Archive for April, 2006
Ова се онака, рендом мисли, на една иста тема…онака, нафрлени…
По скоро една недела од плеј-офот 2006, сите НБА аналитичари, стручњаци, новинари и други се сложни во тоа дека до сега имавме малце утакмици и потези за кои за некоја година ќе се зборува. Освен можеби лудата тројка на Боунс Бери која ги спаси Спарси против Кингси.
(Трипл-даблот на Леброн не влегува у конкуренција, затоа што тоа стана инстант-класика).
Како главни виновници се наведуваат тренерите, но и немањето доволно маркантни играчи кои би го привлекле вниманието на медиумите. Освен Џејмс, кој се спушти на земја по фантастичното деби, не се најде играч кој би натерал обичен НБА фан да остане пред телевизорот до рано насабајле.
Коби требаше да биде тоа, но тој созреа и одеднаш почна целосно да го слуша Зенот. Потег кој е по вкусот на сите Лејкер фанови, но и на ниеден Коби-фан.
Од другите, можеби само уште Дирк би влегол у игра и…толку.
Е сеа, да не бидам сфатен погрешно, видов дека се разви дискусија на оваа тема во коментарите.
Јас не мислам дека Пистонси се тапанџиски тим, и не им посакувам повреда. Како што рече Синдикејт, ни на нив, ни на било кој спортист (освен Тоти).
Истото се однесува и на Спарси, затоа што нивна силна страна е колективот.
Факт е дека ни едните ни другите немаат маркетиншка привлечност, али тоа е така уште од 2004 година и менталниот колапс на Лејкерси во финалето.
Едноставно, тоа е така, и затоа од таму сето тоа внимание свртено кон Леброн, Коби, Вејд итн…
Иако поискусните НБА фанови знаат да ги ценат и Спарси и Пистонси.
* * * * *
Еден од потезите кои малце ја разбудија публиката, иако веројатно беше фаул у напад:
* * * * *
“Vince Carter was out there trying to play tough, which we all know he’s not.”
- Pacers point guard Anthony Johnson, commenting on Vince Carter’s trash talking and facial expressions in Game 2 of the Nets-Pacers playoff series.
* * * * *
The Knicks will again bid for Kenyon Martin now that he assuredly will be traded by the Nuggets this summer, but Larry Brown has also asked Isiah Thomas to target another potential injury risk: Miami’s free-agent center Alonzo Mourning. - New York Post
А, што очекувавте вие од Ајзеа, а?
* * * * *
89 is the number of times LeBron James touched the ball on offense in his magnificent playoff debut (32 points, 11 rebounds, 11 assists). Along with his 27 shots, he drew 10 fouls (three of them for “and one” plays), had four turnovers, but still passed the ball 51 times for a 57 percent pass rate. Talk about getting your teammates involved. He had one “assist worthy” pass that led to two free throws and another 11 “potential assist” passes in which his teammates missed shots.
- аначиза на момците од 82гејмс.
Кога сме кај Леброн, тој ветува дека вечер нема да се повтори вториот дуел. Ја му верувам.
Иначе, дали ќе биде така ќе можеме да се увериме у живо на Спорт4. У два.
* * * * *
Ајверсон во Бостон, заедно со Пол Пирс. Барем за типовите од Celticsblog. Дрим он.
* * * * *
Момците од Need4Sheed конечно си го добија Биг Бен у инфлејтбл верзија. Со вакво нешто не ви треба ни аларм, ни бутур. Само напумпајте го Бен и стаје го пред врата.
* * * * *
На типците од ЈејСпортс конечно им текна да не поздрават. Така да, ја враќаме услугата.
For all you YAYland readers, YayЅports.
* * * * *
Не е тајна дека скоро секој рапер сака да биде НБА кошаркар, како и дека секој НБА кошаркар сака да биде рапер.
Ниту една од двете комбинации не е успешна, али вреди да се проба нели. Плус, на што онда би фаќале сеир. Еве ви линк на кој има доста рап ствари од НБА ѕвезди. Мој фаворит? Никој.
