Archive for June, 2006
Кога ќе помине драфтот, и тоа секоја година, некако све живо се успорува и имаш еден онака длабок издисај на некое олеснување, како кога нешто ќе завршиш успешно. Обично драфтот така и му доаѓа на секоја сезона, како некоја точка, а ако има некое јако име онда и како извичник.
Е сеа, тоа што сезоната заврши не значи дека МакНБА престанува да функционира. Сите што не читаат од лани летото тоа многу добро го знаат. Летото е таман време чат-пат да се позанимаваме со бизарни причи, кои некад преку сезоната не стигаме да ги раскажеме, а и и да им фатиме сеир.
Така, по ланската пост-драфт прича за девет и пол-те прста на Џералд Грин, еве го Ренди Фој со неговото срце на погрешна страна, а и Еди Грифин со една од најморонските работи кои некој НБА играч ги направил у историја.
Ренди Фој, кој по сите драфт дубари заврши во Минесота имал чудна дешавка кога на колеџ отишол на лекарски - кога докторот пробал да му го чуе пулсот ставајќи го стетоскопот на срцето, се што слушнал била - штама. Дури после тоа тој сконтал дека срцето на Фој се наоѓа од спротивната, десна страна. Причата ја имате тука, каде има и нешто за трејд на некој си Ајверсон.
* * * * *
Од време на време ќе се појави некоја крајно идиотска прича за некој НБА играч и некоја тешка глупост која тој ја направил. И што е најинтересно, скоро секоја од тие стории се појавува откако ќе заврши сезоната, некој месец по стварната дешавка.
Нов на листата моронски потези, со аспирации брзо да се искачи на врв на Топ 10, (веројатно и пред тоа кога Дејмон Стадемаер проба да шверцува трева покрај метал детектори на аеродром…завиткана во алуминиумска фолија!?!?!) е моронот Еди Грифин од Минесота, кој…пази сеа “Бил пијан и мастурбирал (т.е. дркал) кога се учукал у паркиран џип покрај некоја продавница во Минеаполис”.
Ова е линкот до целата приказна, а мора да го погледнете видеото горе десно за да ја сфатите целата идиотска прича.
Ај што ја направил глупоста, ама на видеото е и снимено како Еди после учукувањето (и нормално, дигањето фармерки) влегол во продавницата и му понудил на газдата на џипот да му купи било каква кола само да не се разгласи причата. Не ми е јасно зашто нејќе само да му купи Бентли?
Најбизарниот дел од целата ствар е што таа се десила на 30 март годинава и што наместо да го однесат у станица Еди кој сам признава дека е пијан, тие типот го префрлиле дома и ништо не пријавиле?!?!
А бе кретенчино една, да се возело низ град, да се гледало порнич на ДВД у кола, па и уште да си играло со змијата…и после ќе кажат дека колеџот не бил битен.
June 30th, 2006
или дрн-дрн јариња. Еве мене шо ми остаи фпечаток:
- Лазањата Барњани е прв во Торонто.
- По(р)тланд направи милион дубари. Ламаркус во Блејзерси за Тајрус Томас и Крјапа. Себастиан Телфер и Тио Ретлиф ојдоа во Селтикси за Реф ЛаШпенц и Ден Цвикау и умешаа пикови, мада мене уште ми е нејасно.
- Бркот во Шарлот.
- Руди Геј во Хјустон.
- Редик во Орландо.
- Џош Бун во Њу Џерси.
- Џејмс Летечи Вајт исто во Џејл Блејзерс ко прв пик на втора рунда.
- Коста Перович во Голден Стејт.
Другото е мрско.
Допуна бај Каракаш:
Толку од мрскотијата на Шеп, кој и без да го гледа драфтот сконта дека е за нигде. Ја морав да ја изгледам цела прва рунда за да сфатам колку е овој драфт мрзок, али и да сфатам колку не ги бива за ништо типците од ЕСПН, кои можат слободно да им носат вода на Чак, Кени и друштвото од ТНТ.
Иначе, признавам, ова ми беше прв драфт изгледан у целост и ако вака е секоја година ќе размислам дали и за следниот ќе останам буден до 4 и пол сабајле. Ај, ептен беше топло, па и онака не се спиеше, а X-Zone одамна немаме на кабловачка.
Така, му ја заседнав накај еден и пол пред ТВ, земав шише вода и почнав да ги слушам момците од ЕСПН како мелат….и мелат….и мелат.
На почеток ми беше ОК, зашто у основа знаев малку за оваа драфт класа, посебно за момци како Томас, Фој, Рој итд. Ама, после некоја минута, кога типовите почнаа да се повторуваат, а Стивен Скриминг Смит, (кој како мал паднал у буре со течен адреналин), почна да пробува да биде духовит, мене почна да ми станува мрско.
