспремни и технички попотковани играчи можеле да ги реализираат. А за да се створат тие играчи, тренерите почнале да воведуваат понапредни тренинзи (во оваа категорија може да влезе и допингувањето :-) ). И така, во продолжение се креира еден домино ефект на прогресија во речиси сите елементи на кошарката.

Притоа, и самите кошаркарски ѕвезди биле иницијатори на тие мини-еволутивни скокови. На пример, поради Mikan е воведено правилото на неправилна блокада (познатиот goaltending).
Поради доминацијата на Chamberlain на велико почнало да се користи удвојувањето. Поради разорноста на Dawkins ставија зглобни обрачи (да, да и ова има врска).
Поради прецизноста на Jordan и утројувањето доби на сила….

За да сфатите полесно за што зборам, а да не развивам цела математичка теорија, само би вовел една фиктивна величина што би ја нарекол “комплексност на кошарката“ или “тежина на натпреварувањето“ (нека биде BC – Basketball Complexity или Basketball Competition) - (ова одма да го патентираш) која пропорционално би зависела од времето - t. Останува уште да се погледне зависноста (која нормално не е линеарна заради разликата во тежина на промените воведени во кошарката) на овие две величини прикажана на графикот (земен е периодот од 1946 па до 2006, пред се пoради егзистенцијата на NBA).
Ако малку подобро ја анализирате, тука има разлика во нејзиниот раст, т.е. периодите на 60-тите и 80-тите се оние во кои концептите на кошарката повеќе се промениле, предизвикани од наглиот пораст на квалитетни кошаркари, како и промени на стратегии и правила, додека пак во 70-тите и 90-тите имаме одредена стагнација (но сепак прогресивна), поради повредите на клучните ѕвезди (Walton, Unseld, …), retire-инзите на Jordan, брзото и изненадно повлекување на некои играчи во зенитот на кошаркарските кариери (Magic, Bird, Петро, ..) или конвергирањето и стабилизирањето на концептите на играта.


Имајќи ја во предвид оваа еволутивна крива, се релативизираат оние претходно наведени атрибути од типот на “Нај“. Ако за најдобриот на сите времиња и нема некои популарни и конструктивни дебати (иако барем јас имам тука што да кажам-Кажуј!), тогаш многу копја се кршат околу тоа кој е најдобриот играч на сите времиња што играл на центарска позиција (воглавно тука се врти муабетот околу Mikan, Chamberlain, Jabbar и O’Neal, иако тука некаде би ги ставил и Russell, Reed, Walton, M. Malone, Olajuwon - Хаким не е тука некаде, тој е со тие момци погоре …).

Mikan многу тешко би се снашол во периодот кога Wilt и Jabbar биле во лигата, зошто тактичкото удвојување во негово време не ни постоело, па неговата доминација во тие години била евидентна. Од друга страна пак Chamberlain, па и Jabbar не би биле толку доминантни како во нивните играчки периоди (кога имаме дури и помали димензии на рекетот), доколку би се нашле во ерата на Shaq, пред се заради многу пософистицираните одбранбени тактики против кои не е доволно центарот да има само висина, јака мускулатура и тежина, туку е потребна и брзина и разорност која ја има Shaq (освен во последнава сезона), но и психолошка подготвеност да се справи со современите тактики за запирање еден центар од таков калибар (вклучувајќи го тука и намерното фаулирање).

Жив пример за тоа е и изјавата на Olajuwon, кој играше и против Jabbar и против O’Neal, веднаш после финалето 1995 година кога неговите Houston го “искичмија“ Orlando на Shaq: “Треба да се сменат многу работи за да може успешно да се чува овој човек“.


