Archive for March, 2006

Мок драфт шабанерија + Реџи в пензија

Вечер на Спорт 4, ќе ја следиме Детроит - Милвоки (од 2 или 3, не знам дал е поместено времето во САД).. еве привју за утакмицата, а најавен е нов коментатор, непознат на нашата јавност. Не е поврзан со МакНБА, но му пожелуваме убава и успешна работа.

* * * * *

Се ближи драфтот, богати, а мие абер немаме од НЦАА овде. Еве го мок драфтот на Хупсхајп, во кој ко нивен фаворит е наведен Тајрус Томас, кој го иам видено пар пути, и освен што е инзвонреден атлета не ми остаил впечаток. Споредба со Тајсон Чендлер?! :( „Плачковците“ се проектирани малце потаке, Морисон на 4то и Редик на 11то. Они па споредени со Хемилтон и Ред? Мислам, Ред и Редик ради презимето.. али друго нема?!

* * * * *

И нбадрафт.нет го ставиле ко прв Томас (тоа значи дека нема да биде прв, а го споредиле со друг прв пик, Кенјон Мартин), а тука Морисон е втор (ради бркот, а зиглеа ради името е спореден со Лери Бирд?!?!?!?). Редик го бутнале на 16 место (веројатно ради мизерниот настап на Турнирот, но најлошото следи допрва - го споредуваат со Дражен!!!).

* * * * *

Знам дека сте без коментар после ова, па да ве орасположам.. еве ја, домаќинката:

* * * * *

ОК, знам дека сеуште сте без коментар. Затоа еве малце за нешто што се дешаваше синоќа во Индијана, освен поразот на Пацерите од Зајдисонцата.

Дресот на Реџи беше дигнат, таму негде, високо, во Консико, покрај Роџер Браун, Џорџ МекГинис, Мел Дениелс и 529-ката на Слик Леонард.

Еве ја и страницата посветена на Реџи, а во продолжение клипче од церемонијата и топ-5 моментите од неговата кариера.

7 comments March 31st, 2006

Гоце Ви. ин да хаус, Хоукси, finally LeBron и 10-ка со кромид у New Jersey





По Теко, кој ни прати фотки од Чикаго, и Зналац, кој ни е инсајдерот од Торонто, д лејтест член на МакНБА фамилијата* стана Гоце Ви., кој е нашиот фото (а зашто не и за понекој текст) извор од даун саут, Флорида, поточно Мајами.
Гоце Ви ја немаше таа среќа како ја да ја гледа Мајами-Инди на НБА ТВ у понеделникот, па мораше да се утеши со следење на утакмицата од трибините он д фејс оф д плејс.
Еве и некои фотки од таму, некои од нив малце се мутни, али го ома најважното - чирлидерки. Плус, една фотка е од гужвата меѓу Неандерталецот Хаслем и Џермејн.

(*) - Макнба Фамилијата до сеа е: Шепард, Каракаш као родители (само кој е татко, кој е мајка појма неам?!); Ивица, Двр, Бето, Боромир и тројцава инсајдери ко деца. Ко Есма сме! Сите сте наши деца! :)

* * * * *

Да не биде после - Не сме пишувале за колеџ баскет.
* * * * *

Леброн конечно, у својата трета година у лига ќе игра плеј-оф, откако со победата над Мавси, Кливленд се пласира у разигрување за прв пат по 1998 год.
Единствен член на овој тим, кој бил со Кавси и тогаш е Зззззззззиииии, а сегашниот генерален менаџер Дени Фери тогаш беше закован за клупата.
Екипи кои имале поголема апстинеција од играње на крај на април и у мај се само…супрајз, супрајз-Клиперси и Вориорси.
Покрај ова, Леброн стана и најмладиот играч у историја на НБА со 6000 поени зад себе. Колку да нема забуна, Леброн има 21 година:) и 89 дена. Д скај ис д лимит.

* * * * *

Море џабе Ол-Стар играчи, џабе Лери у канцеларија, џабе плеј-оф пласман. Пејсерси да мораа секоја вечер да се среќаваат со Хоукси немаше да видат бел ден. Мајне јатребс сезонава ја завршија со 4-0 у дуелите со Пацерси. Ај сеа да ве видам.

* * * * *

Нетси со Мемфис изедоа десетка со кромид, и тоа по втор пут сезонава. Го одбраа вистинскиот момент кога да рипнат у форма, исто како и лани. Иако мислам дека немаат никакви шанси у плеј-офот на Истокот, свака им част за оваа серија, која лесно можат да ја продужат на уште понекој ќебап.

* * * * *

Cабајле ја глеав Лејкерс-САС. Знам, знам, сеа сите вие фанови на Лејкерси ја излигавивте тастатурата. Ќе пишам нешто после, мада нема што да се пишува. Ај.