* * * * *
“Well-deserved and it’s life-sized.” - Баркли, за наградата за тренер на годината на Ејвори Џонсон.
* * * * *
Немој да сте ми кажале дека сте знаеле дека Нејт Робинсон има свој блог.
* * * * *
Ја идам сабајле за Охрид, така да на Шеп, Двр и Флајт останува чат-пат да го покриваат и откриваат плеј-офот.
Леп провод за сите вас, каде било и да одите деновиве. Ааааајјјјј.
April 28th, 2006
Ова како ептен ексклузива, (освен ако не го спомна вчера типчето што коментира на Спорт4 у пренос).
Од сад, па надање и у будуќе, Спорт4 секоја вечер ќе дава по една плеј-оф утакмица.
Мераци.
Судејќи според одреден доверлив извор на “Аризона Рипаблик”, нити ја, нити Шеп, нити Флајт, нити повеќето од нас не го погодија играчот кој ќе го наследи Стив Неш на МВП тронот.
Изгледа затоа што тоа ќе биде…Стив Неш!!! Нема да мрчам ништо, зашто има уште време до објавување на тоа кој ја добил наградата (лани беше на 8 мај), но самото тоа што гласањето е завршено сугерира дека има нешто у муабетов.
Плус, кога лани Нешти ја доби титулата, одма почнав да мрчам дека е незаслужено и дека титулата ја заслужува Шек (кој беше доста блиску), ама Стиви ме разубеди у текот на плеј-офот, у кој целосно докажа дека заслужи да биде МВП.
* * * * *
Уште само ова. Глеам дека Шеп и остали Лејкер-фанови почна да ги копка причата за тоа дека Коби од следната сезона више нема да ја носи 8-та. Сабајле кога ми дојде веста немав линк, ама сеа го имам.
Мене лично, ова не ме изненадува. Уште еден у низата потези у филмот на Коби, кој само самиот тој си знае у кое кино игра. Можеби е само трик за зголемување на продажба, можда е на совет на Лејкерси, а можда Мамбата у главата му кажала “Чејнџ д намбер, мај прешсссссс”.
Мада, не ми е јасно зашто би се заебавал со бројот кој тој од ништо направи да значи нешто и кој е познат како “Бројот на Коби”?
Можеби затоа што 8-та не значи апсолутно НИШТО.
“In high school I started out with number 24. Then I went to number 33 later on. 33 was the number my father wore in high school, so I just switched it to carry on the lineage.”
When Bryant jumped from Lower Merion High School to the professional ranks joining the Lakers, Bryant did not even have the opportunity to select number 33. That number was already previously retired after being worn by Kareem Abdul-Jabbar.
Kobe chose the number 8 because his uniform number as a high schooler at the ADIDAS ABCD Camp was 143 (1+4+3=8), but the number switch was easy.
“I wore the number 8 when I was a kid playing in the Italian leagues, so it was a smooth transition from number 33.”
Ја мислам дека тоа е само најава колку пати Коби ќе шутне вечер у Феникс.
Монтажата на новиот дрес на Кобстер е преземена од, или културно кажано courtesy of YAYSports!, еден од најдобрите НБА блогови на нет, од каде и порано имаме преземено понекоја монтажа. Како и они од нас.
April 26th, 2006
Понекогаш има некои утакмици, кои едноставно ја имаат таа моќ да ја убијат секоја желба за кошарка. Моја среќа што се знам со НБА веќе подолго време, иначе после она што се дешаваше у Кливленд синоќа тешко дека пак годинава ќе седнев да гледам баскет.
Бљувотина од утакмица. Бирајте: едно чудо глупо изгубени топки; глупи фаули у одбрана, уште поглупи у напад; промашување зицери од под кош; промашување чисти шутеви од дистанца, и тоа многу; промашување слободни од играчи за кои тоа би требало да биде најлесното нешто на светот и …промашување куцање за играчот за кој тоа би требало да биде најлесната работа (и обично е) на светот. (да, ти Леброн).Како шлаг на се-брадата на Зззззззззз.