Ако му е за верување на ЕСПН тимот буквално секој од првите осум пика е ѕвер, кој или сега или за година-две ќе биде играчиште во НБА. Нормално, секој играч беше претставен со микс од најдобри потези у кој дури и еден Саер Сене од Пепинстер изгледаше како Хаким у млади дани (значи-Аким).
Настрана без везе преносот, никој не се изненади кога Штерн го викна Барњани да му се прикључи на сцена како 1.пик. Андреа промрморе нешто на италијански, а “аналитичарите” одма почнаа да викаат како тоа е добар пик, ама и дека од него никад нема да биде НБА ѕвезда.
По селекцијата на Баџо уследи прав хаос у кој после некои десетина минути се изгубија и момците од ЕСПН и самиот Штерн, а веројатно најзбунети беа у Портланд кој направи еден куп трампи со кои ама ич не му помогна на тимот.
Како што ги читаше пиковите комишот, одма јавуваа дека тој е трампан таму, а оној онаму. Чикаго си го доби Тајрус Томас, а и му направи дубара на Портланд земајќи го Олдриџ како втор за да им го дадат на Блејзерси кои со Томас мораа да им го дадат и Кријапа.
Мајкл не се коцкаше со 3.пик и го избра најспремниот НЦАА играч на драфтот - Бркот Морисон. Најјезив момент у миксот за Адамчо беше како седи на клупа у тајм-аут и си шиба инсулинска инјекција. Ако не сте знаеле, момакот е шеќераш. Иначе, Адам е фаца, ФАЦА! Доказ е и клипов. Обратете пажња на бркот.
Моите Хоукси не трејдуваа и го земаа Шелден Вилијамс, нешто што беше најавено уште пред некоја недела. Колку и да сакав да земат плеј, нив ги немаше у некој избор на овој драфт, а Шелден е мрга која имаше одличен дабл-дабл на Дјук. Плус, тој е прв блокер у историјата на универзитетот и два пути беше најдефанзивец, нешто што очајно и треба на Атланта.
Потоа продужи целиот хаос у кој не се знаеше кој пие, а кој плаќа, а на изненадување на сите еден Маркус Вилијамс, кој е најбољи плеј у оваа класа падна се до 22. место.
Најинтересно у МСГ беше кога Никси дојдоа на ред да бираат. Додека скоро сите, па и Спајк Ли го извикуваа името на М.Вилијамс, Штерн објави дека Њујорк го бира Реналдо Болкмен по што одма уследи штама у салата.
Никој жив не знаеше кој е типот, но кога аналитичарите кои исто така беа шкирани, почнаа да објаснуваат дека Болкмен е тип за у 2. рунда, и тоа за пред крајот, почнаа серијата свирежи и скандирања Fire Isaiah!!!. Ситуација која не се смири некои десетина минути. А до сабајлево единствената ствар у која Зик беше колку-толку добар беше драфтот.
По се изгледа се си има свој крај…у Њујорк. Еве ја целата ствар, ама снимена од страна на еден фан на Нетси, кои поради глупоста на Ајзеа стигнаа да си ги земат и Вилијамс и Бун.
Друго нешто не ми фати око. Лејкерси го земаа Фармар кој како средношколец беше еден од подобрите во САД, ама малце се изгуби на УКЛА. Ипак, мислам дека тоа е добар пик за нив. Рундата ја затвори кој друг ако не Портланд со изборот на Британецот Филенд, кој му поклони фудбалски дрес од Англија на Штерн кога овој му го даде капчето на Блејзерси.
То би било то од драфтот, а деновиве би требало да има и анализа на понекој од топ пиковите. За крај ѕирнете го клипов и типот кој жога бонито на него.
June 29th, 2006
Една од мистериите е решена. Во блек боксот не беа ниту главата на Ајзеа Томас, ниту Ерл Бојкинс, ниту пак четирите сликички кои ми фалат од албумот за Свецко.
Наместо овие три логични ствари, во кутијата чичко Cтерн сокрил нешто што верувам дека на никој од вас немаше да му падне на памет, а тоа е скроз нов офишл NBA баскет, со кој ќе почне да се игра од летните лиги.
Еве го и линкот до изненадувањето кое го шокираше кошаркарскиот свет.
Мене една ствар пак не ми е јасна. Ај одличниот футуристички дизајн (иако Шеп вика дека му е како Молтенот со кој се игра Евролига) и све, ама бе 100 доларјев цена!?!?!?
Сеа сигурно врие од гужвање и тепање меѓу децата у гетото да се дојде на ред да се купи баскетот, па зашто не и два.