Сличен сомнеж би паднал и врз хипотезата дека Дражен е најдобар европски играч што некогаш заиграл во NBA. Бранителите на оваа претпоставка како најсилен аргумент го исфрлуваат оној за тоа дека Петро се снашол во NBA и покрај тоа што во тој период било многу потешко за европјаните и останатите неамериканци да влезат во лигата, а камоли да успеат.
Тоа е само донекаде вистина, пред се заради недовербата на кошаркарските скаути во квалитетите на “странците“. Но, факт е дека европската и воопшто неамериканската кошарка во периодот на седумдесетите и осумдесетите беше на далеку пониско ниво на квалитет од тоа што е денес, па и многу потешко било да се најдат таленти како Дражен. Сигурно од аспект на конкурентност (не сметајќи тука бирократски и административни причини, кои малку го закочиле Дражен и останатите европјани пред 90-те години) многу потешко му било на еден Nowitzki во така силна конкуренција на потенцијални европјани кои би заиграле (рака на срце многумина од нив по година-две ја напуштија лигата или воопшто не заиграле во неа) во NBA во втората половина на деведесетите (како Даниловиќ, Туркчан, Стојаковиќ, Бодирога, Сабонис…) да се избори за место во елитата и да стигне до самиот врв. Нешто што Дражен за жал не успеа да го достигне до крај. Денес младите кошаркари од Европа и светот многу пософистицирано се потковуваат од страна на тренерите со понапредни методи и тренинзи на лагер, за да станат идни кошаркарски ѕвезди без разлика каде да настапуваат. А за тоа голема заслуга има и самиот Петро.

Затоа сите треба да размислиме уште еднаш, дали да го оставиме Jordan сеуште на врвот, дали да им се клањаме на оние рекордни 100 поени постигнати на Chamberlain или дали да оставиме да не импресионираат оние 22.5 скока по натпревар на Russell.
Можеби во последниве неколку сезони сведоци сме на еден куп подобри играчи од Michael (како потенцијални: Kobe, Wade, James, Nowitzki, Nash, Stoudamire…) - (Ни како потенцијални, ни никако подобри од Мајкл)…, но заради поголемиот еволутивен степен на денешната кошарка и поголемата конкуретност (еволутивниот степен во споредба со времето на Мајкл не е нешто забележлив, а во некои области имаме и дееволуција), нивната доминација не е толку видлива и не можеме да ги идентификуваме како такви.

Споредбата би била најрелевантна доколку на сите тие играчи од различни ери би им се овозможило да се натпреваруваат во исти кошаркарски услови. Треба да се има голема почит кон играчите од историјата, но како играчи кои доминирале во нивните периоди и предизвикале еволуција и револуција во кошарката, а не 100% да го глобализираме нивниот ефект.

Впрочем една добра работа што го направи раководството на NBA лигата на 35-годишнината и 50-годишнината од своето постоење е изборот на 35 односно 50 најдобри играчи, соодветно, наместо да избере еден најдобар.

Почитта кон само еден не би била фер и би била нереална.

19 comments July 31st, 2006

Четириесет илјадарки!!!

Седнав да пишам коментар, ама беше предолг, а и сакав да ставам нешто видео. Одна напишав допунско на постот на Флајт, ама па тоа го реметеше цел дизајн. Плус, бев 39998 јуникс на МакНБА. Дури ова го пишав ја поминавме границата од 40 000, а само вчера како да беше кога кај Јанко, Шеп јадеше баничка и се прашуваа што бара новчаницава од 20 000 на МакНБА. Така, наместо допунско, еве посебен пост посветен на постот на Флајт.

Он ту д сабџект. Ќе коментирам по ред, онака како се стварите изнесени во текстот:

-Да, тачно е дека поминаа времињата кога можеа да се јадат гомна за Мерион и мислам дека да беше 100% ќе беше од голема корист за тимот. Од друга страна, на Шон да игра му е потребен плеј, а и тој не може да го импактот кој им е потребен на Америте.

- Тој фри-флоуинг муабет за Амари е тачен, ама чисто сумњам дека Америте ќе играат така слободно и лесно на Свецко. Посебно не под окото на Крижевски (чекам потрврда за тоа како се чита), кој е тип кој не сака ѕвезди и сака максимална контрола и досциплина во играта. А, за тоа колку е Амари спремен доволно зборува сликава…


Ако успее да се врати у старата форма Ѕверот ќе биде стварно голем асет, ама мислам дека нема шанси за така брз камбек. Плус, у поставени напади човекот секогаш се снаоѓал послабо, а таква кошарка ќе се игра на Свецко.

- Бош и Бренд да, Милер никад не бил четворка. Да, им треба доминантен центар, ама такви центри има само два и пол на светот. Шек си го даде својот придонес за САД, другиот е Кинез, а таа половинката е Оден, кој има потенцијал да стане новиот доминантен примерок од врстата која е на изумирање.