36 comments March 30th, 2006

Deeeetroooit Baaasketbaaalll + Тони ко у најбољи дани

Вчера беше вуната. Две екстра утакмици (или три у два дена ако ја бројам и Инди-Мајами), помеѓу плеј-оф екипи, од кои една од нив можда ни беше и најава на можно Финале. Ако е така, онда немам ништо против да за три месеци ги гледам Детроит и Далас (комплетни) како се рваат за Лери ОБраен.
Паралелно ја следев таа, а и Феникс-Милвоки, која почна пола саат покасно. И иако очекував таа у Детроит да биде ептен поинтересна (што на крајот и испадна), онаа у Милвоки не заостануваше многу. Ни по атмосфера, ни по квалитет.
За Пистонси и Мавси мислам дека секој коментар е сувишен, зашто и двата тима покажаа зашто го имаат скорот кој го имаат у моментот. Плус, Мавси беа без двајца екстра битни играчи у Џош Хауард и Девин Херис, и пак се држеа до крајот, најмногу поради борн аген типовите како Стек и Ван Хорн.
И двете екипи покажаа зашто се на врвот, но и зашто лесно може да се деси да не заседнат на него у јуни. Но, да не го упропастувам впечатокот по одличната игра на двете екипи.

Што се однесува до Милвоки, таму, како и кај нас, продужи затемнувањето на Сонцето. Уште кога видов пред да почнат дека Амаре пак е у цивилка на клупа, знаев дека не им се пише добро на Санси, кои беа истабани ко Грчка у Њу Џерси. Надеж дека тоа нема да се повтори беше повредата на Ти-Џеј Форд, па на негово место старташе Бел, за прв пат, кој отиде директно на МВП-то.
Но, баш Бел беше мадафаката на средбата, завршувајќи со првиот трипл-дабл у кариерата. Вториот мадафака беше Тони Кукоч, ради кого и пропуштив дел од Дет.-Дал., барем дури он беше у игра.
Како у најбољи дани, Куки си играше со Мерион, Дио-Диао-Диав-Диа и остали Санси, правејѓи ги будали и правејќи го Ден Гаџурич играчиште со своите асистенции.
За Тони одувек сум имал огромна почит, затоа што тој, заедно со Петро, е првиот човек од екс-Ју поради кој сум фатил баскет у раце. И на 37 години вчера покажа дека е поголем играч од 80% од дечарлијата низ лига. Д уан енд онли, Тончи.

За малце ќе заборавев, по се изгледа толку од Амаре сезонава. Се изнагра, цели три утакмици. Момакот е на само 30% , а под знак упитник е дека уопште ќе се врати за плеј-оф.
Кога врне-истура…и нигде не се гледа сонцето.
Така викаше баба ми.

* * * * *

Ми се пишува и за табањето на Клиперси сред Ел-Еј без Ева Паркер, за табањето на Кингси сред Арко од Аринас-лес Визардси и за шутот за победа на Реј Ален, кој ги фрли во вода 44 поени на Гасоламабад, а и за41 поени на Џи-Волас, ама брзам, брзам, не можам….ај покасно ќе ставам една допуна.

Од допуната ништо, бев на МЗТ-Струмица досега, па до на работа да пишам текст за утрешен весник. Да не биде без ич, еве фотка за асалниот муабет кој се разви за Брус Боувен у коментарите.
Боромир, имам надимак за Брус, више некое време, ама не ми текнало да го пишам. Отсега типот е The Bouwen Collector.

28 comments March 29th, 2006

Пацери

Кога синоќа ѕирнав дека у исто време со Мајами-Инди, играат и Њу Џерси-Феникс, ми стана криво како НБА ТВ не ја дава вторава наместо првата. Само пет минути беа доволни да сконтам дека треба да бидам благодарен што стварно не се одлучиле за пренос од мочуриштето.

Дуелот на Флорида ми беше чист доказ зашто ги ставивме Пејсерси таму каде што ги ставивме на нашиот Пауер Ренкинг и зашто со трејдот Пеџа за Рон, барем во оваа сезона, изгубија повеќе отколку што добија.