Има и понешто друго низ НБА овие ден-два, како тоа дека Пеџа е слободен играч и дека се збори за еден куп трејдови (тоа значи дека ќе нема ниеден или па еден у кој главна фаца ќе биде Крис Духон) за драфт дејот. Ај, вечер е драфтот, барем нема да чекаме многу.
June 28th, 2006
Кај сум у дилема дали сите ние живееме у иста држава, исто така апсолутно неам појма кој ќе биде 1. пик на утрешниот драфт. Нешто у што не сум единствен, а веројатно ни самиот Брајан Коланџело до последен момент нема да знае кого ќе избере, откако изјави дека се уште се мисли меѓу двајца момци.
Барем за сега типот вика дека нема никаква намера да го трампа својот прв пик, за кој па и нема некој посебен интерес со однос на тоа дека на овој драфт нема играч како на некои претходно кој уште у првата своја сезона може да направи голема разлика.
Коланџело веројатно се мисли меѓу Андреа Барњани и Ламаркус Олдриџ, иако не би ме изненадило на крајот да се одлучи и за Адам “Бркот” Морисон.
Од одлуката на Торонто целосно ќе зависи дали драфтот ќе продужи по текот кој другите екипи го посакуваат или пак Репторси ќе започнат домино-ефект у кој секој ќе мора да бира не според претходните планови, туку според тоа што ќе им остане на масата.
Така, ако Коланџело не го лапне Барњани, онда шпагетата може слободно да падне до 5. или 6. пик, пред се поради тоа што после Коланџело нема многу Џи-Ем-овци кои се убедени дека ќе биде играч од момакот од Рим.
Ја лично баш Андреа го имам најмногу гледано од овие момци кои се топ фаци на драфтот, додека другите ги имам фатено чат-пат, недоволно да видам што се крие у нив. Од она што го слушам, најкомплетен играч е Морисон, кој уште сега е спремен за НБА, што не може да се каже за другите момци.
“Бркот” има факат страшен шут и одлично се движи без топка, плус на тоа тој од мал се мучи со дијабетисот што секако ќе го направи класична палома-шмрк прича за Америте.
По вкус на скаутите им е и Ламаркус Олдриџ, кој многу потсеќа на својот ментор Крис Бош, иако у сите најави го споредуваат со Џермејн О’Нил. Ја пред некое време читав интервју со Олдриџ у кое се гледа дека момакот е скромен тип од Тексас кој располага со голем потенцијал да стане играчиште, што не би требало да биде проблем со оглед на одличниот ворк етик.
Иначе, мок-шмок драфтови не правиме.
Остатокот од момците се мистерија и од нив може, ама па и многу лесно може да не биде играчи. Ништо чудно овој да биде еден од оние драфтови на кои пик избран од 10-30 место да постигне многу повеќе од поголемиот дел од играчите избрани пред него.У продолжение следи најава на Топ 5-те талентите на овој драфт, која утре ќе се појави и у весник:
1. Ламаркус Олдриџ
Роден на 19.07.1985 год. во Далас
210 см., 106 кг.
Универзитет: Тексас
Го споредуваат со: Џермејн О’Нил
Олдриџ располага со сите физички предиспозиции кои се бараат во од еден висок играч во НБА. Тој и покрај својата височина е екстремно брз и подвижен
и во зависнот од потребите може да игра и на “четворка” и на центар. Покрај тоа Олдриџ е одлично кошаркарски поткован, нешто што ретко се гледа денес меѓу младите играчи, а освен во нападот знае да одигра одлично и во одбраната каде главна карактеристика му се атрактивните блокади. Веројатно најголем потенцијал на драфтот.
2. Андреа Барњани
Роден на 27.10.1985 во Рим, Италија
213 см., 102 кг.
Клуб: Бенетон (Тревизо)
Го споредуваат со: Дирк Новицки
Барњани е типичен европски играч за кој сонуваат НБА скаутите. Тој е висок, подвижен, има брз прв чекор и одличен шут за играч со својата височина. Во негов прилог оди и тоа што за разлика од другите европски играчи Андреа игра нетипично добра одбрана. Плус е чувството за тимска игра изградено во системот на Еторе Месина. Она за што му се забележува е недоволната мускулна маса за да се бори во рекетот со НБА ѕверовите, иако и Дирк кога дојде во лигата ја имаше сличната градба.
3. Адам Морисон
Роден на 20.07.1984 во Спокејн
202 см., 90 кг.