- Првите пет на Брнс и не се така лоши, само што нормално, за Батие не би требало да има место. На негово место - Двејдвејн.

- Тоа со губењето на самодовербата и одеднаш инсистирањето на тимска кошарка го сфаќам, мада мислам дека тука самодовербата не играше толкава улога како што одиграа некои други фактори (Лери Браун).

Американците никогаш повеќе не можат да бидат силата која некогаш беа. Не затоа што ги немаат најдобрите играчи или затоа што кај нив не се игра најдобрата кошарка, туку затоа што денешната кошарка и онаа од пред 15-20 години се разликуваат како што се разликуваше светот во времето во текот и по Студената војна и паѓањето на она ѕидот во Берлин. За тоа дека би било кукавички, ок, ама никој не е Супермен, а ова е тимска игра, тоа не смее да се заборави.
Муабетот за адаптацијате не го подржувам целосно, затоа без талент за адаптација на противник и моменталната ситуација ни еден тим не може да стане шампион. Лани тоа беше случајот со Спарси, кои со Феникс играа на 130 кошеви посебно секоја средба, а у финалето со Детроит играа на 130 кошеви од двете екипи заедно. Оваа година Мајами не се адаптираше до толку, ама пак-трчаа со Далас, се влечкаа со Детроит.

Не смее да се заборави дека за разлика од Америте, играчите од другите репрезентации еден покрај друг играат од 14-15 години и знаат како дише другиот. Тоа со САД никад не било случај.

Голема улога у играта би можел, и би требал да има Џо Џонсон.

Една од позитивните работи кои го разликуваат овој тим се подготовките кои траат месец дена, колеџ тренерот на кого му помагаат евро-специјалистот Бркот Д’Антони и дифенс гуруто Нејт МекМилан. Позитивна ствар е што сите тренинзи се по ФИБА правила и со игра со Молтенот, кој е помазен и полесен од Спалдингот. Друг битен факт е немањето некој ветеран ѕвезда кој би се фолирал и би се понашал како его-манијак, нешто што лоше ќе влијаеше на Брон и Вејд. Можеби затоа повредата на Коби е и добра работа за нив. Ја очекувам добар тим на Америка, кој за златото би се борел со Литва и Аргентина.

Флајт, пошто не ти иде со јутјубот, еве ја ќе ставам еден клип. Ју лааајк?:)

6 comments July 28th, 2006

Team AMAREca + STAR-ting 5

Гледам стануе интересен развојот на настаните со америчкиов тим, па ај и ја да пишам нешто.

Мерион напушти, Адам Брковиќ и Риднор попија корпи, што значи дека Амаре улета у задњи момент. А, ова, from my point of view, може да биде најбоље нешто што можеше да им се деси на америте.

Да, помина времето во кое можеше без грижа на совест да се јаде гомна за Мерион. Изигра две страшни сезони у пакет со Неш, има 20 со 10, игра одбрана, скока, шутира…ОК…али со Џејмс, Ентони, Боуен и Батие, па и Џејмисон у состав, на тимот баш и не му е неопходен.

Од друга страна, Амаре може да биде адекватна пломба за ептен очигледниот недостаток на класичен центар. Додуша, не знам колку е спремен, ама ако е на 70 %, као што тврди, ќе биде страшен asset: контрола на рекет у одбрана, офанзивен скок, подвижност што му овозможува да игра одбрана против високите европски играчи “мераклии” за шут и, најбитно од се, две години искуство покрај Стив Неш у еден free-flowing, team-first offense…
На составот му треба доминантен центар, као и што доликува за еден Team USA, а Brand, Bosh, Howard и Miller, во основа, се четворки…..Howard е најблиску до ваквата квалификација, али не верувам дека може да биде конзистентен….

На составот му требаат две D – dominance и defense – у мисијата за враќање на она D, што на американците им е у моментов најбитно – dignity….У таков случај, ако ги исклучиме Шекил и Данкан, Амаре е единствениот што одговара на описот….


Е сеа, останува онаа најбитната ствар – кој ќе игра, како ќе игра, колку ќе игра – т.е., пред се, кој ќе стартува. У Америка на големо веќе се расправа за стартните 5, за начинот на игра, пристапот и тако даље…
Така, прееска го читав пациентот Marty Burns од SI, кој btw стално ми бил антипатичен, и ептен ме извади од такт…За Mr. Burns J, стартните 5 треба да бидат – Kirk Hinrich (?), Lebron James, Shane Battier (??), Elton Brand и Brad Miller(????)….