Исто така, оваа средба беше показател зашто Мајами е само петти на истата листа.
Синоќа се одеше во корист на Инди, барем до полувремето. Почнаа јако и преку Џекес Џексон, кој убаци 17 у првите две четвртини, беа у контрола на резултатот. Чат-пат ќе му помогнеше некој од другите играчи, а Вејд беше изгубен у нападот, така да Шек мораше сам да се рве со старото му другарче Полард. Малце-помалце, Индијана си правеше предност, која у старт на 3. чет. стигна до плус 14.
Момент у кој веројатно требаше (да беа асална екипа) да го скршат противникот се деси на пет и пол минути до крај на првото полувреме, кога у борба за скок се закачија Хаслем и Џермејн. Е сеа, ако му се верува на првиот, Џеј-О намерно го повлекол за рака, ако му се верува на вториот, Јудонис намерно сакал да му ја свитка раката и да го повреди. Мене ми личеше како да е нешто измеѓу двете, али она што следеше беше најдоброто од целиот хаос.
Хаслем, како Неандерталец на спид се залета кон Џермејн, почна да прави лудачки фаци и да мафта со прст накај него. Да не беше Шек, кој за да спаси ситуација, го грабна Џермејн за врат и го одалечи од поголем инцидент. И кога се тргна на страна, Јудонис продужи со пубертетли однесување, за што заслужено си лапна техничка, која исто така му беше свирната и на Ол-Старот на Инди. Судијата за борбата за скок му свирнаа фаул на Хаслем, кој збесна и почна (уствари само продужи да јаде бурек), за што сосема заслужено беше испратен на ладење у соблекувална.

Следеа слободни за Инди, а само една минута подоцна, на Вејд му беше свирнат фаул у напад, по кој и он почна премногу да прави муабет со судиите за што си лапна техничка. До крај на полувремето, техничка си лапна и клупата на Мајами, а на Шек му беше свирнат намерен (и беше) фаул над Фостер. Плус, на два-три пати домачините имаа дефанзивни три секунди, по што следеа нови слободни за Пејсерси.
Од пештерското понашање на Хаслем, па до крајот на четвртината, Мајами утна 11 напади по ред, а Пејсерси се изнашутираа слободни, но наместо да им направат плус 20, тие ги оставија Хит у игра.
Тоа им се удри од глава во второто полувреме, кога Џекес престана да погодува, а Пеџа и Тинсли пуцаа како никад да не виделе баскет. Џеј Вилијамс и Шек убација по 11 поени у тој период и на крај изедначија на 71-71. Инди се држеа некое време на егал, но полека паѓаа, а кога се разбуди и Вејд се беше готово.
До крај, никој не се најде да го надопуни Џексон, а за тоа како одиграа сите освен Џермејн, кој се мучеше со болки у бутот и ипак убаци 17 и 7, како и Полард, кој мушки се изнамучи со Шек. Пеџа, Тинсли и остали беа како у епизода на LOST, а Џим Кери не успеа да ги разбуди.

Од тоа, а и од она против Детроит у петокот, можеше јасно да се види дека на Инди и фали идентитеt, карактер, кој, иако луд, им го даваше Рон. Кога го дадоа за Пеџа, тие буквално мењаа одбрана за напад, а сите добро знаеме што носи победи у плеј-оф, па и титули. За Пејсерси има надеж, зашто потенцијалот се уште е таму. Сега се е на тоа колку брзо Џермејн ќе се врати на 100% и колку бргу ќе се навикне да игра у новиот систем. Моменталната позиција кажуе дека не им се пишува на арно, зашто ќе мора да се намучат да стигнат до 5. место на Истокот и да играат против Кавси у 1. рунда. Иначе, тешко нив.

Да не бидам сфатен погрешно, ни Мајами не ме импресионираше, али фактот дека иако беа како муви без глави у задњите пет минути на 2. чет., тие у второ полувреме се вратија у живот и со одбрана и одлична игра на Белото Чоколадо ги решија Пејсерси, кажува дека имаат повеќе карактер од Пејсерси. Бај д веј, Шек погоди 11-14 од слободни.

Поврзано со Мајами, еве и се што сакате да знаете за нивните чирлидерки.

* * * * *

Нетси не се првиот тим кој успеал против Детроит да одигра флегма утакмица, но дефитивно се првиот тим кој успеал у две вечери да ги тепа Пистосни и Феникс, и тоа со два тотално различни стила на игра. Свака част, изгледа дека и како лани, кога у задњи ден се протнаа у плеј-оф, Нетси почнуваат да играат најдобро на непун месец до крај на сезоната.

Неш е само третиот актуелен МВП, кој не убацил ниеден поен на утакмица за најмалце десет минути на терен. Другите двајца се Вес Анселд и Бил Расел. Башка тоа, и Амаре заврши со компир.

* * * * *

Малце ретро видео. Постарите од вас сигурно се сеќаваат на SWAT тимот, составен од најдобрите блокери, мада не ми јасно што мајка тука бара Алвин Робертс. Пазете го првиот блок:)

* * * * *

Уште едно ретро видео, испунето со куцања, bloopersi и остали потези. Пазете го Шон Бредли пута два.

16 comments March 28th, 2006

BIG CHARLIE V ROCKS THA HOUSE…+ Зналац ин д хаус

Vince WHO? [click to enlarge, екстреееееемно јака слика, скенисана од СЛЕМ..]