Универзитет: Гонзага
Го споредуваат со: Ричард Хамилтон
НЦАА лигата одамна немаше видено играч со такво чувство за игра како Морисон, кој е по вкусот на речиси секој НБА тренер. Главна карактеристика на Адам е тоа што тој е одличен стрелец, но покрај тоа него го красат и многу други работи, како брзиот прв чекор кој во комбинација со шутот го прави екстра тежок за чување. Не е загарантирано дека тој еден ден ќе стане голема НБА ѕвезда, но сигурно дека во вистинскиот систем ќе биде Ол-стар играч.
4. Тајрус Томас
Роден на 17.08.1986 во Батон Руж
203 см., 98 кг.
Универзитет: ЛСУ
Го споредуваат со: Тајсон Чендлер
Доколку се погледнат физичките способности и височината во НБА има малку играчи кои можат да му парираат на Томас. Покрај тоа што има еден од најголемите одрази воопшто во САД, Тајрус се движи како бек и е многу подобра верзија на Тајсон Чендлер и Стромајл Свифт. Главна негова карактерстика се атрактвните забивања и блокади. Како минус му се наведува тоа што доцна почнал да игра организирано кошарка, како и се уште неизградениот шут.
5. Брендон Рој
Роден на 25.07.1984 во Сиетл
198 см., 94 кг.
Универзитет: Вашингтон
Го споредуваат со: Ману Џинобили
Рој отсекогаш бил на листата на најталентирани млади играчи, но дури на последната година на колеџ тој целосно го покажа својот потенцијал на еден од најкомплетните млади играчи. Главно оружје на Рој е влезот за кој колеџ екипите немаа решение, а има и одличен шут од дистанца.
Како плус му се наведува и добриот преглед на теренот и малиот број на загубени топки. Од тоа дали ќе успее да се префрли на плеј во многу ќе зависи кој тим ќе го избере и дали ќе успее во НБА.
Факат е дека драфтот знае да биде и место каде се прават тешки грешки, а галеријава на Ес-Ај ни покажува дел од глупостите на Џи-Ем-овите. (Обратете внимание на Тод Фулер и момците кои беа избрани после него).
* * * * *
Е сеа, дилемата, т.е. трилемата да биде комплетна, НБА денеска лансираше промо материјал во кој само се кажува дека утре ќе биде отворена Црната кутија во која се содржани доста ствари кои ќе изненадат многумина. Мене прво на памет ми падна крајот на Seven, само што можда сега ќе ја видиме внатре главата на Ајзеа. А?
* * * * *
Коа сме кај Ајзеа, ако главата не му се најде у кутијата, онда типот има рок од една година да го среди хаосот кој сам си го направи во Њујорк или стварно ќе му лета главата, ама фигуративно.
Газдата на Никси, Џејмс Долан конечно се разбуди од неколку годишната кома и му даде ултиматум од 365 дена на Томас. Или ќе ги среди работите или ќе лета. Поштено.
Ја типувам дека нов надимак на Ајзеа ќе биде Брдмен, може и Чучулига, ако се побуни другар ни Андерсен.
* * * * *
Знам дека има еден куп драфт деј дубари кои се спомнуваат у моментов, а у нив ништо помалце па имињата на Ајверсон, Гарнет, Џермејн, Мерион, Луис, Бузер и Шцјасдбасбукијак. Мислам дека нема ништо од сите најави, барем не утре вечер, иако се погласен е муабетот дека деновите на Ален у Фила се одбројани, само уште да му најдат екипа у која би го трампале.
Ќе видиме, сите тие иде-не иде муабети ми се ептен мрски, онакви, као за у мало на клупа.
* * * * *
Знам дека реков дека више нема да пишуваме за финалето, ама ќе беше штета на го ѕирневте клипов. Толку.
June 27th, 2006
Ајзеа го одложи текстов за еден ден, но време е да се даде последен поглед на 60-то НБА финале, кое зависи од која страна гледате е едно од најдобрите во последно време или пак уште еден случај за conspiracy теоретичарите.
(Малку ќе одам рендомли од ствар на ствар за финалето, али ќе ме сконтате, после преку 200 ноќи без спиење…израчунав негде околу 220 утакмици…малку ми е чудно што ќе си легнувам пред изгрејсонце).
Ја сум негде измеѓу. Не сакам да гледам како титули се решаваат со слободни, слободните треба да бидат составен дел од играта, но не на начин на кој цела сезона би се сведувала на изведување слободни од страна на еден играч и тоа на две средби по ред.
Тоа што Вејд испуца преку 20 слободни на две средби од финалето, а тоа факат се нема десено никад, е нешто што фановите на Далас и Кјубан никако не можат да го сварат. Факт кој оди на нивната воденица е и тој дека Ајверсон сезонава беше лидер по бројот на изведени слободни (Коби е втор), а тој цела сезона изведе преку 20 слободњаци на само четири средби (кога Коби убаци 81 поени тој шутна 20 слободни).