Баталете што сега сигурно на секој сајт ќе се појави како Еди Џордан сковал брилијантна тактика и како Визардси од старт знаеле што прават.
Единствена причина за нивната победа е истата причина за нивниот пораз во првата средба.
Не ги гледајте 26-те поени и девет скокови на Леброн, зошто тие нема да ви ја дадат реалната слика за тоа што се дешаваше со него и Кавси.
Па ни 10 изгубени топки и мизерниот шут од игра нема да ја дадат целата слика.
Тоа мораше да се види. Толку положувања Леброн веројатно нема утнато цела сезона. Откако како брз воз ги одигра првите десет минути од првата четвртина, влечејќи ги Кавси со себе за плус 15, Леброн застана, а со него и сите у Охајо.
Визардси ги стигнаа и до крај се играше повуци-потегни, нешто у што имаше најмалце кошарка. Да нема забуна, не беше само Леброн тапа, но од него најмногу се очекува, затоа го ставив прв.
Да не зборам за никаквиот Лери Хјуз, кој у поголем дел изгледа се уште мислеше дека игра за Визардси, Зззззззи кој освен два-три офанзивни скокови ја преспа цела утакмица, и тако даље..Сноу, Маршал, Флип, Сајдшоу Боб…Кога не игра Леброн, не игра никој од нив. Факат.
Визардси не ги спомнувам, затоа што ипак успеаа да победат у така ружна утакмица, покажувајќи дека искуството во вакви средби знае да биде решавачко. Ланскиот дуел со Булси ги научи многу, лекција која Кавси тек треба да ја научат.
На крај испадна дека треба да бидеме пресреќни што Спорт4 ја даваше САС-Сакто.
PMS: ќе го заборавев Дру Гуден, кој одигра одлична партија и беќе единствен кој играше нешто, не само кај Кавси, него уопште на цела утакмица.
PMSSS: Gleam deka iako nigde u postot ne se spominja Kobi, pak se ostavaat komentari za nego. Onda, eve pricina da go spomnuvate i nego u komentarite: Od slednata sezona Kobi nema da ja nosi 8-cata, nego svojot dres od sredno, so brojot 24 na grbot. Kole, ke moras da menuvas adresa na blogot:))
April 26th, 2006
Ејвори “Eeeee-ла-бeeeeeeма” Џонсон е тренер на годината. И тоа у само својата прва цела НБА сезона како коуч.
Малиот Генерал заврши голема работа и конечно направи стабилен тим од Мавси, ама мој прв пик беше Мајк “Бркот” Д’Антони, кој со пола тим у болница и пола тим пацери, плус Неш и Мерион, успеа да стигне до 3. скор на Западот.
* * * * *
“It was good team basketball, Kobe got everyone involved, it was nice. But they didn’t win, did they? So that means it didn’t work, did it?” - Шон Мерион, за 1. меч.
* * * * *
Ова не го спомна никој, ама знам дека го видовте сите у текот на преносот у неделата. После оваа слика не сум спремен сега, а мислам дека нема ни да бидам никогаш, да го коментирам нејтив лукот на Карим…Дефиниција за очобол и случај за фешн-полисот во Феникс.
* * * * *
Мајами вчера ги тепаше Булси у нивната игра. Е сеа, уште да научат да го задржат тој моментум и енергија за дуелите со Детроит (и да им се опорави Зо и Вејд целосно) па ќе имаме интересна серија.
Носиони беше ѕвер за Чикаго, погодувајќи 13-15 од поле за 30 поени, а нешто малце послаб беше Капетан Кирк со 29 поени.
Ипак, се е тоа џабе кога играта се врти околу Шек, кој докажа дека се уште знае да си ја дигне играта кога е најпотребно. Дизелот погоди 6-7 за слободни.
Вејд, иако игра со повреда на бутен мускул, беше клач у финиш, иако ја силуваше на неколку пати у 1. полувреме. Погоди за два од свртување на минута, па го залепи Гордон на 38 сек. до крај.
Она што најмногу изненади е играта на другите момци, како Вилијамс, Поузи, Вокер, Пејтон и Долеак, кои одлично си завршија работа, пред се у напад.