Мојот после Коби омилен играч, Charlie Villanueva, за кого пишував [КЛИКНЕТЕ, ОГРОМЕН ТЕКСТ Е У ПИТАЊЕ, А ВИЕ НЕ ЛИСТАТЕ АРХИВИ!!!] го растресе Air Canada Center..
Иако усрал на крај и Репс изгубиле, сепак.. 48 поена од ќелафото.. свака част.. за три поена не го побил рекордот на Картер..

ЅВЕРОТ Е РОДЕН..
* * * * *

Допунско бај КАРАКАШ: Ја за Чарли знам уште од времето кога беше еден од најдобрите средношколци во САД и кога сите викаа дека како таков ќе се пријави на драфт. Арно ама, откако го пишманија дека нема да биде избран високо, он си отиде по диплома на Конектикат, со кои и стана шампион, иако не беше главна карика у тимот. Како и да, и ја го пљукнав малце потегот на Бабкок да го избере како 9. пик кога у екипа го има Бош на иста позиција, али тоа беше повеќе ради Бабкок, отколку ради Чарли. Оние што навиваат за Атланта (сите двајца) знаат за што зборам. Како и да е, Чарли на сите им ја затна устата со партијата против Бакси, и тоа у директен дуел со 1.пик Андрија Богут, кој у задњиве месец дена не личи на играч кој би требал да биде избран како прв.

Поврзано со Чарли Ви и Репторси, од денес имаме нов НБА инсајдер, директно од Торонто . Тоа е Зналац, кој оставаше и претходно по некој обемен коментар. Тој ја гледал Милвоки-Торонто, како и еден куп други утакмици и сака нешто да ви каже:Прво за Charlie V – вчера одигра феноменално. Не само заради шут 20-32, туку и заради тоа што во последна четвртина сам се надигруваше со MIL на нивни терен. Постигна 16 од 23 поени на TOR во последна четвртина и 4 од 7 во продолжение.
Овие 48 за TOR се повеќе битни од некои други причини. Лани после драфтот многу плукаа по овдешниот GM (тогаш Babcock), во стил „што земаш четворка, кога само четворка (Bosh) ти е сигурна во тимот”. Ова беше прва утакмица во последно време кога Bosh после 6 минути мораше да излезе поради мала повреда и Charlie V покажа дека може и тоа многу. Битно е и поради тоа што баш пред некој ден Mike James кукаше за пари по весници, и тоа со изјава „па и јас сакам да можам жена ми да ја однесам на Бахами”. Инаку, одмор на Бахами кошта колку 1-2 просечни плати и нормално, изјавата беше прогласена како глупа и некоректна. На MoPete му истекува договорот догодина, Bosh треба да добие extension на договорот, дебитантиве имаат кратки договори, а Colangelo ќе треба да реши кој останува, кој си оди.

За другите утакмици што ги гледав вчера. Ептен ме заредија–1:00 IND-PHI, 3:30 MIL-TOR, 7:30 DET-NJN, 9:30 LAL-NOK.
За IND-PHI мислам дека и таму одеше, така да не би коментирал – или ај малку, тапа утакмица. Али оваа DET-NJN беше пристојна. Посебно што е се поочигледно дека „знаењето” на Flip доаѓа до израз. Вчера беа издишани балони. Освен McDyess и Delk, славните All-Star играчи завршија со 15-53 или 28% шут. А посебно Chauncey и Rasheed беа мизерија. Во вторник им доаѓа DAL (кој во ноември ги уби со 37 разлика), а во недела PHX. Мислам дека ќе се види дали DET беше добра екипа со лош план или просечна екипа без план.

LAL без проблеми ја добија со NOK затоа што овие хронично имаат проблем да го одржат темпото цела утакмица. Kobe стандарден, Lamar се подобар во последно време, Kwame – player of the game. Во врска со LAL имаше од некого коментар како тоа DET убаво ги решил 2004. Не сум за Lakers, ама поштено кажано, тие што ја прочитале “The Last Season” на Phil Jackson ќе потврдат дека и самиот вели дека тоа бил најнедисциплинираниот, најсебичниот и најисфрустрираниот тим што го водел. Целата идеја со Payton и Malone беше промашување. Посебно е остар кон Kobe. Затоа и се изненадив што така брзо реши да се врати.

Велкам ту д фамилијата, Зналац.

25 comments March 27th, 2006

Мамузарење on top of our power rank…

Една од најпревртливите и најсомнителните сезони привршува.. а мие да се произнесеме, за прв пат пред плејофо..