Е сеа, знам дека ова звучи како Вејд незаслужено да се најде таму каде што момакот е сега, што у никој случај не е вистина. Вистината е дека додека другите се мислеа и не знаеа како да ја свртат средбата во своја корист Двејн едноставно беше фром анадр планет.
Кога требаше да се оди на шут - тој си погодуваше, кога требаше асистенција - тој си наоѓаше слободен соиграч, кога се кршеше резултатот - тој знаеше дека треба да тргне на влез и да изнуди што може повеќе контакт, свесен дека судиите ќе дувнат фаул, иако имаше и доста ситуации во кои Двејн не го доби тој суперстар третман.
Факт е дека во ова финале Флеш покажа муда какви сме виделе ретко кога досега, посебно не на вакво ниво. Вејд на грб ги качи сите старци од пензионерскиот од Мајами и ги однесе таку каде што сами никад не можеа да стигнат кога беа у најдобри години баш поради тој факт - што немаа доволно големи муда (дел од муабетов нормално не е Шек).
Факт е дека сите бевме сведоци на пишувањето на историјата на НБА, нешто за што сигурен сум дека ќе им раскажуваме на нашите деца, внуци, итд…
* * * * *
За да се сфати како стигнавме до тука и до ситуација слободните да решаваат треба да се вратиме некои шест-седум години назад кога чичко Штерн одлучи и дефинитивно да ги избаци од лигата момците и фаулите од типот на Оукли, Лејмбир, Мејсон, Родман, Махорн итд…
Комишот воведе неколку измени меѓу кои кључна беше хендчекинг фаулот надвор од рекетот со кој им се даде максимална слобода на момците како Вејд, Коби, Ајверсон, Трејси и др., за да им биде уште полесно, секој погруб контакт кога тие момци ќе влезеа у рекет беше окарактеризиран како непотребна грубост и значеше суспензија. На времето тие фаули беа само тн. “машки” фаули, сега се фаули за у затвор.
Добар пример е фаулот на Стекхаус над Шек, за кој порано никој немаше да лапне суспензија, па уште у финале?!?!
Ваков третман пред 20 години да имаа Мајкл, кога Бед Бојси буквално на секој негов влез одеа да му скинат глава или Доминик, кој и без тоа го држи рекордот за 23-23 уфрлени слободни на една утакмица сигурно ќе имаа просеци од преку 40 поени.
“I really got involved to outlaw all the handchecking and all the beating up of guys on the perimeter, so now the game’s gotten a lot smoother, so you’ve got superstars like Dwyane Wade, LeBron James, Dirk Nowitzki who can take the ball to the hoop without all of that old Knicks ball, the old Pat Riley stuff, where they’d just beat up on people” - изјава која Марк Кјубан ја даде на “Летерман” кога серијата се пресели во Мајами. Веројатно сеа си ја мава главата у ѕид.
* * * * *
Веројатно држи вода фактот дека е потребно искуство, посебно на клупата за да се освои титулата. Колку и да не ми се свиѓа начинот на кој залижаниот ги водеше Хит.
Сите забелешки на неговите потези губат на тежина кога ќе се сфати дека токму Рајли, заедно со Флеш ја одигра најголемата улога во освојувањето на титулата со тоа што целосно го стави у мал џеб Ејвори Џонсон, кој се изгуби после две средби и три и пол четвртини.
Улогата на мотиватор, по која уствари Рајли е и најпознат, тој ја изигра оскаровски, убедувајќи ги своите момци дека се способни да се вратат од 0-2 и велејќи им дека на 20.06. ќе ја освојат својата прва титула.
Ејвори после ова може слободно може да си ја врати наградата за Коуч оф д јир, затоа што недозволиво е за некој како него да не сфати дека му е подобро да престане да го утројува Шек и конечно да му посвети повеќе внимание на Вејд.
Нели е подобро еден од триото мрцини Диоп, Дампие и Мбенга да го пази еден на еден Дизелот (колку и да е тоа немогуче за нив) и секогаш кога Шек ќе ги поминеше и ќе се најдеше у позиција да поентира да направеа фаул.
Можда Ејвори не примети дека Шек е труба на слободни. Кој знае. Тој имаше 18 фаули да подели на Шек, а наместо тоа Мавси цело време го праќаа Вејд на слободни.
Проблем ми е и лидерството у Далас, каде барем до финалето Диркулес покажа дека конечно си ги пронашол мудата и знае што му треба да стане шампион. Ви текиња на серијата со Сан Антонио и растурањето од шутирање слободни на Дирк, што е многу слично со тоа како Вејд ги смска у финалето?
Тој Новицки го снема негде на патот од Феникс за Далас и не се врати до крај. Можеби избричената глава и брада ќе му помогнат да сфати колку бил блиску - за влакно.