Сеа е само прашање колкава ќе биде победата на Мајами у серијата.
* * * * *
Од сите три средби вечер, Спорт4 ќе ја дава САС-Сакто?!?!?!? Фала богу за НБА ТВ, кои ќе ја даваат првата од дабл-хедерот, Кливленд-Вашингтон.
April 25th, 2006
Фил Џексон никогаш не водел тим кој бил аутсајдер во плеј-офот.
Фил Џексон никогаш не го загубил првиот меч од плеј-офот.
Фил Џексон никогаш не бил елиминиран во прво коло.
Од синоќа, првите две тврдења веќе не се точни, а според тоа што го видов од воведниот меч на Лејкерси во доигрувањето, мислам дека наскоро нема да биде ни третото.
Се обидувам максимално да ги извлечам позитивите од синоќешниот меч, посебно со оглед на, се чини општиот впечаток, дека Лејкерси биле блиску до победата, дека турбо нападот на Феникс бил запрен и дека баграта на Коби конечно пронашла ефективна стратегија со која може да им се спротивстави на Санси.
Ама, за мене, првиот дуел од серијата Феникс – Лејкерс, едноставно беше нешто сосема друго. Не можам а да не го гледам мечот од призмата на еден општ дефетизам кој го претвори еден од најатрактивните тимови во лигата (поради и само поради Коби Брајант) во досадно (квази-Карлајловско) тимче чија главна одлика е искористувањето на слабостите на противниците. Страшно пародично ми делуваше целата стратегија на Фил Џексон: спуштање на пост over and over again, Квами Браун, Ламар Одом, Лук Волтон, кој сè не се нареди да игра еден на еден со Мерион и Диа…
Оваа тактика ја видов неколку пати оваа сезона од Лејкерси, но во многу поблага варијанта и никогаш толку иссилено и строго….
Ми делува како конечно да го стрефи и Фил Џексон онаа ситничарска манија која по сè изгледа владее во целиот кошаркарски свет во последниве години. Во пост-Џордан ерата, кошарката се претвори во спорт на досадни тактички нијансирања и шеми, уиграни ама страшно неатрактивни тимски шаблони, одбрана и само одбрана, Детроит и Сан Антонио, Бен Волис и Брус Боуен….
НБА забележа пад на гледаноста од 400 % во однос на сезоните кога Лејкерси доминираа. Шекил и Коби, ги памтите?

И токму во сезоната кога изгледаше дека атрактивната кошарка се враќа на голема врата, во која тројца играчи имаат PPG од над 30 поени, во која вистинска револуција предизвикува тимот кој ја обнови run & gun филозофијата доминирајќи во мечеви во кои се постигнуваат 200+ поени, во која еден играч има дрскост ама и способност да постигне 81 поен, баш тогаш се случува еден ваков меч.
И кој го игра? Токму тимот којшто влезе во плеј-офот единствено затоа што му дозволи на својот главен играч да има просек од 35 поени, ЕДИНСТВЕНО поради неговите брилијантни офанзивни способности, кои укомбинирани или не во добра постава, водени или не од добар тренер, беа одлучувачки фактор за една успешна регуларна сезона……
Разбирам јас тактика, разбирам и тоа дека во еден ваков меч е важна адаптацијата кон противникот, дека е инструментално да се утилизираат процепите во противничката одбрана, ама ми делува перверзно тоа што цела сезона, ама баш цела сезона, Лејкерси му дозволуваа на Коби да прави што сака, а притоа немаа абер од тимска игра или од балансирање на поставата. 80 меча дозволуваа еден играч да шутира и по 35 пати, додека другите дремат, и кога таквата игра им донесе резултати, им донесе плеј-оф, Лејкерси ја компромитираат за една сомнителна варијанта во која не му дозволуваат на единственото вистинско оружје што го имаат да влезе во било каков ритам.
Спречувајќи го Феникс, го спречија Коби, и ништо не направија…..
Едно е да се користи поинаква стратегија како коректив на сопствената игра, а сосема друго е сопствената игра комплетно да се отфрли во корист на една тактика која претходно е играна само неколку пати.