30. Portland Jail Blazers aka Mystics 20-49
Shep’s take: Во последните 10 утакмици се 1-9, веќе немаат ни теоретски шанси за плејоф, а Darius Miles кој требаше да биде некој фактор, го преспал шутараундот. Црно им се пише.
Каракаш: Уште кога почна сезоната немаа теоретски шанси за плеј-оф. Си го оправија имиџот и више не се Џејлблејзерси, ама па не иде ни како Мистикси. По црно од ова, само у Пич Блек.


29. New York Titanics 19-49
S: Малце пркнаа, ама караниците на дуото Starbury & Franchise со Coach Brown не им идат баш у прилог. Мора од корен да се преораат за догодина.
К: Мислам дека се што може да се каже за нив, напишав у овие недела дена. Еди Кари да се впрегне, па до следната сезона нивната сигурно ќе биде изорана. Море Ајзеа да се впрегне…

28. Charlotte Bobcats 19-51
S: Оваа сезона екипата им беше амбуланта, но, бар играат со некој дух.. ваљда ќе се соземат догодина. Убедливо најмал salary cap.. и немаат што да изгубат. Типичен почеток за expansion team.
К: Оваа сезона се како епизода од ER. Ептен ги уништи повредата на Мека, кој бај д веј ја заврши и сезоната. Секако можеа подобро, ама и така овие три-четири први сезони се пубертетски за рисчињата.

27. Atlanta Hawks 21-46
S: Дуото Josh & Josh, како и другарчињата нивни Harrington, и особено напалениот Joe Johnson ветуваат, но оваа сезона единствениот нивни успех е тоа што не се последни. Една од најатрактивните екипи, however.
К: Аааа, мај софт спот. Полека, веќе следната сезона ќе биде боље. У АТЛ сезонава паднаа и Детроит и Спарси, а Џо созрева у играчот за кој дадоа 70 милиони минатото лето. Плус, и Џошовите, како и Марвин се разиграа после Ол-Старот.

26. Seattle Supersonics 27-41
S: Може требаше да им дадеме подобра позиција, но тоа што малце ко да се подобрија во последно време, не го пере резилот од почетокот на сезоната, па наваму. И они се низ некој процес на реоформување, но едно од поголемите разочарувања сезонава. Само 12 победи против западни екипи – тука лежи зајакот. И наслабата одбрана у лига..
К: Е, знаат они кај е зајакот…у Портланд. Нејќеа да му дадат пристојни пари на Нејт МекМилан, кој ги оправи, па овој си отиде кај Блејзерси. Така им треба.


25. Houston Rockets 30-39
S: Нека не ви мачка очи резултатов – сем Yao, нема ниедна светла точка таму.. Houston, we have a problem.. само една победа во сопствената дивизија..
К: Џабе Јаоза колку и да е гладен, кога го нема Ти-Мек да му помогне. Дефинитивно најголемо разочарување сезонава. Нека бидат среќни тоа болките во грбот на Трејси да не се хронични или е Грент Хил ол овер агеjн.


24. Minesotta Timberwolves 28-41
S: 8-27 на гостински терен, Garnett упорно е меѓу најдобрите и оваа година, одбрана нула, елан ич, мрскотија за гледање, ептен разочарувачки..
К: Најмрскотија за гледање. И кога ги имаше сезонава, нејќев да ги гледам. Иш.

23. Orlando Magic 26-43
S: Магионичариве без Francis играат подобро отколку со него.. Миличиќ од кога прејде ваму, има 7 поена и 4,5 скока за 20-тина минути.. башка олеснет платниот список.. ќе ги биде, ама сезонава отиде во неврат.
К: Ќе ги биде…некад.

22. Toronto Raptors 26-43
S: И они се пркнати у последно време, Charlie Villanueva ги изненади сите, пошто е после Chris Paul најдобар дебитант, Bosch игра неверојатно, 14-20 се дома.
К: Чарли Ви е мадафака у задње време. Коланџело само уште повише ќе ги оправи преку лето. Мајк Џејмс, Мајк Џејмс, Мајк Џејмс, Мајк…

21. Golden State Warriors 29-38
S: J Rich е тука ако го нема или го има ама не е целосно здрав Baron, сепак многу се нестабилни. Атрактивни, со шуплини во одбраната, а и покрај пар солидни високи играчи, ги дува промаја у рекет.
К: Море, ја не би ги ставил вака високо. Без Берон се ко без глава, ама па и такви го тепаа Далас у гости. Мајк Монтгомери, ова беше твојата втора и последна сезона во НБА. Чао.

20. Boston Celtics 29-41
S: Paul Pierce во било која друга екипа ќе беше кандидат за MVP. Не ги бива, едноставно. Немаат ниеден солиден плеј, ниту центар, и затоа ги шибаат кој стаса. 9-26 на гости.
К: Нема ништо освен дабл Пи. Ни игра, ни кондепција, ништо, нада. Зулендер, Делонте и Гомес понекад ќе се разбудат, ама и мечките почесто се будат од зимски сон од нив. Не им се пише добро ни у иднина.