Мислам – WTF ???? Shane Battier бе? Kirk Hinrich? Brad Miller - дрвосечата што вика Енко? Па тие ја не би ги стаил у прв тим у Порторико….

Понекад стварно мислам дека Американциве си го бараат. Не пројде ни месец од коа до небо го дигаа Вејд и раскажуваа прикаски за “иднината на НБА”, а сеа Батие треба да биде пред него? А аргументот на Марти? Поише одговарале на европската кошарка….Која европска кошарка бе со Бред Милер?

На Американците им треба доминантност, а не адаптација.
Се адаптира, другарице и другови, ПОСЛАБИОТ тим, …. а, зар, покрај сите заврзлами, некој може да негира дека Team USA има најдобар состав и највеќе талент ?

Најодговорно тврдам дека американците почнаа да губат у моментот кога почнаа да се “адаптираат”, а не обратно….Па, што се дешаваше на претходните првенства? Big Shot фаците предводени од Ајверсон, на кои што треба очи да им ископаш да им земеш топка коа се у NBA, се плашеа да шутнат и кружеа као муви околу зоната на очигледно инфериорни тимови као Литванија и Порторико….Наеднаш “освестени” од проповедите за тимска кошарка, ја изгубија самодовербата која што ги правеше посебни….

Ајверсон без срце е Тајрон Лу, Двејн Вејд без самодоверба е Дерек Андерсон, Леброн Џејмс на клупа е Малик Роуз….

Тоа е, бе луѓе, као Бразил да игра бункер, пошто се плашел од контри….

За мене, апсолутно нема сомнеж. Би извадил петорка составена од НАЈДОБРИТЕ пет играчи….А, тоа не значи дека треба да извадат неуиграна усилена постава. Напротив, американците треба ДА ЈА УИГРУВААТ најдобрата можна постава, затоа што само така можат да бидат силата која што некогаш беа….Тие што влеваат страв, а не тие што се плашат….(дека зоната на Италија била предобра, или дека Вејд не може да се снајде против Франција….и тоа a priori – тотално кукавички….дури и да не иде, тогаш ќе му мислиш, а не у старт да се компромитираш)

Значи -

Gilbert Arenas (Chris Paul од клупа за мењање на темпо)
Dwyane Wade (Joe Johnson измена, ама одвреме навреме – за шут)
Lebron James (Carmelo измена, а дури и би играл – коа влага Мело, Вејд да иде на 1, Брон на 2)
Elton Brand (или можда Dwight Howard, зависи од подесувањето на поентерскиот товар)
Amare Stoudemire (е сеа, ако не биде спремен, шо знам – Бош, веројатно, ова е најслаба точка, дури и кога би играл Хауард)….

И за да не бидам ептен инат – нека му биде – Bowen нека изигра цел меч против Аргентина, да се закрват малку со Ginobili…

20 comments July 27th, 2006

Хобитот и Бркот извисија, “Блогерите од Вегас”, 21, KG и AI

Ај да направиме сефте и за дешавките у Вегас и задњето кратење на составот на Америте на 15. кои извадија фрст клес карти за мини-турнејата во Азија и кампот во Хонк-Конг. Откако Мерион го сјеба коленото (што е само оправдување и уствари значи - “Не ми се троши месец дена од скупоицениот летен одмор на шетање по азиски вукојебини”), останаа уште две места вишок.

Лук Мериадок Брендибак Риднур, по клоцата од Америте, си се врати во Шајрот.

Со оглед на тоа дека во тимот имаа неверојатна бројка од дури 4 (четири)?!?!?! белци, двајца од нив сосема логично мораа да се пакуваат дома. Изборот не беше лесен зашто во конкуренција беа еден дрвосеча, еден Вулканец, еден хобит и еден пар пубертетски бркови. На крајот пресуди големината и хобитот и брковите добија клоца. Тоа нормално, не значи дека тие не се во игра за на ист начин да бидат шутнати и на подготовките за ОИ во Пекинг за две години. Посебно со појаката конкуренција која ќе биде тогаш.