А, притоа, и она најпарадоксалното, еден ваков напад го претвора Квами Браун во фокална точка на играта на Лејкерси. Или како што вика Mark Stein - Лејкерси синоќа беа Квами-центричен тим, што е греота кога во тимот се има Коби…….
Так-тик, так-тик, так-тик – а…….

Е сега, целата приказна на некој начин се релативизира со тезите дека ваквиот тип на игра е единствениот начин на кој Лејкерси можат да му парираат на Феникс. Само вака можат да го успорат Неш, да ги спречат убиствените контри и неверојатниот шут на Санси. Според многумина, Лејкерси синоќа го направија токму тоа, а Феникс победи незаслужено, иссилено и со помош на судиите.
Епа, ај да видиме што вика статистиката. Онака, како bottom line:
Натпреварот заврши со резултат 107-102.
Значи, Санси постигнаа 107 поени. Нивниот просек оваа сезона е 108,3 поени по натпревар. Според тоа, Феникс постигна само еден поен помалку од својот просек. Од друга страна, Санси во регуларната сезона примаа во просек по 102,8 поени. Значи, ете ви ги и 102-та поена на Лејкерси….
Притоа, оваа сезона во просек Феникс шутира со 47% од поле, 39% за тројки и 80% од линијата за слободни. Синоќа шутираа 45% од поле, 45% за тројки и 91% за слободни. Дадоа 9 тројки и дури 32 слободни од 35 обиди.
Повторно, во прашање се нијанси.
Стив Неш имаше 20 поени и 10 асистенции, Матрикс 19, а Барбоса и Диа по 15 поени. Сè во рамките на нивните просеци. Со тоа што Тим Томас имаше 22 поена и, најмногу во кариерата, 15 скока.
Сè на сè, значи, статистички, Лејкерси воопшто не го измачија Феникс. Санси против Ел Еј одиграа една своја ПРОСЕЧНА партија……Дури и по малце неверојатни се сите овие поклопувања…
Згора на сето ова, Коби имаше мизерна партија како жртва на обидот за ребаланс на играта на Лејкерси, а на крајот сепак упати 21 шут, од кои барем 7-8 исклучително лоши…22 поена од 21 шут !!!
Статистиката речиси целосно се поклопува со мојот впечеток за мечот. Воопшто не бев импресиониран од играта на Коби и компанија (додуша по она вчера, не знам дали смеам да ги викам така). Мислам дека без разлика на ваквите очајни обиди на Фил да најде противигра за Феникс, Лејкерси едноставно немаат доволно силен ростер за да можат да парираат…
Единствена шанса е враќање на играта што ги донесе во плеј-офот. Коби е најдобриот офанзивен играч во лигата, и неговото сведување на карика во некоја тактичка замисла на Фил е глуп и непромислен потег.
Оff the ball влијанието на Коби е навистина мало (за разлика на пример од она на Леброн, што е една од главните причини поради која сметам дека Леброн треба да биде МВП), и во таа смисла, обидот за запирање на Санси истовремено е и тактичко самоубиство……

И, на крајот на краиштата, дури и на Лејкерси да им успее цела оваа тактичка заебанција, ќе бидат ли, при евентуална таква победа, истиот оној тим за кој, како што гледам, навива повеќе од пола свет, тимот за кој копја се кршат на Блогерајов?
Џабе би им била таква плеј-оф победа над Санси, ако Брајант дава по 20 коша, макар и со добар процент на шут. Посебно затоа што - и така не се кадарни да стигнат до крај.
Мене барем, тоа би ми го скршило филмот. Ако сакам таква кошарка, ќе гледам Евролига…….
Во вториот натпревар го чекам вистинскиот Коби, а можда и вистинскиот Фил…..Изгледа едно без друго не иде……
April 25th, 2006
Како прво, чичко Штерн ги суспендираше на по една утакмица Јудонис Хаслем и, нема да ви се веруе - Рон Артест, поради нивните исклучувања, однсоно неспортски фаули у првите плеј-оф утакмици.