19. Chicago Bulls 30-39
S: Деветти на истокот (?!), тотално неличат на ланскиот тим, веројатно дека немаат баш некој крупничок па рекетот им е небранета територија. Chandler може да глуми у Пријатели.
К: Рекетот им е Ничија Земља. Мислам дека толку од Скајлс.

18. New Orleans / Oklahoma City Hornets 32-35
S: Изгубија 10 од последните 11 утакмици.. папсаа.
К: Исправка…се пишува - папсава:).

17. Utah Jazz 32-37
S: АК47 конечно е здрав, меѓутоа само фикција им е разигрувањето во моментов. Мислев дека има потенцијал таму, но очигледно сум се прешол. Реновирањето ќе им потрае, а во меѓувреме Deron Williams мора да добие повеќе минути на терен (иако и за неговите 27 што ги добива во моментов има солиден учинок).
К: Бузер се врати и игра доста добро. Калашњиковот е ол-араунд ѕвер, а и Мемо понекад ќе одигра одлично. Ама, џаба све тоа кога нема бекови кои ќе повлечат или па ои барем ќе знаат што бараат на теренот.


16. Philadelphia 76ers 32-37
S: Ги гледам во моментов, и се чудам по кој основ ќе влезат во playoff.. ќе го јадат таму неизбежно, но со Iverson и два-тројца околу него не можат да очекуваат ништо повеќе. И Ivy, и особено C Webb ги трошат последни залихи на енергија бидејќи веќе ги јаде времето, а немаат никаква поддршка, апсолутно. Најслаба клупа, будигора одбрана и 2-9 во периодов.
К: Штета за Ален, стварно штета што е опкружен со такви момци и со не-тренер како Мо Чикс.

15. Milwaukee Bucks 34-35
S: И овие се меѓу најсомнителните тимови.. не знам, стварно не знам.
К: Не знам ни ја…ама еве ги пак. Ништо не прават.

14. Indiana Pacers 35-33
S: Jermaine is back, али немаат јадро. Догодина може ќе бидат бољи. Ги глеав 2 пути по ред, сумњиви се и они. Сепак, четврта одбрана у лига, едина надеж. Беа појаки со Артест.
К: Беа.


13. Sacramento Kings 35-34
S: Ron Ron ги препороди, почнаа да се јачаат, им фали малце хемијата, ама може да изненадат. Од фрка екипа, се престорија во една од постабилните. Секоја чест на управата за мудриот потег.
К: Питри е геније за трампи. Само уште у лето да го отпушти Аделман и све ќе биде супер. И сезонава можат да заебат некој у плеј-оф.

12. Los Angeles Lakers 37-34
S: Пред нив се 11 утакмици, од кои 8 дома. Kobe преброде една мала криза, а за тоа време доби значајна поддршка од Lamar Odom, кој после скоро две сезони почна да личи на играчот за кој го дадоа Shaq. Ваљда нема да се исклизаат ко лани, а што се однесува до пост сезоната, ќе видиме. Никогаш не се вели никогаш :)
К: Никогаш:)

11. Washington Wizards 35-33
S: Имаат чудни статистики, а сепак се во конкуренција. Дувниветре екипа се. И они се изобличени од лани.
К: Или…развигор екипа. Нема ништо и од нив.

10. New Jersey Nets 39-28
S: Сем триото Carter – Jefferson – Kidd, го имаат и разиграниот Крстиќ, имаат слаба конкуренција на Атлантскиот брег и ќе бидат трети на Исток.
К: Тоа кажува се за тоа колку е јак Истокот.


9. Cleveland Cavaliers 40-29
S: LeBron игра ко вонземјанин, ама тоа шо му фали на него, е кобно за екипата – стабилност у четврта четвртина и давање гас кога е густо. Солидна ротација имаат по доаѓањето на Flip Murrаy, и дефинитивно нема да се повтори ланскиот пад.
К: Нема. А и Леброн почна да станува клач играч. Ќе бидат незгодни за било кој противник.

8. Los Angeles Clippers 40-28
S: Brand има жестока сезона, Кaman е здивен, тимот игра како никогаш порано.. огромно изненадување. Најдобар скокачки тим (!). И блокерски (!).
К: Ете…и тоа се случи. Судниот ден се ближи.

7. Memphis Grizzlies 40-29
S: Челична одбрана со која се изедначени со ланските финалисти.. Гасоламбад конечно игра машки, а имаат и некоја убава рамномерна офанзива, и јака ротација.
К: До брадата е…верујте. Едно жилетче ќе им биде доволни на нивните плеј-оф противници. Стабилна екипа, секоја чест на Фратело что и по повредата на Дејмон ги задржа у првите пет-шест на Запад.