А и што да очекуваш од екипа у која најплатен играч е Кит Ван факинг Хорн…
* * * * *
Никад не ми се верувало дека екипа у која стартен плеј е Џејсон Вилијамс, а уште па на тројка почиња Ентоан Вокер ќе успее да помириса финале, а камоли да стане шампион. Ама, веројатно тоа е Вејд-Шек ефектот.
Свака им част на Зо и Пејтон на првите титули, посебно поради тоа што и двајцата одиграа голема улога. Уште ми е у глава куцањето на Зо на крај на прво полувреме и секоја од петте блокади у Гејм 6.
Па уште како се тресеше на земја како да има напад…пример за тоа како се игра со цело срце…и еден бубрег.
* * * * *
Шек, колку и да според некои хејтери не делуваше така, одигра огромна улога во освојувањето на титулата. Со самото тоа што беше во игра и што у секој напад беше у2 и у3јуван тој отвараше простор да играат сите, а посебно Флеш.
Сега, Шек спободно може да каже дека го исполнил ветувњето кое им го даде на сите у Мајами кога пред две лета стигна во градот. Тој стана шампион без Коби покрај себе, иако мора да се признае дека тој тоа не го оствари на начинот на кој го замислуваше или посакуваше.
Од друга страна, Коби сакаше да ја освои титулата на ист начин на кој тоа го направи Вејд - со надминување историски дефицит со игри за историја, правејќи се сам кога се крши резултатот и докажувајќи дека тој е главната фаца у тимот.
Тоа што Шек свесно целата моќ му ја проследи на Двејн сигурно уште повеќе го полудува Коби, за што веројатно и не е потребно многу напор.
Начинот на кој заврши сезоната на Коби, со тоа што по медиумите беше повикан за неуспехот на Лејкерси во клучната седма со Феникс, кога во цело второ полувреме имаше само три шутеви од игра кога најмногу им требаше на своите помошници.
Кога на тоа ќе се додаде фактот дека Двејн е ѕверот кој успеа од 0-2 да сврти едно НБА финале во 4-2 за својот тим, па тоа што Двејн без проблеми успеа од менторот на Коби, Шек да направи втора опција и на крај тоа што сите почнаа да го споредуваат со идолот на Брајант, Мајкл химселф…веројатно му дава силни мотиви на Коби за следната сезона, познавајќи го каков его-манијак е.
Едвај чекам да ги видам неговите дуели со Двејн следната сезона кои сигурно ќе бидат класика и ќе се најавуваат како што тоа до оваа година беа најавувани двобојите на Коби и Шек. Едвај чекам.
* * * * *
Во продолжение…РЕКАПИТУЛАЦИЈА НА ШЕЕСЕТОТТО НБА ФИНАЛЕ by Chote, кој е најнова аквизиција на МакНБА тимот. Бето, уште не си ја аксептовал поканата која ти е пратена пред месец и кусур. Ај така.
(Иначе, морав малце да ги преуредам задњиве два текста затоа што си реков дека тоа што го пишав у петокот ќе биде задњи пост за финалето. Плус, Шеп многу, т.е. ич не го средил текстот, па морав малце да го излектурирам. Чоте, пази со дупли спејс у будуќе:). Донт вори, ги префрлив и коментарите. Сеа со текстот на Чоте добијате дупла доза НБА фајналс рикеп и тоа подвлечено со жуто - К.)
НБА сезоната заврши. Имаме нов шампион, “нов-нов”. Ретко кој очекуваше ваков расплет, особено по почетното водство на Далас во финалнава серија. Но, се случи чудо. Се срушија многу НБА рекорди и се прекинаа многу традиции.
Најбитно од се, НБА се издигна, не знам како да го објаснам тоа, ама НБА е повторно интересна за гледање, барем за мене. Се разбира не на исти начин интересна како што на пример беше во времето на Џордан и компанија (месо-боранија-К.), но не е досадна како што беше пред 4-5 години.
Веројатно најдобро ќе ја опишам новонастанатата ситуацијата ако кажам дека се поставија нови стандарди. Многу добро го кажа тоа Лекиќ, кој за наша среќа ги коментираше сите натпревари од финалето.
Она по што најмногу ќе го паметиме финалево е секако Двејн Вејд, кој израснува во феноменален играч. За мене тој отсекогаш бил подобар од Леброн и Мело, играчи со кои најчесто го споредуваат.
Вејд експлодираше кога беше најпотребно, Вејд покажа особини на исклучително зрел играч кога беше најпотребно.