Кога сме кај Америте, тие се познати по тоа што често, на за нив “иновативен” начин, се обидуваат ѕвездите да им ги приближан на нивните фанови. Иако најчесто таквите обиди завршувале ужасно, тоа не ги спречи да ни ги претстават “Блогерите од Вегас”, или блоговите, ако можат да се наречат така, на некои од играчите кои се борат за место во составот кој ќе се обиде да го врати некаде по пат загубениот сјај на репрезентацијата на Америка.

Блоговите, најблаго (и тоа со две топки чоколадо и една ванила) кажано, се - јок. Типично досадни како повеќето интервјуа после утакмица. Дури разочарува и Жилберто Аринас, од кој барем очекував да напише нешто поинтересно, поискрено. Како Артест не е у репрезентација.

* * * * *

Исто како и момците кои се дел од најдобрите 15., има и други играчи кои во овој период блогираат. И за разлика од нив, тоа го прават одлично и до коска искрено. Таков е блогот на Кеј-Џи, кој веќе некое време се наоѓа на промо турнеја низ Азија како дел од неговиот договор со Адидас. Нормално, тоа што тој блога на официјалниот сајт на лигата е исто така дел од еден договор, а тоа е тој кој Адидас и НБА го потпишаа пред некое време. Сепак, Кевин може да им одржи лекција од блогање на момците кои тренираат у Вегас.

* * * * *
Мистеријата е решена. Сега сите можеме мирно да си спиеме.
* * * * *

Свите веќе знаете дека од трејдот на Ајверсон било каде нема ништо. Џи-Емот на Фили, Били Кинг вчера се избаци со изјава дека нема шанси да го трампа Ален, откако пред само неколку недели во едно интервју потврди дека прва цел ова лето му е да пронајде трејд партнер за Ајверсон. Да не беше Били Најт во Атланта одма ќе го прогласев Кинг за најбеден ЏМ, вака, останува нерешено.

Кинг изјави:

“I’ve pretty much said that I expect him to be with us at the start of training camp. Our conversations with other teams at this point going forward do not include him”

Или во превод:

“Се заебав кога лани, кога најмногу вредеше, не го трампав Ален. Сеа се фолирам и ви викам како не е за трејд само затоа што живо пиле не ми се јави да ми даде барем пристојна понуда за него. Сите знаат дека не сум нешто посебно паметен, па мислат дека можат да го добијат Ален за пари и неколку драфт пика. Не сум јас толку глуп, Ален и Крис следната сезона ќе не однесат до титулата”

Одамна не сум јутјубувал, така да еве мал микс за човекот за кој нема мрддање од Филаделфија:

16 comments July 26th, 2006

Nashty, паметните Мавси и Лососот


Ванкувер имаше бек ту д пест флеш викендов кога Нешти и пријателите у преполна арена, која ретко била така пуна за Гризлиси, одиграа хуманитарна утакмица. У стилот на МВП и Санси резултатот беше 177-164, а тотално не е битно кој победил. Најбитна е димензијата на Нешти, која ја има ретко кој друг играч.


И порано сум пишувал дека Неш и Јао ме фасцинираат од различни причини, а колку и да ви е мрсок Стиви, со двете фризури (и таа крпата претходно и Аушвицот сега), факат е дека тој е многу посличен до секој од нас од било која друга НБА ѕвезда. Тотално даун ту рт типче, на кој не му е битно како изгледа, типче кое знае да си заигра партија баскет со дечки кои не ги знае, а и партија фудбалче доста често. Тип кој у текот на сезоната сам, со свои пари изгради цело болничко крило у болница за деца у Парагвај, од каде е жената му (у овој дел не сме слични). И уште многу, многу др. ствари, има низ архивите, поснифајте за Биг Мен Стиви.

* * * * *
Најсветлиот момент на Ал у Индијана. Буквално.