6. Denver Nuggets 40-31
S: Они се трети на дивиот запад, ги тепаа и Detroit и Spurs, и изгледаат прилично опасно. All the credits go to George Karl.
К: По трампите станаа уште по книња, а сега играат и без Ерл д Скврл Бојкинс, а и Кемби и Мартин се влези-излези од екипа. Здрави у плеј-оф ќе бидат слипери.


5. Miami Heat 46-23
S: Flash игра се постабилно, а Shaq иако е во години, сепак е Казаам.. Јаки се, нема што, на моменти доминантни, но покажуваат несигурност, и затоа ги ставивме на петтото место. Малку тапа одбрана у која главен збор имаат Zo и Payton, старечкото лоби.. статистички, клучно за нив е што ги натскокуваат противниците за најмалце 4 скока по натпревар. Тоа е поради најдобриот процент од поле.
К: Нема отпишување, иако им фале помош на Шек и Двејн. Сеа Зо им се повреди, па Дизелот ќе мора да го троши цел резервоар пред плеј-офот.

4. Dallas Mavericks 54-16
S: Крвава екипа, Диркулес е незадржлив, али клизнаа со Phoenix.. а и со GS и покрај 51 од Германецот. Мора да се консолидираат, иде плеј-оф, таму нема лабаво. Сепак, најдобар depth chart, пополнети на сите позиции, а располагаат со секакви квалитети (само малку дискутабилни со искуство..).
К: Пак ќе клизнат, посебно ако налетаат на Феникс…или Сан Антонио…или Денвер.


3. Phoenix Suns 47-21
S: Се врати Чеканот, арно ама се посра.. поарно за нив да се врати побрзо у форма, оти се виде дека со Spurs нема шала.. особено коа Хасан ќе ти дае 50 поена. Имаат двајца MVP играчи, уше едно 4-5 солидни, ама ќе ги претепа недостатокот од висина. Дозволуваат највеќе противнички скокови во цела лига. Сепак, најопасна екипа во ударите за тројка и највеќе асистенции..
К: Опасно. Ќе им биде тешко на Мамузарите со нив.

2. Detroit Pistons 55-13
S: Најдобар скор у Лига, го освоија Централ, ама допрва треба да им се повреди некој од стартерите. Не можам да ги поднесам, ама јаки се. Пеколна одбрана, почнаа и солиден напад да покажуваат, но како што си врви сезонава, ко да забревтуваат по малце. Клизнаа со Њујорк, побогу. Сепак, да не беа во исто време со оваа генерација на Сан Антонио, ќе беа вистинска династија.. пак се конкуренти.
К: Мислам дека играњето преку 30 минути на секој меч на стартерите ќе си дојде по своето у плеј-оф или финале. Ја имаат формулата за успех, само проклетсвото на Флип да не ги стигне. БЕН Е ДРВО.


1. San Antonio Spurs 54-15
S: Они клизнаа со LAL и Nuggets, што дава на знаење дека у разигрувањето може да запнат. Сепак, имаат оправдание, поради екстремно набиениот распоред во тој период. Најдобра одбрана моментално, солидна клупа, неколку improved играчи, а тоа најдобро се гледа што цела сезона го покриваат Duncan толку успешно. Уиграност, хемија, лесно се адаптираат.. и цврстина, скоро колку Моторите.
К: И без Тимчо Роботчо у фул снага, имаат најдобар скор на Запад и 2. се у лига. Почнаа да си ги одмараат ѕвездите, а пак победуваат. Најсериозни кандидати за титула. Агејн.

21 comments March 26th, 2006

The Beast is back, Џемо, кипот Карл, нов НБА ТВ термин, NCAA плачковци

Бааги каснам со ова, али тоа тие, од многу обврски дури сега стигам да пишам за утакмицата која ја гледав сабајлево, а у која Феникс пак стана најопасен кандидат за тронот на Спарси на Западот. Фаќав и белешки за секој потег поврзан со камбекот на Амаре, ама ги заборавив на работа, така да идеме со ствари онака, од глава.
Знам дека вчера Диркулес беше ридиркулeс, ама џаба тие се 51 поени, ако изгубите дома од едни Ворирси, кои па играа без еден Берон Дејвис. Као што знаете сите досега, ги реши Џеј-Рич со оф баланс тројка у задња секунда за негови 40 поени. Така, главна прича, сосема заслужено остана камбекот на Ѕверот.
Уште со најавата се виде дека Амаре е ептен нервозен и нестрплив и едвај чека да почне утакмицата. Кога тргнаа, се беше како лани (добро, не баш се) и првите поени за Санси ги убаци баш Стадемаер со кеч енд шут од преку слободни, по што одма следеше 2+1. У првите девет минути, колку што играше у прво, Амаре имаше 11 поени, кои до крај отидоа на 20 и 9 за 19 минути.
Имаше моменти кога се гледаше дека му фали физичка спрема, али за прва утакмица по скоро година дена пауза изгледаше ептен добро. Еднаш го залепи Тревис Аутло, и тоа добро го залепи, али па Амаре у истиот напад си ја врати топката и закуца. У него, сите можеа да видат какви можат да бидат Санси со доминантен играч у рекет, а 76-те поени у 1. полувреме се рекордни сезонава. Еден збор, страшно. Спарси, пазете се.