Голема заслуга тука има и стариот лисец (што би рекол З.Михајлов) Пет Рајли, кој успеа да ги постави работите така за да извлече максимум од составот што му беше на располагање и затоа што успеа да ги постави работите така за талентот на Вејд дојде највеќе до израз кога беше најпотребно.
Иако морам да признам, на моменти тактиките негови ми беа чудни.
Во привјуто на финалето, исто така, кажав дека очекувам Шек да биде главен. Но, не беше така. Ни блиску до тоа што јас го очекував. Според мене, освен експлозијата на талентот на Двејн Вејд во финалево, друг многу битен момент што стана кристално јасен во последнава недела е падот во формата на со сигурност најголемиот активен играч во НБА. Станува јасно дека Шек остаре.
Факт е дека сеуште нема играч во НБА што може да го чува еден на еден, но исто така очигледно е дека колената на Шек попуштаат и он неможе да издржи повеќе од 30 минути на паркет. А и во тие 30. минути не е оној стариот, го нема оној жар и желба и секако не е физички спремен за да пружа партии какви што пружаше за Лејкерс на пример.
Во наредниве неколку сезони, Шек се повеќе и повеќе ќе се потпира на неговата харизма и искуство. Ние можеме само да уживаме во неговата игра, во играта на најголемиот активен играч во НБА во моментов и по неколку години да им кажуваме на децата за него. Шек беше втора виолина во финалево, како што и самиот си призна на крај. Во секој случај, вистинска привилегија за Вејд се околностите во кои тој “расте” како играч - Пет Рајли и Шекил О’Hил, не може да посака подобри тутори.
Во привјуто исто така реков дека очекувам старците во Мајами да гризат. Така и беше. Морнинг потсети на најдобрите денови од неговата кариера, јас не сум го видел толку мотивиран. Пејтон исто така изигра солидно за минутите што му беа доделени, а и за кондицијаита што ја има. Пејтон го реши третиот (одлучувачки) натпревар.
Останатите ветерани и не прикажаа кој знае што. Не ми е јасно како може Џејсон Вилијамс, 7 години да игра во НБА и при тоа да не созрее 5%, да не се надгради 5%. Истите глупости што ги правеше во Сакраменто на времето, па потоа и во Гризлис ги прави и сега, на тотално ист начин. Ептен е за никаде.
Секако треба да се спомене и Вокер, кој имаше голем удел во победата во последниов меч и исто така огромен удел во двата први порази на Мајами во финалната серија. Исто така Вокер даде огромен придонес за победата во третиот или четвртиот натпревар кога последните минути ги помина на клупа (ко што одлично забележа Енко - Седи бе:)).
Поуси и Хаслем треба да се споменат, епизодни но битни улоги одиграа двајцата. Да сум јас тренер на Мајами, секако Поуси би играл пред Вокер, а Пејтон пред Вилијамс, без разлика на годините и лошата физичка подготвеност на последниот.
Како и да е, патетиката на Морнинг, Пејтон па и на Вокер конечно им се исплати,(за разлика од Мелоун), тие сега ќе се пензионираат спокојно, со шампионски прстен на раката.
Далас ја изигра најдобрата сезона до сега. Јас пред почетокот на плејофот прогнозирав дека ќе играат во финале. Тоа и се случи. Сепак, искуството (поточно неискуството) си го направи своето. Дирк и компанија запреа кога беше најпотребно. А беа многу блиску. Не беа во состојба да се вратат по поразот во третиот натпревар.
Јас мислам дека во тимот на Далас има потенцијал и мислам дека сеуште не го кажале последниот збор.
Ејвори е одличен тренер, а доколку го задржат костурот на тимот верувам дека можат и повеќе од ова што го направија оваа сезона. Едино ако на лудакот Кјубан,(кој има фаца на лудак, се понаша како лудак и лудачки им аплаудираше на Мајами на крај) љубовта кон Маверикс му спласне, па дигне раце од нив. Сепак, мислам дека шансите за тоа се многу мали.
Риспект за Ејвори, Дирк, Тери, Хауард а и за останатите од тексашкиот тим. Направија навистина многу. Сега се поискусни за едно финале, а тоа може многу да им биде од корист во иднина.
* * * * *
Долго, а? За крај, една од најдобрите НБА најави евр…
(од следната недела почнуваме да се занимаваме со драфтот)…
June 23rd, 2006
Таман седнав да пишам текст за новиот шампион Мајами и колапсот на векот на Далас кога, кој друг, Ајзеа Томас ми се јавува и ми вика “Еј, конечно се откачив од стариот пацов!!!” . Можам да го замислам со мобилниот у раце и неговата насмевка која го направи позната, од уше до уше.