Видов што се деси со Рон и Ману, а не мора да потсеќам за глумачките квалитети на Џино. Но, Рон не би бил Рон кога секој негов потег не би бил зголемен за десет пати. Плус, Ману не доби никаква казна за тоа што уште на старт го закачи Артест у уста, по што му требаа неколку конци на Рон за затварање на раната.
Хаслем па, беше толку глуп да си го фрли штитникот од уста кон нај-бедес судијата Џои Крафорд. Грешка. Ми ја расипа вечерта.
Сеа стварно не знам зашто би ги гледал Мајами-Чикаго вечер.
* * * * *
За вчерашниот дуел меѓу Феникс и Лејкерси можам да кажам само еден збор - бизарно. Може и чудно или фрики.
Од една страна, вчера сите го видовме Коби каков што сите викавме и мислевме дека треба да биде за Лејкерси да станат озбилна плеј-оф екипа. Од друга страна, не ми текиња дека Лејкерси сезонава стигнаа до плеј-офот со ваква негова игра.
Го сконтав планот на Зенот, Коби три периоди да биде плејмејкерот, а у задња да земе се у свои раце. Ама, не идат баш така работите, никој не е на копче, па така да мења како ќе игра кога ќе посака.
Не ми ни текиња дека барем еднаш у сезонава дека Зенот ја испроба таа тактика, ставајќи го Мамба у таа улога. До пред крајот на средбата, Коби самиот беше збунет, не знаејќи што и како треба да изигра.
Не верувам дека Коби може вака да се понаша цела серија, иако досега у кариерата покажал квалитети на скицо, одејќи контра очекувањата и секогаш обидувајќи се да докаже некои работи кои изгледа на цел свет му се јасни, само на него не.
Средбата беше бизарна поради тоа и што после првата четвртина беше чиста мрскотија за гледање. Нити Феникс и Нешти трчаа, нити пак Лејкерси играа како што играа цела сезона. Се ми личеше како голема шаховска партија меѓу Зенот и Бркот, која на крајот ја доби помладиот Каспаров.
* * * * *
Да не ги заборавам ни Нетси, кои кикснаа уште на прва против Пацери-но моур. Утакмицава беше одличен показател зашто Кид задњиве две сезони не му е ни до колена на Неш. Главен кривец е баш тој и неговата мизерна одбрана, откако го затвори човекот кој му беше втора резерва пред три години, Ентони Џонсон, кој и на крај ги реши со две слободни.
Картер се испуца, Нено одигра одлично и не треба да се криви за фаулот на 0.9 секунди до крај. Се дешава.
* * * * *
Синоќа ги гледав и Далас и Мемфис, ама нешто не ми се пишуе за нив.
April 24th, 2006
За неколку години, секој од нас ќе знае каде се нашол, па можда и датумот, кога Леброн го имал своето плеј-оф деби.
Секој ќе знае кога 21-годишниот Леброн станал само третиот играч во историјата на НБА* кој во својата прва плеј-оф утакмица успеал да оствари трипл-дабл. И тоа не било каков, туку со 32, 11 и 11!.
За да се сфати големината на ова деби на Леброн, еве како некои други НБА легенди (кои успеав да ги најдам) играле у своите први плеј-оф средби.
LeBron Jameѕ(2006) 32, 11 и 11 со 44.4% шут од поле
Michael Jordan(1985) 23, 4 и 10 - 36.8
Magic Johnson(1980) 13 , 12 и 16 - 33.3
Larry Bird(1980) 15 , 7 и 3 - 46.7
Isiah Thomas(1984) 10 , 4 и 9 - 36.4
Толку од мене. Се уште сум спичлес.
* - (Другите двајца се Меџик Џонсон-1980 год. и малку познатиот Џони МекКарти далечната 1960 год).
Прашање на денот: Може ли Коби да има просек преку 40 против Феникс?
ПМС: У текот на плеј-офот не го заборавајте Заре и неговата видео колекција. Еве ви линк до првиот плеј-оф ден и трипл-даблот на Брон.
April 23rd, 2006
Previous Posts