Иначе, спомнав дека Ал Херингтон веројатно ќе биде трампан назад у Индијана, и тоа за ниеден играч, некој драфт пик и нешто кеш. Таа опција стана уште поизвесна викендов кога Пејсерси со цел да исчистат што е можно повеќе простор за новиот договор на Ал (кој ќе биде за 60 милиони за 6 години, фор шор). Индијана Џонс нема да ги добие парите кои планираа да му ги понудат, па поради тоа веројатно ќе го лапне Торонто (за нив подоле).Ентони Џонсон, како најголема жртва за Харингтон, си заврши во Далас, каде ич нема да му биде лошо, а Инди за него си ги добија Дарел Армстронг (значи никој) и тандемот Пауел-Маршал, кои лани искомбинираа цели две минути у игра. Не знам, али мене Ентони Џонсон ми изгледа како малце поразвиена копија на Ејвори, со нешто подобар шут, што у основа не е ни многу тешко, затоа што Ејвори ни немаше шут на повеќе од пет метри од кош. Кога ќе треба да се успори играта, тука е Ентони, а кога ќе треба да се игра побрзо тука е Девин Херис. Паметно од Мавси.
Со овие потези Инди ослободи доволно простор да го лапне договорот на Ал, што и ќе се деси деновиве.

* * * * *
Цела фамилија Салмонси

Сеирот викендов падна со Лососот Џон, кој одби да потпише со Репторси и тоа за пет години и 23 милиони. Претходно и Сиксерси сакаа да го задржат, а и Феникс нудеше слична сума како и диносаурусите. Е сеа, у Фили викаат дека не планираат да го вратат Џон, у Феникс веќе си го потпишаа Маркус Бенкс со тие пари, така да Лососот останува слободен да си плива кај сака и тоа веројатно за многу помали пари од тие кои ќе ги лапнеше у Канада.Мозок.

* * * * *

Америте си се спремаат у Вегас, ама некако уште не ми се пишува нешто посебно за нив. Кај и да ми се пишува кога може да се занимаваме со ликови како Џон Салмонс.

35 comments July 24th, 2006

ШоШон, Џулс, Сакто, ќелавиот, дебелиот и Ал

На некои едноставно не им доаѓа памет. Сва среќа што Шеп не може да кликне на линкот, тоа сигурно би му го упропастило кулирањето у Дојран. Освен ако Кемп веќе не е у Дојран и не кулираат заедно:).

* * * * *

Нене од следната сезона ќе го викаме Џулс. Не мора да објаснувам.
* * * * *

Малуфите нема да ја имаат таа чест да бидат газди на првиот НБА тим од Лас Вегас (или па Анахајм), откако Трифунот на Сакраменто и неговите помошнициги одобрија средствата за изградба на нова арена у центарот на Сакто. Е, уште Соникси да играа у таков град, па да не мораа да се селат у Оклахома Сити догодина. Можда.

* * * * *

“He was probably an inch from screaming or crying regardless of a guy cursing his mother. I don’t think anyone can really understand how a passionate artist like Zidane, how difficult it is to handle the closing of your career and it being the deciding (game) of the World Cup final. That’s a lot to take on. You can’t dismiss what he did and make it OK. It was wrong. At the same time, I forgive him. I can’t relate. That would be so difficult to deal with the emotions of the situation” — Нешти за Зидан.

* * * * *

Ви текиња на Ди-Си, Дерик Колмен, кој требаше да стане ѕвер од играч, ама мрзата не му даде? Е па, Дерик конечно си најде нешто у што е добар, а тоа е ОВА. Одма наручуем едно одело. Џиги, и тебе ќе ти заврши работа едно од дуќанот на Ди-Си:).

* * * *

Задњи румор е дека Атланта ќе го прати Ал Херингтон во Индијана од која нема да го добие ни Тинсли, ни Фостер, ни Херисон, ни Џонсон, ни никој. Само кеш и идни драфт пикови?!?!?!

18 comments July 21st, 2006

Хмммммм….


Just a thought. Монтажов е од истиот момак кој го направи и тој со Ален у дресот на Бостон (скролајте надоле ќе го најдете). Ја како еден од ретките фанови на Атланта, не само кај нас него и у цел свет не можам да бидам рамнодушен кон сликава. Уште ако успееме да го добиеме Ајверсон само за Ал Херингтон и уште некоја резерва онда стварно не би имал ништо против…Ален и Џо у ист бек-корт…м-м-ммммм-мераци…

9 comments July 20th, 2006

Previous Posts


Календар

July 2006
M T W T F S S
« Jun   Aug »
 12
3456789
10111213141516
17181920212223
24252627282930
31  

Архива

Категории