Не знам зошто и не би бил таков Зик, секој би сакал да си најде газда кој ќе му даде одврзани раце да си прави што сака, да троши пари на бескорисни ствари, да фрла милиони на сакати и предебели сумњиви типов и од една од оригиналните најголеми спортски организации, која делумно му беше трн у око кога беше играч, да направи нешто на што цел свет ќе му се смее. И се тоа вршејќи ја работата за која немате појма, а за која добивате една од најдобрите плати на светот.
У задњата епизода од Isaiah Allmighty, Томас фаќа Лерингитис и го брка Браун од Биг Епл за конечно тој да си седне на клупата на хаосот кој сам си го создаде. А како да не поминаа ни година дена (и не поминаа) кога Ајзеа со истата таа насмевка на медиумите од Њујорк им го претстави Браун како човекот кој ќе ги врати Никси таму каде што им е местото - што и бидна, само што не сфатија дека тоа место е дното на Атлантикот.
Е сеа, покрај тоа што Ајзеа е ужасен како Џи-Ем, светот у следната сезона ќе се потсети и на она што веројатно малце го подзаборави, а тоа е дека Ајзеа е и ужасен тренер. Во ова мислам дека ќе уживаме сите ние, освен нормално, фановите на Никси.
Што се однесува до Лери, спремете се за серија драматични изјави од старецот кој стави милиони во џеб оваа сезона за седење на клупата на Њујорк и правење тужни фаци. Тој ипак е Бродвеј тип на тренер кој нема туку-така да си отиде, а и онака нема многу други занимација за него во пензионерски.
Спремете се за уште посмешна сезона од прошлата во Никси, а сеирот ќе почне уште на драфтот на 28-ми следната недела кога у нивната арена Чикаго како 2-ри ќе го лапне пикот кој лани Томас им го даде за мрзата Кари. М-м-м, а таман помислив дека не може да биде посмешно у Њујорк.
ПМС: Вистински момент да го ставите у букмаркси Sell the Knicks, кои пред некои месец дена Џејмс Долан проба и да ги укине.
June 22nd, 2006
Мајами е новиот шампион, колку и да тоа изгледаше како невозможна мисија по двете први средби во Далас.
Мајами го има Двејн Вејд, кој во моментов слободно можеме да кажеме дека е најдобриот играч во лигата.
Мајами го има Шекил О’Нил, кој кога пред две години пристигна во клубот им вети на фановите шампионска парада.
Мајами го има Пет Рајли, кој кога пред 11 сезони застана на кормилото гарантираше титула.
Мајами го има својот долгогодишен симбол Алонзо Морнинг, кој конечно, по неколку сезони исполнети со агонија стигна до заслужената цел.
Мајами ги има Гери Пејтон и Ентоан Вокер, кои по многу неуспешни обиди си го најдоа своето место под сонцето на Флорида и се закитија со своите први шампионски прстени.
Мајами, барем до следното време ова лето, во свои раце го има “Лери О’Браен” трофејот и во следните година дена ќе биде мерило за успех и тим кој другите 29 НБА екипи ќе се обидуваат да го симнат од тронот.
Преку 36 поени на МВП-то на финалето - Вејд, дабл-дабл ефектите на Јудонис Хаслем, Ентоан Вокер и енергијата на Алонзо, Мајами ја одигра својата веројатно најдобра средба на гости сезонава за победа од 95-92 сред Далас и крај на серијата од 4-2 во нивна корист.
Формулата која ја донесе титулата на Флорида беше формирана пред две лета, а минатото претрпе неколку измени од страна на Рајли.
Покрај ангажирањето на неколку ветерани, минатото лето се изврши и прераспределба на улогите која беше евидентна во овој плеј-оф и посебно во ова финале.
Шекил веќе не е најдобриот играч на Мајами, откако шестата средба ја заврши со само девет поени, а финалето со просек од 13.7 по натпревар.
Лидер на Хит сега е Вејд, кој со просек од 34.7 поени сосема заслужено беше прогласен за МВП на финаето и кој повторно, кога делуваше како да Мајами пак ќе падне во Тексас, беше тука да ја одигра улогата на спасител.
Секогаш кога гостите ќе паднеа во дупка, Двејн беше тука да ги извади. Почнувајќи од седумте поени во серија кога Далас поведе со 26-12 на стартот, па се до петте слободни во последните две минути со кои ја запечати титулата.
Сепак, на оваа средба не беше само Вејд тој кој го носеше Мајами. Тука беа изненадно добрите партии на Хаслем и Вокер, тимската игра на Шек и огромната желба за победа на Морнинг кои едноставно беа премногу за загубените Мавси.
Мајами е новиот шампион, колку и да тоа изгледаше како невозможна мисија по двете први средби во Далас.
(Текст за у новини)
June 21st, 2006
Previous Posts