Што се однесува до Портланд Мистикси, си го оправдаа надимакот. Главни играчи им беа Кријапа, Аутло, Џек и Телфер, а помалце и Диксон и Блејк. Рендолф го немаше нигде, а Мајлс не ни влезе (зашто? - подоле). Тие момци иако изгубија ко Грчка, покажаа дека има иднина у Портланд и да не беа толку јаки Санси, ќе му го расипаа камбекот на Амаре. Има надеж.

* * * * *

Пред некое време у мејл ни стигна прашање за кариерата на Џемо Мешбурн, односно дали и кога ќе се врати. Ја му одговорив дека Џемо си го кажа задњето пред година и пол, можда две, а денес и официјално Сиксерси, кои го добија само како пополнувач на трејд, објавија дека Мешбурн го разбудил пензионерот у себе.

“I’ve had a long career in the NBA and have enjoyed my experience,” Mashburn said. “I look forward to retirement life. It doesn’t mean I am not going to stay busy, but it’s time to move on and accomplish some of the other goals that I have set for myself. It’s been a great time. I’ve learned a lot, but now it’s time to move on”- вика Џемо.

Иначе, Меш ми беше еден од поомилените играчи у девеести, пред се затоа што беше вон вниманието на медиумите, а ипак беше главна ѕвезда на својата екипа. Кога само ќе ми текне на Трипл Џеј у Далас…проклета да е Тони Брекстон.
Како и да е, Џемо, среќна пензија, си ја заслужи целосно, само е штета што поради повреди мораше прерано да си ставиш крај на кариерата. Ајде у лето, кога ќе нема толку интересни содржини, ќе пишам и еден пост за Меш.

* * * * *

Од вчера Џон и Карл засекогаш пред Делта центарот ќе си ги праваат своите пик енд ролови. Откако лани му ја открија стауата на Сток, у Јута му дојде редот на Мелоун. Еве го и линкот до причата.
Исто како и за Џемо, летово ќе пишеме нешто поошширно за Карл. Освен ако некој од вас не сака уште сега да напише нешто за Поштарот.

* * * * *

Да го претркам Лекиќ, кој ова сигурно на голема врата ќе ви го најави вечер на Индијана-Детроит. Од следната недела, Спорт4 воведува и трет термин за директен пренос во тек на неделата. Денот ќе биде вторник, а еве ја и комплетната програма до крај на сезона. Иначе, ова денес ми го прати Лекиќ у мејл, што значи ипак негова е ексклузивата.

Вторници:
28.03. Детроит - Далас
4.04. Кливленд - Филаделфија
11.04. Чикаго - Њу Џерси
18.04. Филаделфија - Њу Џерси

Петоци:
24.03. Индијана - Детроит (то ест денеска)
31.03. Детроит - Милвоки
07.04. Сан Антонио - Далас
14.04. Индијана - Минесота

Недели:
26.03. Индијана - Филаделфија (то ест задутре)
2.04. Далас - Денвер
9.04. Mилвоки - Њу Џерси
им коначно…
16.04. Лејкерс - Феникс

Знам, знам…Лејкерси само еднаш до крај, односно уопште сезонава кај нас:)

* * * * *

За сите Коби лавери. Брајантчо не би имал ништо против да си ја смени верата…..и да стане…Евреин?!?!?!

* * * * *

Синоќе не ми беше јасно зашто нигде у Мистикси го нема Дариус Мајлс. Онда сабајлево налетав наова. Типот наводно не закаснил на шутараундот, него скроз го пропуштил, односно преспал. Браво, Дариус, затоа и заврши во Портланд.

* * * * *

Малце НЦАА. Синоќа со Фајнал Фор надежите се опростија двете најголеми колеџ ѕвезди-белци. И Џеј-Џеј Рикид со Дјук и Адам Морисон со Гонзага испаднава, а момците имаа сличнии мушки реакции на елиминацијата. Не иде така у НБА дечки.

23 comments March 24th, 2006

Previous Posts


Календар

March 2006
M T W T F S S
« Feb   Apr »
 12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
2728293031  

Архива

Категории